Како сте мешиња? Денес ми е премачно, никогаш не ми било вака. Цел ден ми е многу топло, ни климава не помага. Имам некој склет во себе.
Гладно. Многу гладно, да можам цел ден да јадам. Вчера пренаталните ги испив пред спиење за да не ме тераат на храна, станав у 4 сабајле зашто ми се слоши од глад. И така…
Еј се вклучувам да видам како сте денес вие веќе сте фатиле муабет Јас мислам дека немам воздух исто како @Erika.greeneyes Ај тоа, него бебушкава денес незнам дали два пати мрзливо мрдна или јас од што сакам да мрда па си халуцинирам. Дали и на нив им е топло и жешко па се успорени? Како се кај вас денес? Мене ми е многу чудно да е мирна, обично си го бркам стомаков по стан од што скока и прета
Мојава до пред малку правеше акробации внатре ја удрело и неа топлото у глава па одвај успеав и да ручам од неа. Ама еве сега ја нема мирна е, изгледа спие. Иначе исто обично е многу активна кој ќе трпи вака до пораѓај.
Мешковци кога почнавте да качувате килажа и по колку? Јас многу ослабив од повраќањето во првиот триместар, сега сум 5ти месец ама сепак немам воопшто качено килажа, послаба сум од кога останав бремена и не знам дали е нормално ова. Бебка си е напредува како што треба.
Дали и тебе ти се прави како тврдо топче? Секогаш кога мрда стомаков лево десно како бранови и на таа страна кај што е топче се осеќа на допир само не знам дали му е колено,лакто или нешто друго.
Ее мене така пред 2 дена, цел ден не мрдна. Ме шекна, а не пиев кафе дента затоа сега прво кафе гопожата да се расони па тогаш све остало. Ваљда и они имаат мрзливи денови и све за викенд ми прави стресови.
Главата му е доле на моево. А ова топче горе околу папокот и над него се прави. На претходниот преглед колената му беа тука.
Јас вчера на преглед го прашав докторот дали е нормално да не се многу активни некои денови, рече најнормално, некогаш преку ден спијат, некогаш помрзлив ден. Заприметив дека ноќе е преактивна јас, денски се преместува, понежни се движењата.
Јас и денес со болки, бев брисот последен да го земат ми рече омекнато грло и скратен цервикс 33мм. Болките доаѓале дека бебе притиска мочен меур, а постелката била позади. Препорачано мирување и рече да очекувам за макс. две недели да се пораѓам, иако викаат и отворен може до крај да тераш. Ќе видиме
Главата доле ја осеќам, а кај папокот другото што и да е… сепак мислам г’зот е зашто подугачко време стои така. Ќе ставам рака и се повлекува. Лакти и колена пократко време ги пика.
Жешково веќе не се поднесува. Денес бев во Скопје по извештај за клексаните како живеете јас ви се чудам. Така добро отеков по пат сега лежам со нозе у вис да ми спадни отокот. На муабетот со тврдото топче еве бебе води инает знае кога сум излезена и цело време така се мести, претпоставувам е газот бидеќи последниот преглед главата му беше долу.
Сосема нормално е. Штом бебето си напредува немај гајле згодна трудница . Поздраво е помалку кг да качиш отколку многу килограми. Јас сум 4ти и само едно кг сега за сега. И тоа ми се чини овие денови зашто му се натурив на лебот, а инаку слабо јадам. Од денеска пак леб на минимум.