Јас викам ќе видам кај ќе биде со модринка и ќе знам што вадел надвор Од 24 часа тој е 23 така испрчен. Само го фаќам со ракава да се прибере ама џабе.
Ќути ситно бројам, дома ме караат за секое движење, како паразит се осеќам, а само два дена лежам. Како ја издржувате вие што морате цела бременост во лежење, симнувам капа, нека ме врзе некој најпаметно
Не дека сакам да се здебелам ама сакав да знам што ме очекува понатаму, да не качам наеднаш многу па шок да ме удри
Па мислам дека и при строго мирување се препорачува барем 20минути дневно пешачење. Барем јас кога го имав хематомот така ми рекоа два доктори, дека не е убаво и само да лежам. Пешачењето било добро за пораѓајот.
Леле ја од ова што тебе ти се деси се плашам. Многу ме фаќа паника, цервикс ми ја обележа трудноќава.
Абе јас низ дома се движам, денес и правосмукалка пуштив па ме искараа. Иначе ми рекоа да не излегувам од дома дека сум на втори кат и немам лифт па морам по скали. Вака да сум терала барем една недела до средина на 36 та за да не си направам проблем.
Седи ти дома, тоа пешачење е за да индуцираш породување кај тебе секако тргнало више. Барем тоа нема да се мучиш, остави нека те чуваат сега малку.
Ќути мене ме уби психа, си броев уште 5 недели, сѐ испланирано што како да биде, ама некогаш не е како што ќе си замисли човек, сега си викам синко издржи до 10 ти жити мене
Дренес сум гроги, ме мрзи да се помрднам изедов кило кајсии и праски, многу грашок, нема што не ставив у уста. Носот ми се затна од климата не можам да дишам си купив капки и така сега чекам да залди да идам у парк да се разодам убаво не се седи дома
Секој нареден ден ми е се потешко. На цела мака мали го зимам од градинка во пеколот во 15:00. Денес решил дека мора да игра со најдобрата му другарка после градинка на лулашки, а цел ден се заедно во градинка. Ај таму кај што играат е убава сенка, ама после додека се довлечкавме до дома по сонцето полудев. Тргнав да видиме за сандали во едно локално дуќанче, ама толки ме фати нервоза, го прибрав и правец дома. Он си остана пак без сандали да шета со патики, а јас уште не можам да се оправам. Згора на се ќе полудам со стомаков. Толку ми се дуе попладне, како 5 месец сум. А душава ми бара да си зобнам. Еве сега овошје ми се јаде, а знам дека ако каснам макар и малку ќе се превртам после.
Дали домати и пиперки свежи ги оставате да отстојат во вода со сода бикарбона? И дали само во сода или им ставате и оцет? И каков?
Јас каснам со муабетот, ама ТАКА Е. Мои колешки на патолошка , беа на одмор во Грција со слики на Фб а на патолошка. Колку нефер.
Леле мојава никако да се сврти со глава надоле , значи цело време е во хоризонтала си се превртува и пак така си се мести , матичната ми рече до 36 можело да се сврти , ама јас некако не сум убедена , ќе морам полека да прифаќам дека може и царски да биде на моја голема жалост....
Не се секирај ќе се сврти. Мојот бебуш се сврте некаде 32 недела мислам дека, не сум сигурна.. до тогаш ми беше и ниско и карлично поставено бебето. Не се секирај мами
Се урочам, се фалев дека не се осеќам трудно, од вчера ко да сум 9ти веќе се осеќам. Притисок 60/45, пулс низок, смрт, не се трпи болката у глава. Што год се напијам не помага така да не пијам ништо. Што се тиче поправање ич не сакам што толку рано почнав да се поправам. Морам да се вратам у колосек. Да го заборавам лебот или да го ограничам на кришка со појадок и да продолжам со манијата на Ана од периодот кога слабеев. Да земам плата идам да пазарам здрава храна и доста беше. Си купив еден фустан, ич не ми стои убаво, во рацете ко билдер сум, ќе го враќам утре. А многу убав фустан, мераци, преубав. Мака ми е што ќе го вратам ама не го зимам, знам дека ќе ослабам и ќе го носам ама ова казна нека ми биде. Не сакам да слабеам, таман работа, ама бар да почнев да качувам покасно или да качив килце две а не вака мислам мин 3 ако не и 5 имам качено. Не се осеќам убаво некако.