Јас као божем излегов малце до пред зграда со ќерка ми воздух да ме фати, ама ни воздух ни утур ни бутур. Времево глеам некаде грми светка, вајда и врне мене тука само уште толку ме мава на глава па ми иде да си ја извадам и фрлам од балкон. Ќе се наклукам со витамини за еден саат и ќе се надевам дека ќе спијам до сабајле, па утре нов ден нова мака осеќам
Секој пат кога ќе чистиш, прво носи маска. Второ зошто Арис? Земи Доместос за шолја, Пулирапид за останатото и толку. Евентуално Глос марамици и Дезинтал. Зошто мораш се ти? Подели се со активностите. Сепак ти го носиш бебето.
Е зашо де...зашо шо е до маж ми се е чисто дома , може слободно да р'ѓосаме нему се му е чисто...машка работа
Еве седам надвор абе ни ветре не дувнува буквално ми иди да плачам на цел глас. Си правам муабет со дедо боже и го молам да врни да се изладам малку, ако ме послуша заблагодарете ми се.
Јас му реков ако му е тешко да чисти да си викне чистачка да си плати, вц мора да се исчисти со средства 2 пати неделно, смукам јас и бришам под пошто тоа ми е лесно, другото потешко кај што има наведбување, кревање, качување он тоа или ко што кажав, нека си викне жена за чистење ич нема да му замерам. У спална имам многу наводнување па тоа он, пазарење, мкнење тешки ќеси исто он. Му реков ако му е тешко тоа ј'зк маж што е. Малку викаме, малку се караме, малку трескам врати, малку глумам, ама на крај по мое е скоро се. Едит:Овде заврна, ќе се спие вечер алелуја.
Исто..си подвикнувам често, ама од сега навака нема да го разгалувам толку и да рмбам само јас ко коњ
Хахах да не се изненадам значи ако ме снајде Леле луѓе шала на страна ама бројам денови ко затвореник до пораѓај
Исто. А допрва влагам во 5ти Понекогаш имам грижа на совест што мислам така , као што не ти е ма сеа погодено ,ке имаш бебе имаш се што посакуваш, ама луѓе затвореник е прав збор. Сеа сум му намерена на маж ми...добро сите мажи се Исти? Како бе не сфаќа дека сум трудна па малце од малце да има осет за некои работи? Шо е до него можам и со градежницине да се качам и да поработам троа. Понекогаш можам да го задавам
Не пробувај да го смениш, само плус стрес. Сите средства без хемикалии ми ги купи, Dyson смукалка зашто мислев ко ќе кажам колку пари е ќе рече барем ќе ишмука…ма јок. Сега си смукам, си чистам и иде и вика леле ама лесно ти е погодено. Прозорите купивме профи сет за да ги избрише, ене го стои рок ќе му помине. Да не е смешно ќе е тажно, да не почнам за кујна и готвење да ти раскажувам. Кафето од мене најслатко му било…
Абе има барем со кој да се искараш да се издуваш Ја па да не се жалам од кревет немам мрднато и чисти и пазари и трча на работа по цел ден и на крај ко ќе се пожалам ми вика седи одмарај живот носиш во тебе. Абе да нема со кој на раат да искараш. Јас и во регулар услови не се карам баш (не ми е погоден само за тоа ) Ќерка ми е големка и толку е пресреќна што ќе има сестричка што и она само лета околу мене, така да ми останува сама со себе да си се карам
А јас не можам да се пожалам од мажето мое. Јас сама земам да чистам маж ми одма што правиш седи одмарај јас ќе поминам. Ама мене досадно ми е и тој додека е на работа јас си чистам нешто по малку
Хахахаха елај си на форумов за карање па ти жени сме ќе најдеме нешто. А мојов исто е погоден. За поголем дел од домаќински чистенки е секогаш за, на работа оди, готви и попладне дете шета. Прееска ги избркав двајцата, не можев веќе, ми требаше време за сама. После ми стана досадно, ги барав, ама и се задржаа реално.
Најдов едно средство за вц што воопшто не мириса, со сода бикарбона е нешто и во шолја ставам доместос ама веднаш тријам со четка и пуштам вода. И кај мене нема кој, па ова ми е супер решение. Пиши ако сакаш да ти го сликнам или барај нешто такво поприродно што е