Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Blue moon

    Blue moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2020
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    271
    Девојки, 29 недела сум од денес и бев на преглед, се исплашив, цервексот скратен на 2.0 цм (мај 3.5цм). Ми препорача строго мирување, само до тоалет дозволено и Утрогестан повторно ми врати во терапија.
    Испаничена сум, дали би можело да се врати големината на цервексот со строго мирување? А многу е рано е да примам инекција за зреење.
     
  2. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.744
    Допаѓања:
    6.716
    Пол:
    Женски
    Мене мк рекоа доктори дека не може да се врати, може само да не се крати понатаму.
     
    На Rtulka и Blue moon им се допаѓа ова.
  3. The_Doctor

    The_Doctor Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    364
    Допаѓања:
    776
    Пол:
    Женски
    Само мирувај, барем за да остане истата димензија. Со мирување може верувај...
    Буквално станувај само за до тоалет, дури ни кога јадеш не седи за да не притиска бебето дополнотелно на цервикс.
     
    На Rtulka и Blue moon им се допаѓа ова.
  4. ^Jasmine^

    ^Jasmine^ Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2019
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Дечки, бебето од 37 недела е 2900 грама, гледано од 4 различни доктори, од кои тројца го мерат како да одговара 36+3/4. Денес сум 38ма и измерено е 2950. Тежината знам дека не можи сосема да се одреди со сигурност, но ме плаши тоа што од 37ма недела се води како 36+. Претходно, беше понапредно за недела. Царски закажан за четврток, ми е страв да не е многу долго време да се чека цела недела. Постелка, плодова и протоци се супер.
     
  5. The_Doctor

    The_Doctor Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    364
    Допаѓања:
    776
    Пол:
    Женски
    И мене еднаш матичната ми измери како да си одговара на неделата, но секогаш до тој ден бебето беше плус 8-9 дена понапред. Одкога и посочив, повторно зема мерки и си беше пак соодветно напред за 8 дена. Сакам да кажам можеби мерките не се земени соодветно.
     
  6. ^Jasmine^

    ^Jasmine^ Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2019
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Ама повеќе доктори ги вадат истите мерки, затоа сум загрижена
     
  7. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.271
    Допаѓања:
    4.938
    Пол:
    Женски
    Мене вчера ми измери 35 мм цервикс а беше предходно 30мм пред 1 месец,а на гак ми измерија 25мм па отидов во Систина ми измери 30 и рече не е страшно ,ова за пред 1 месец зборам,вчера бев и ми измери 35 мм ,јас викам значи зголемено е грлото, и докторот ме искара,ми вика не се фаќај за милиметри,секое мерење е различно,битно дека е добро не гледам влошување од предходен преглед,така да незнам што да мислам.Примам утрогестан сабајле и вечер и пијам Ферона, тие апчиња ги земав на своја рака, овде на форумот ги прочитав и @Jora ми пиша дека и ги препорачале во Ремедика и дека има резултат, ни матичната ги знае ниту во Систина ги знаат сеуште нови се,ама изгледа имаат ефект.Јас лежам претежно ама пак станувам низ дома околу син ми,седам во двор,не кревам тешко и не работам ништо,ама не одам никаде,избегнувам скали само по еднаш во ден се качувам на горниот спрат за спиење и толку.Пијам и магнезиум по 2 пати и други витамини.Мирувај што повеќе и ке биде добро.
     
    На Rtulka и Blue moon им се допаѓа ова.
  8. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    @nikolovskaaa1 Не можам да ти ги прочитам мислењата кога ќе ти кликнам на профилот за да видам што си пишувала претходно.

    Смири се, знам дека ти е страв, сосема те сфаќам. Скроз те сфаќам, но ќе бидете добро :hug:
    Каде ќе се пораѓаш? Која недела си?
     
    На Rtulka, pikachu2, Kate Rina 93 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.342
    Допаѓања:
    259.659
    И син ми е мал, 3050 роден. Баш тогаш ме следеше истиот доктор, не ми спомнуваше за тежината.
    Овде во 34 недела, 1800 измерено. И тоа нема качено грам од 33 до 34.
    Плус стомакот е за 30 плус 4, а главата за 31 плус 4. Вака некако беше, 3 со 3 недели доцни.

    @Erika.greeneyes исто сме, јас сум денес 34 плус 5, затоа ти велам, таман е бебето.
     
    На Rtulka, duffi и Erika.greeneyes им се допаѓа ова.
  10. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    @nikolovskaaa1 Сега видов дека си на патолошка. Ајде со лесно!
    За бубрежето ќе направат ехо кога ќе се роди, ќе се следи.
    Еве го моето има 2 години и 3 месеци, го следиме со редовни контроли, супер си е дечкото.
    Ќе ги правите испитувањата откако ќе се роди, ќе правите како што ќе ве насочат.
     
