Болка во препони и срамна коска ми ја одбележа цела бременост, буквално умирав од болки, последно време не ме боли толку многу кога движам а кога сум на лева страна легната ваљда бебе притиска и тогаш најмногу ме боли.
Имаше баш дијагноза за тоа, и мене ме боли 3 месеци веќе како раштрафена сум. Докторите нели викаат нормално е истрпи https://www.rcog.org.uk/for-the-pub...s pelvic girdle pain,pubis joint at the front. https://zdravobebe.mk/preporachani-...o-kruzhnite-ligamenti-za-vreme-na-bremenosta/ Едно од овие 2 е обично или па 2те
Јас правев зошто докторот во државна сам ми рече кога бев на втор скрининг да одам после 2-3 недели пак, да го види срцето заради лоша позиција на бебето првиот пат.
Јас правев минатата бременост, ама имаше потреба. Мислам дека се прави само доколку има потреба, и доктор ако те советува да правиш.
Мене ништо не ми спомна а во извештајот напишан совет да се направи. Како се добро. Кога излегов не го ни прочитав. Дури дома видов. Се извинувам што прашувам тебе по која причина те пратија да направиш?
прашај го докторот зошто ти пишал и дали треба да го направиш, ја го направив во 23 та недела мислам, немав индикации, кај Драшко во Систина го правев, искрено не бев нешто импресионирана, 5 мин траеше се на се, сега не би го правела... го направив по препорака на докторката, како добро е се, ама убаво е да се направи, а кога ќе ти кажат така нормално ќе го направиш..
Исто и мене. И препони и дунда и све..ама некогаш ееептен многу ме боли, докторот ми рече ако некогаш ептен многу ме боли смеам парацетамол да пијам, само да е ретко тоа Ама јас со оваа болка сум од 5ти месец.
Немаше ништо сомнително, докторката ми препорача дека е добро и доколку сакам јас се соберува. со другарка исто лекар и ми рече направи си 4300 мислам во Систина как др Драшко
Ооо огромна е разликата. Драшко има приватна ординација и во Прилеп, за викенди прави прегледи јас платив 1000 ден.
Инаку се препорачува задолжително во ковид периодот. Јас го прашав др Драшко зошто се препорачува и ми објасни се, не е дека мора. Според европската комисија ставен е како задолжителен преглед но как нас сеуште не е и поради тоа некои доктори кои преферираат темелно истражување го нудат, е се гледа и на обично ехо. Ама например тука се мери артерија притисок на бебе и се пстанато
Богами огромна е разликата ама океј бешњ прегледот искрено не жалам мн бев распрашувана јас па човекот у небрано беше
Кај мене Димчев забележа дека нешто со срценцето на бебето не е во ред… ме гледаше два пати дента, прошетав за да се намести убаво, јадев благо… сепак негова препорака беше Драшко да види. Дојде со мене да закажам, му објасни на сопругот зашто ме виде потресена, беше и на прегледот со Драшко… Така да сметам дека да имало нешто, сигурно докторот ќе кажел. Може пишал во извештајот само да се направи прегледот, бидејќи нели некои доктори предлагаат да се прави. Ама ако не дај боже имало нешто, сигурно ќе кажел и објаснел. Слободно прашувај што те интересира.