Бета можеш уште денес да испиташ, не мораш да чекап до сабота, башка ќе треба за 48ч да ја провериш пак.
Мислам дека сега веќе е касно може утре сабајле да отидам и после пак да ја повторам, ти благодарам за одговорите миличка ❤️❤️
Девојки како го пиевте антиметилот, колку време пред доручек и ручек е потребно за да делува? 11 недела сум, до сега така терав, ама овие денови не се издржува веќе, сабајле го испив апчето, но за кратко повратив и не помогна ништо. Секое сабајле едно станување од кревет обавезно повраќам два до три пати, после успевам да јадам по малку, ама цело време ми се гади, имам страшни нагони и многу тешко се воздржувам. Ако има нешто друго што ви помага, ве молам споделете.
@Beatris мене воопшто ама воопшто не ми помагаа антиметил. Сепак се на природна база од ѓумбир, не е јак лек за да помогне целосно со мачнините. До 16 недела ми беше така после си помина само.
Јас се боцнав во 6 навечер, ако работи лабораторија не мора да чекаш. Не треба да си гладна или не знам што.
Тука го носиме на контроли или кај Констандина или кај Кацарска. А ако сакаш некој што не од детска, ако детето е над годинка Иван Милев од Жан Митрев го фалат иако ние не сме биле кај него. Инаку операцијата и првите контроли ги правевме во Софија, како што ти кажа и @Rtulka . Таму кај кого и да отидете ако сте во можност нема да згрешите. Ние одевме на почетокот кај Велков, ама човекот е пред пензија и почна многу често да е на боледување. Ама таму сите се стручни и нема да згрешиш ако решиш да го носиш на второ мислење. Ако ти треба ќе ти пратам контакт од координаторката што работи со странци.
Да пиши ми ЛП слободно...ние засега сме добри, проблемот се гледа само на ехо, вака немаме никаков проблем, да не завршевме на Детска клиника за друг проблем, немаше ни да знаеме дека ја имаме дијагнозава
девојки знам дека е рано уште ама да си знам отприлика...што за почеток ми е потребно кога ке се роди бебчо...креветче ,количка,транспортер, седиште кога се купува? Врска неам од ништо
Аха ...фала ти, а колички какви купувате? Кои се подобри? Ги гледам едни во Локо Кроко со транспортер и торба не се многу скапи незнам дали се добри...
Нормално е во 34 слаби менструални болки ако може да ги наречам, повеќе како тежина се, или треба да паничам?
И јас ги имам од време на време и болки во кичма повремено. Не вајда сите што сме таа недела предвреме да не фаќаат болки. Најверојатно е нормално, АМА после сум на контрола па ќе си прашам и ќе ти кажам
Леле и јас исто во кичма. Само многу ептен слаби се болкиве. Па не знам што да мислам, прво ми е и изгубен случај сум. Јас сум утре на контрола. Ама прво денов треба да помине ....
Хахха ден пред преглед бе ако не испаничиме незнам кога. Јас вчера му викам на маж ми јас ако не се породам денес ќе терам до крај. Така една нервоза, болки, топло, оваа дудава не мрда у стомак...се изместив цела
Маж ми само ми вика се ќе биде добро. А јас паники што да ти кажувам. И секогаш исто паничам накрај се тоа нормално било. Ама затоа не се чита се по нетов, според симптомиве на нет породена сум пред неколку часа... На секој преглед сум со некои прашања за матичниов никако да ми завршат моите нејаснотии.
септември знае да засвежи навечер, евентуално за тогаш ќе ти треба. Инаку кратки, опасно е бебе да се прегрее