Јас одев кај Котларова и сум презадоволна од докторката во секој поглед. За жал не ме породи зашто добив болки и кога стигнав во болница веќе бев отворена па ме породи др. Јане Стојковски кој беше дежурен и сум презадоволна и од него. Еднаш кога испаничив бев на преглед додека беше дежурен во текот на ноќта Ефремовски и ме прегледа и вагинално, а речиси да не ни осетив. Освен тоа, психолошки препозитивно ми делуваше Ефремовски, така пто мислам дека и он е одличен избор. Другарка беше кај Афродита цела бременост- таа и ја породи и е воодушевена од докторката.
И мене ме немаат гледано никако вагинално од 5 недела почнаа со абдоменално во систина потоа му кажав и на матичниот дека несакам да ме гледа вагинално бидејки ми се пијавува како кафеав исцедок после секое вагинално ехо и пред да останам бремена и докторот прифати и до ден денес и двајцата доктори ме гледаат само абдоменално
Здраво, Минатата недела на ехо видовме плод во матка. Според апликација требаше да е 5 недели и 3 дена. Денес повторно ехо, се гледа зголемен плод меѓутоа засега без срцева акција. Повторно според апликација 6 недели и 3 дена. Нова контрола за една недела. Дали е нормално во овој период да нема сеуште срцева акција? И дали има врска тоа што циклусот ми е подолг односно 30-31 ден, наместо 28 денови како што е пресметано кај гинекологот? Во тој случај точно 6та недела е денес
@Mateas честитки мама, да се живи и здрави убавиците. @Joraa Јас цела бременост ја водев кај Ефремовски, смирен, искусен премногу, одличен доктор. Ме породи Котларова зошто беше на одмор докторот, и за неа морам да кажам дека е одлична докторка, позитивна, резот од раната не ми се познава, операцијата беше супер. Кој и да одбереш нема да се покаеш зошто сите се одлични доктори. Околу облека, јас на бебе долгите му ги облеков се на се 5 - 6 пати, а се роди крај на мај, така да воопшто не се потребни, сега сме постојано по кратки, вие што ќе се породите јули, август, не ни размислувајте на долги, бебињата навистина брзо се прегреваат Ќе ве мавне првата недела стрес да не го настинете, па ќе бдеете над него со тетра пелени, ама ќе се опуштите после тоа.
Како преживувате денес? Јас мислам дека дишам на шкрги Башка главава ме утепа, осеќам ко притисокот да ми е до патос! Пиев кафе, кока кола со лимон ама џабе Незнам како ќе се преживее вечерва стварно
Да е само денес. Секој ден ми е тешко од жешково саклет ме фаќа. Еве и сега ми е жешко како да е сред пладне.
Јас сум при крај 38ма недела сум, ама саклет ми е цело време. Синоќе маж ми вика не е жешко баш е пријатно а јас се препотував изгледа и хормоните играат улога.
Леле незнам како ќе се издржува ова е ненормална жештина, пушти клима исклучи, ќе се изнастинам знам ама не се живее. Кога ќе ми текне дека цел Јули и Август сум
Јас по цели денови сум вода не ми менува ден или ноќ исто се потам, дури срам ми е веќе. Па капак на се последниве денови тешко ми е и здив да земам, тешко ми е дишењево како воздух да немам.
И кај мене не се слушна во 6 недела срцева акција во 7 недела и некој ден слушмавме.. се ке биде во ред рано е кај некој покасно се појавува
Женски извинете на муабетот, ама дали сте имале проѕирен исцедок во мала количина како желе? Баш така можам да го опишам само и скроз проѕирен, без никаква боја. Малку беше на бришење 1 сантим само, ама се плашам да не е чепот. Прерано е обично имам како бел поредок исцедок, прв пат денес вака. Ако е чепот опасно е во 31 недела?
Јас до сега секакви исцедоци имав во теков на бременоста. Де бел де како водичка, жолто зеленкаст и сите барем до сега брисеви чисти и уринокултура. Брисевите од денес во понеделник резултати. Иначе чепот нели треба да биде како поголема количина парче и овде што ставале слики како жолт или кафеав бил а не прозирен. Нека пише некоја поискусна.
Мешиња hello Не сум пишала од одамна, ама се дружам со вас тивко. Гледам се жалите, па викам дај и јас да си олеснам душа Деновиве сум катастрофа. Што од жешко, што од стомак што веќе убаво тежи Сакам да се тешам дека Септември за брзо ќе дојде, ама некако слабо ми иде. Денеска посебно, раце и нозе ме болат, кичмата од лежење партал. Бебе, да е живо и здраво, живец цел на тато. Стомакот ми го тегне натаму наваму, дури непријатно на моменти. А башка тоа што одам да мочам и штом се вратам од тоалет пак ми се моча. Од друга страна, месецов почнавме со шопинг Малце ми руши филм мирувањево и тоа што не можам да се изнашетам ко човек низ продавници, ама за тоа веб страните на бебешките продавници ќе им ги паднам кај и да е И од карго мислам треба број да ми меморират, почнав со онлајн нарачки и не ми изгледа дека за брзо ќе застанам Наредна недела едвај чекам контрола, да видам баш бебево што положба има фатено, мислам дека се има наместено најнезгодно на цел свет. Барем јас така се осеќам, а она можеби си ужива
Грлс хелп...бев у вц ,чистев пошо нема кој ....морам се јас сама ( ми се смачи веќе) и два три пати убаво вдишав Арис Де грас дури се закашлав....сега еве ми се повраќа.....може ли да биде нешто лошо од хемикалиите?
Млеко напиј се и диши воздух на отворено. Маска ставај за чистење друг пат, ама и не мора со јаки средства во бременост. Јас му прскам на мм кај што треба после тој поминува, излегувам одма од вц.
Ако ти се верува 2 недели не ми е исчистено од што нема кој, јас претходниот пат се удира квалитетно и од тогаш реков нека се усмрдиме не чистам дур не му текне. Бришам со Дезентал марамици даска и шоља, истурам само доместос во шоља и со четката рибам набрзина и пуштам вода. Кога се бањам со жешка вода ја проаѓам кадата и шољата. Битно шољата е чиста, другото кога ќе се сети господинот. Едвај дојдов до ова бебе не ризикувам па до таму да е. Јас денес некако добра сум, не ко вчера, се живее некако. Ама еве време за спиење како иде и цела лепам, па по 3 пат ќе мавам туш. Да ви кажам почнав да се туширам само со вода, интима мијам со гел и тоа не на секое, нозе мијам со сапун, друго вода. Па 3 пати дневно ако ставам гел ќе ми падне кожата. И помека некако ја осеќам кожата откако почнав вака.