Хахаха веќе се ми е споено на мене, не се знае што каде почнува каде завршува. И докториве ко ќе ме видат ми викаат голем ти е стомакот
Април кога бев во Мк испитав. Во првата бременост пред 9 години, 2013 год, не испитував ниту еднаш, а во Мк бев. Овде исто, само по индикации и кај ризични категории се проверува. И тоа ако одлучи доктор.
Јас сум зимско дете, родена во Јануари и цел живот се нервирам зошто не ми е роденденот во лето. Убаво ќе му биде на бебето за славење само за тоа стегам заби да издржам.
Да не те разочарувам ама нема да има кој да му дојде на роденден. Сите се по одмори, баби, дедовци... И јас мн сакав во лето, па роденден на отворено па филмови 300 и сега сватив дека ништо од тоа нема да има
Ќе се погоди бар некој се надевам, јас увек немав доволно место да ги поканам сите па нешто слично ќе е
Ништо ќе гледаме на светлата страна, поефтино ќе поминеме Ќерка ми е во септември, најчесто во првите родендени после одмори и во градинка и во школо. Како да ти кажам ама секоја година свадба и правам. Нема дете што не доаѓа.
Е супер, на ова не ни помислив Цел клас, деца на пријателите, братучеди така пак ќе немаме место што оти е лето
Абе јас сум летно бебе, родена вo август. И секогаш ми беше криво зошто не ми е роденденот во текот на школската година да частам на час :
Даааа битно беше тоа.... Главна си, фрц фрц со бомбончињата поминуваш. Ќеф беше стварно. Со ќерка ти блиску ќе ви се родендените, како мене со ќерка ми што ни се
Еее тоа ми беше криво, сите частеа само јас не Да блиску ќе ни бидат. Иако не верувам во хороскоп, ама и таа лав ќе биде како мене
Тие што сте раѓале веќе - колку дена бевте во болница и како ви поминаа деновите? Си мислам многу време е, досадно ќе ми биде, да си понесам некоја книга од овие што ги имам за бебиња или да си спремам некои едукативни видеа. Или ќе бидам уморна, ќе сакам само да одмарам и до ништо нема да ми биде дојдено, па да не се занесувам многу многу со плановиве?