Вчера и денес ми е мачно, лошо дури. Синоќа па и дијареа и еве ме денес со стомачни тегоби. Овде е спарно, се прави да врне, ама се уште не е. Многу ми е мачно и тешко. Многу.
Само да е се ок, што сака нека е, ама сакам да купам нешто сега од одмор од Грчка па да знам да не трпам беж работи. Нека е оно живо и здраво па ако треба и батко во розево а дада во сино ќе облакам, проблем ли е.
На прв ми кажаа, и јас видов дека е маж. Ама бев 13+ и веќе беше големо, плус сакако одеше покрупно за неделите. Некои дознаваат на втор скрининг. Сега скоро еден маже во 6ти месец излезе дека е женско.
За пред термин ми е. Инаку за со отпусно писмо може да, зашто не може после датум на породување да почнува. Случајов е, да и се јавам денес и да и кажам отвори ми го од пред една недела.
Еве и со вас да ја споделам мојата радост па полека да се префрлам на оваа тема идни мамички, денес дознавме дека ке станеме родители по втор пат, по календар според последен циклус сум 4 недели и 6 дена. Поздрав до сите ❤️
Мене во 16 та недела ми кажаа со сигурност, ако е машко би требало и одма да може да кажат, ама види 12 та недела е рано за гаранција 100%, јас би била скептична до 15-16 недела и не би се ослонила на прво кажување бидејќи може и да се погреши. За купување имаш време секако, подобро не брзај па да ти е криво дека си давала пари или земи нешто неутрално ако ЕПТЕН имаш мерак ☺️
Имате вртоглавици овие дена? Штом легнам на перница цела соба ми се врти. Неколку дена ми е вака. Немам апарат моментално, не знам што да се напијам дали е низок притисок или друго нешто.
Да си се исповедам малку јас, дека ме фати несоница Директен пренос од Чаир. Закажан царски за утре, денот си го поминав тука цтг, па ехо, па цтг, па цтг, па клизма Чудно, додека бев дома имав повеќе трема за се, дека прв пораѓај..а сега како што се ближи време ми е полабаво(ваљда дека не знам на што одам). Се надевам се ќе биде во ред утре ќе ме пораѓа др.Илиевски Зоран. П.с. И цел ден не ми се пиеше ништо, а сега кога веќе не смеам да внесувам ништо ми се плаче за вода
Со лесно да помине се ❤️иста бев во првата бременост, се плашев дури не отидов на пораѓај после едвај чекав да излезе бебето да го видам ❤️❤️
Ми се ближи термин за породување деновиве и се повеќе ме фаќа страв за породувањето, болките. Вака ви е и вас или јас премногу паничам?
Така е секогаш страв од непознато, претпоставувам по прв пат ќе станеш мајка, насочи ги мислите и енергијата кон детето што ќе го донесиш на свет, тоа ќе ти даде сила
Јас сум како тебе, ќе полудам 2 дена со дијареа, бебуш беше карлично на последен преглед ама вчера едвај се движев, болки долу на пубична коска при секое чекорче.