Фано кога скокна ти недела и пол? Не беше ден ралика со мене, у групата кај due date знам после мене си на 20.8.
Да срц. Така беше бидејќи ме водеа по бебе до кај 26та недела (срценце околу 7+ слушнавме, затоа помалечко го сметаа) Сега веќе одговара на циклус со мерките па ми рекоа така и да се водам. Така и термин ми сменаа 10.08. И матичната и гинекологот кој ќе ме породи го имаат истиот став.
Лелее ве читам тука и гледам баш тогаш кога дте пишеле мене ме фатија такви менструални болки, со болка во кичма си викам леле готово е 1ч не ми минува никако Автоматски се нацртав во болница, ме ставија на цтг, ехо се беше во ред, болките магично ги снема по пат натаму И јас сум 33+3 така што валјда нормално е
Дали за трет скрининг матичните ви даваат упат за гак? Мојата само за прв и втор скрининг. За трет не можела а и немало потреба.
Неее, мене ми се налути зошто за втор сум отишла во Систина а она ми понуди или она да ми го направи или на гак или демек кај сакам и јас си одбрав Систина и после не ми ни кажа за трет скрининг кога треба како што, демек на редовна контрола кај нејзе оп си лапна 2 000 ден е ова вика ти беше третиот скрининг
И мене претходниот матичен што ми беше тој ми ги направи скрининзите, не сум ни знаела дека треба друг да ми ги прави, да знаев ќе отидев кај специјалист….
Девојки од вечерва приметив дека ареолите и на двете гради менуваат боја..ама не потемни туку како жолто кафено...како модрица кога заздравува па добива жолта боја....нормално е?
Исто и јас. Баш истово на маж ми прееска му го реков. Сите ми велат 8ми и 9ти најтешко ти е нормално. Ама да беа сега поладни месеци немаше да ми биде вака тешко не ми е до тоа што влагам во 9ти уште малку, туку ова топлово ме уништи.
Значи незнам за вас, ама мене ме стега од сите страни. Од напред, од позади, воздух неможам да земам. Мерев пристисок ок си е 110 со 70 стандард. На маж ми му викам готово умирам, а он па ме убедува дека бебе притиска. Дали и на вас ви е вака?
Што те стега? Мене алиштата ме стегаат, многу потам и омалаксана сум од жешкото. Ми се иди од кожа да си бегам, градник скоро и да се одвикнав да носам, ставам кога ќе излегувам (тоа ретко) и ме фаќа нервоза од него не знам пак како ќе се навикнам со него. И нај јако од се е што отекувам само во едната нога доколку седам или стојам подолго време.
Мене горе кај ластиков од градникот баш тука не можам здив да земам. А не ми е тесен градникот купив поголеми и од оние скроз најобични. Ама градиве и стомаков веќе составени ми се не можам да дишам
Градник само за надвор, дома никако. Се сум во фустани, со нозе кренати за да не отекувам. Малце да поседам на клупа пред зграда со нозе спуштени знаат да ми отечат. Инаку ме стега кај градите и онака со залет зимам воздух за да се издишам убаво. Дали сум имала некој внатрешен стрес дека денес на преглед па што како ќе кажат незнам ама аман више
На сите ни е така. Јас кои филмови си ги правам само. Читам овде по групи, трудници, кај кои плодот е помал, глава или стомак, само се следат на ехо, следат протоци, постелка. Димери никој не спомнува. Инаку почнав да купувам сега, во 8 ми оти сега се големите попусти во Зара, ХМ, C&A, Окаиди. До 50 посто имаат на летната колекција. Од поголемите работи имам купено количка со кошара и транспортер. Релаксатор зедовме. Сега ми фали душекот, кадичката, кенгур, нови постелнини, уште некое ќебе да земам, бањарка, гардероба. И сето ова планирам да го купам деновиве. Плус да спремам за мене куферот.
Добро ти вели сопругот можно е и бебе да е повисоко, пред еден месец јас не можев да спијам од што немав воздух бидеќи господинот ми беше во дијафрагмата напикан, сега ептен малку подслезе во ребрата А ако си била на преглеф голема е веројатноста да се имаш исплашено што и како ќе биде, секако тоа е внатрешен немир и не си свесна дека го доживуваш.