Имаш во категоријата бебе а темата што се е потребно за новороденче. Има списоци (доста корисни) со потребни работи. Разгледај
Мислам нема потреба од омекнувач само прашок. И јас почнав мислам некаде од 6ти месец да купувам, тогаш купив 2-3 алиштенца повеќе се посветив тогаш да купам количка, креветче, транспортер, плакарче, па ја средувавме детската соба. Дури сега во 9ти месец се изнакупив што ми фалеше од алиштенца, коритце такви работи. Сега се е купено, исперено, испеглано и ја чекам бебка да пристигне.
Мене пак ме примија денес во Чаир, имав лошо цтг, сега во соба кога ми го направија другото беше многу подобро. Докторот дојде го види и се чуди, веќе ни он не знае што е со мене и со бебето хаха. Денес-утре верувам ќе се породам. Да се надеваме. Таму 35та недела некаде на ехо матичната загледа проширено лево бубреже за 11мм, 36та недела во чаир кога почнав, докторот го виде но рече дека е помало, дека е 7мм и дека не е ништо страшно. Јас потоа на секој преглед се утепав прашувајќи за бубрежето а он ме смириваше и велеше дека не е страшно и јас као ок и престанав да прашувам. Денес на ехо запази дека е повеќе проширено и ептен се вознемирив…. Чекам пак да ме види на ехо на подобар апарат горе на патолошка и да ми каже колку точно мм е проширено.
Надоле е со главата од 30та, тогаш прашав а можда е и од порано. Уште е така 32+5 сум, ама ми кажаа дека до 36та може да мења. Инаку ако си со нормална бременост имаш вежби и препораки на youtube што не се нешто напорни за како да се намести бебе со глава надоле.
@Erika.greeneyes сте се размуабетиле тука неможам да си го најдам муабетот Сега се вратив од преглед и фала му на Бога се е супер, бебка си е таман до ден, плацента супер, супер си се храни, протоци потаман, така и нека си продолжи. Е сега прашав за менструални болки и болки во половина ако не се прејаки се нормални, со тоа што кај мене ако се поинтензивни "менструалните" можно е и да е истенчен ѕидот кај што е претходниот царски рез
Епа јас баш заради тие појаки менструални болки бев хоспитализирана во почеток на 7ми месец. Не ми најдоа ништо и само ми пуштаа магнезиум инфузии и пиев утрогестан од кој си искварив желудник.. и примав инекции за зреење и уште едни ама не ми текнува кои беа.
Жени кај се поднесува за паричен надоместок од општината и градот? За Скопје прашувам. И што документи ми се потребни? Матичниот ми даде потврда, изводот знам и не знам што друго треба. И колку пари даваат?
Ние сме на брегот веќе, кај и да е ќе го фатиме 9 месец па најверојатно се и нормални се додека не се прејаки
Нека дојде више тој 9-ти ќе се шекнам. Од што имам превише слободно време анксиозна станав, а што убаво си викав леле последниве месеци ќе уживам у трудноќа. Е психава решила да не биде така.
Со првото немав застанато, бев огромна, не се ни приметував. Едноставно само зборев не сум болна трудна сум. Нипто на памет не ми паѓаше, едноставно немав време. Сега со ова од јануари сум дома, што мерки, што боледување ради да не фатам ковид и од седење дома закачив. Освен тоа на психа сите други болести ги прележав, сама себе се третирам како болна. Улежана до бескрај, од спална до дневна да дојдам и уморна сум се ме боли и само кревам тензии дека нешто не е во ред. Така да целосно те разбирам како ти е. Јас и прошлиот пат и сега буквално се ценкам со докторот порано да ме породи
Мене со првото ко полесно да ми беше некако ама термин ми беше 04.11 тогаш... Сега како киклоп сум и тоа ми е се од топлото сигурна сум. Значи не сум предебела ни па нешто неиздржливо ме боли ама седењето на стол ме убива луѓе. Како на скара да ги имам ставено и да ме бодат истовремено со 1000 игли. Кога ми се кренати на кревет супер ми е. Е јбг ама на работа нема кревет 34+0 денес. Многу помина-малку остана