    На Rtulka, Jana06 и nikolovskaaa1 им се допаѓа ова.
  11. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.525
    Допаѓања:
    38.738
    Пол:
    Женски
    @JuLleE Матичниот баш ми гледаше за првото, колку го родив и како беше во неделите, рече скоро исто се по килажа, така да генетски ќе да е.
    Рече по 200 грама од прилика неделно, до 40 недела исто иди околу 3800 ко синко.
    А и кај тебе исто иди ко првото да е со килажа.
    И тоа не го прашав јас сам си рачунаше :D
    Ова се е од прилика, ко ќе се родат може и врска да нема, некогаш има разлика.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  12. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.342
    Допаѓања:
    259.659
    Генетика е. Јас сум 3100 родена на пример. Мајка ми роди 4 деца, најголемото е 3200.
    Маж ми е роден во 8 ми месец.
    Така да, тоа ќе е.
    Битно да се живи и здрави само.
     
    На Rtulka и kristina.k им се допаѓа ова.
  13. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.525
    Допаѓања:
    38.738
    Пол:
    Женски
    @JuLleE јас и брат ми сме по 4 кила :D
    Така е, само здрави и живи да се. :hug:
     
    На Rtulka и JuLleE им се допаѓа ова.
  14. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.796
    Допаѓања:
    145.359
    Јуле јас примав и клексани, па пак мешето беше назад, главата понапред. Генетика е во прашање, на крај.
     
    На fana и JuLleE им се допаѓа ова.
  15. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.342
    Допаѓања:
    259.659
    А кога се породи, која недела?
    Знам се, и знам дека е така, ама ме јади црвот.
    Знаеш, го мислам, премислувам.
    А се знам, дека нека е мало, битно да е со развој се добро.
     
    На Erika.greeneyes му/ѝ се допаѓа ова.
  16. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.796
    Допаѓања:
    145.359
    38+ . Закажан царски. Триводалиев сакаше порано да го вадат, ама докторот што ме пораѓаше пресече дека е во ред и да седи до полна 38.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  17. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.342
    Допаѓања:
    259.659
    И јас требаше 38 ма, ама не ми закажа докторот, ме остави следна недела да ме види пак на ехо, па ќе каже кога ќе ме породи.
    Тогаш ќе сум 35 плус 6.
    Сега пресметав, а се мислев 37 ќе сум.
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bibi_23

    Bibi_23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2022
    Пораки:
    781
    Допаѓања:
    1.174
    Читам вака и си мислам… преоптеретени сме ептен. Не знам дали е до докторите или до нас, ама еве конкретно со мерките во последни месеци. Само нешто мериме, испитуваме, а на крај и да не ги знаеш тие податоци можда и помирна глава ќе биде зашто секако не можеш да реагираш, дури не ни знаеме дали се стварно тие мерки така.
    Наместо да оставиме природата да си работи, ние уште толку стрес. На крај сите ќе родиме, бебињата кое ќе ослабе кое ќе качи килажа после пороѓај релативно е. Некоја ќе се породи вака, некоја онака.. ама ќе се заврши работата.
    Така да мешиња треба малку да се изрелаксираме, барем тие што сме 32+ и да поуживаме малку уште некоја недела.
     
    На Rtulka, pikachu2, Калатеа и 7 други им се допаѓа ова.
  19. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.913
    Допаѓања:
    142.622
    @JuLleE двете деца ги родив 2600гр во 39та недела. За второто ме преплашија, ме викаа на секои 3 дена да ме прегледуваат на ГАК. и на крај една докторка рече дека битно е да е добар развојот на органите, за растот на е секогаш сигурно ни според мерките. Плус ме виде ниска, ситна ме праша колку сум родена (јас 2500гр , мм 3 кг ). Ми вика па што очекуваат , ти мали деца раѓаш. Апгар имаа 8/9 така беше мислам за двете.
    А и сите доктори викаат дека ехото може да згреши +/- 500гр.

    Исто и за цервикс мерење - одам кај докторката моја, мери 3,5 , за 2 дена одам во Систина мери 4,2 .

    За зголемено бубреже , мислам @nikolovskaaa1 праша. На ехо , во 8ми др. Јорданчо Иванов во Систина ксжа дека десното бубреже му е зголемено (до тогаш ниеден друг доктор не кажа). Спомна дека обично кај машките дечиња се случувало тоа, ама после пораѓај се било нормално.
    Се породив на ГАК и му правеа ехо, др. Тасиќ го гледаше се беше ок.
    Исто испадна и со синчето на другарка ми.
    И , со лесно:hug:
     
    На Rtulka, nikolovskaaa1 и JuLleE им се допаѓа ова.
  20. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.166
    Допаѓања:
    6.843
    Пол:
    Женски
    Ја има некој Трио Актив дарк беж на Чико да ми ја слика? Ја порачав од енци менци ама некако како многу светла крем е не е како на сликата па да споредам дали ја имат згрешено :@