Ти си имаш индикации, ако ти велат да примаш, ќе примаш. Така треба и толку. Јас коментирам за случаи кога велат за секој случај. Кој стрес е тоа за една трудница. И мене патем ми се стега стомакот, два пати ми направија ЦТГ, и јас ги имам истите болки како на Ели, вчера пишував. Притиска со главата бебето. Мене ми е мака од несигурноста на лекарите, стресот кој ти го приредуваат, а нема никаква потреба. Ама они не биле сигурни. Гинеколог ваљда треба да знае дали си пред пораѓај или не, има знаци упм. За првата бременост мене ни скриен шеќер не ми проверија. Зборувам за 2013 год. И тогаш ме пораѓаше постар доктор и сега. Штом ја стави сондата, он веќе знае што се случува.
Здраво Денес не знам што ми е многу сум расеана и не знам кај терам. Бев кај матичниот на преглед и требаше брисеви да ми земат и баш јас кога дојдов на ред падна системот. Па чекав. Се што требаше да прашам ништо не прашав се заборавив. Само за менструалните болки, нормални биле. Е сега ме интересира јас сум 34+4 колку тежеа во таа недела вашите бебиња? матичниов го измери 2160гр рече дека се е во ред со бебе за тие недели, мене некако малку ми дојде ...
@Erika.greeneyes Мислам дека е таман килажата. Плус, минус не е до грам точно. Моето во скоро 31 (30+5) беше некни 1750 грама. Околу 200 грама неделно ставале, ама и тоа не е норма за сите бебиња.
Елии иста сум, се нешто ме боли, особено доле ниско, цело време мислам ми се крати цервикс а некни бев на преглед супер е должината за 29та недела (дури и повеќе ми измери овој пат за разлика од претходниот пред 4 недели). Од прво мн ме плашеа таквите болки ама се навикнав и јас, пијам магнезиум и сум приметила осеќам такви болки повеќе кога подолго време сум на нога. И бебето кога ќе клоцка осеќам пак болка, дека кај мене уште е со нозе надоле. Ама ќе издржиме
Некако на мисла ми остана не знам зошто. Ај кога ќе одам со резултатите од брисевите пак ќе го распрашам.
Јуле јас сум родена 2200. Малото го родив 2700. Исто стално викаше Триводалиев мал е ама зрел е. Така и испадна.
Здраво девојки, на брисевите направени во 13та недела излезе позитивно на кламидија..Дали имате искуство со ова нешто и колку е сериозно? Матичната кажа да се земи уште еднаш брис да не се третира веднаш со лекарства. Фала многу
На клиника ли ги пратија тестирањата? Ако да, јас би ти рекла прво повторно да се тестираш на приватно. Има многу случаи со позитивни на кламидија во бременост, а всушност не се. Не почнувај терапија пред да се осигураш. Инаку ако навистина имаш, мораш да ја третираш, затоа што може да има негативни последици врз плодот.
Не се секирај, верувам дека е грешка. Имаат проблем со реагенсите, не знам. Ама не си единствена. На многу им имаат дадено погрешни резултати, после се трујат со апчиња за без потреба. Убаво ти рекла матичната. Прво понови на приватно, па после ако треба ќе земаш терапија.
Јас три пати правев брисеви баш од оваа причина и уринокултура. На три места различни правев брисеви само на клиника ми искочи позитивна на бактерија во приватните беа чисти. Напрај си приватно да бидеш на чисто.