Цело време правам нокти. Не се фарбам бидејќи си ја чувам природната боја, иако сега сакав да направам неколку прамени и да ја осветлам и баш сакав и јас да прашам дали смее да се користи бланш. Инаку сум 18+.
Здраво девојки Се породив и јас, на свет ги донесов моите ќерки Се помина брзо и лесно, царски со спинална, воопшто не беше страшно како што читав и си замислував.. Од срце на сите ви посакувам ваква среќа и вака лесно да си поминете, ме средија за 20 минути, брзо ги извадија и бебињата, постојано бев опуштена и можеби тоа придонесе за убаво да поминам. Ве гушкаме сите
Алал да им е. Многу ми е мило кога вака ве читам дека добро поминало се. Нека се живи и здрави ќерките, а тебе брзо опоравање
Јас инекциите треба да ги примам секако, имам лоша историја предходно, и сега серклаж, ме гледаше вчера на ехо и ми рече дека сега за сега му се чини ситуацијата под контрола и дека можеби попаметно е да ги примам инекциите во 32 недела, зашто ако примам сега во 32 ке треба пак, а дека многу инекции па не се пожелни, и затоа на крај рече терај сега за сега вака, ако приметиш нешто невообичаено прими ги поран, о реагирај со матичната или дојди тука. Секако ке одам за 1 недела кај матилчнатс па ке се консултирам и со неа. Незнам, мене ми е страв од тие инекции многу, мислам дека ради нив го изгубив бебето лани, примив 2 пати по 2 во рок од 7-8 дена,и сега да е до мене не би ги ни примала ама ако мора мора.
Да, јас се шатирав. Само што косата побеле, ама имам разлика во новата што расте, потемна е. Може само во нијансите да имаш проблем заради хормоните.
Јас за првото и нокти и фарбање. За ова не ама не заради штетно што е туку одамна веќе не правам нокти и не се фарбам неповрзано со бременост.
Точно, почнаа да ја даваат за секој случај, снаа ми уште пред 3 години ја прими за секој случај. Искрено од матичната сватив дека без потреба не треба да ја ставам. Тие денови кога бев на преглед објаснив дека имам чести стврднувања и слаби менструални болки. Ми рече два вечери да ставам утрогестан и да појачам магнезиум, доколку ми се смират да не ја ставам без потреба.
@Mateas честитки, да сте здрави и живи! Да прашам, дали има некоја болка во стомакот на допир, исто како модрици што болат? Лево е под реброто исто ко да се имам удрено, а се немам. На тој дел сношти се тегнеше бебето, можно е од тоа да е болката? На едно место не можам да се допрам, а внатрешно немам болка.
Честитки, да сте здрави и живи. Ај вака. Ако почне да се скратува цервикс, како ќе дознаам? Освен притисок надоле тежината да тегне, како ќе знам дека пример се отварам или е ниско ептен? Секако во последниот семестар се нешто боли, навикнав на болка на болка. Не дај боже нешто да ми бидне, нема да знам да појдам на Гак.
Јас осеќам болка доле скроз кај коската и све мислам бебево тргнало да искача Кога бев на преглед докторот ми рече дека бебето е со главчето скроз доле на коската и од тоа боли, а цервикс е супер, 3.8цм не сум почнала да се отварам. Така да болката не значи отварање во секој случај. Болки имав 33та 34та недела и во кичма и напред, слично на менструални, на цтг имав контракции кои беа во ирегуларен интервал. Се си се смири со мирување.