Аиии кажии, големо затишје е. Ќе да има некоја бура Јас од кај мене статус кво, такви карактери сме двете, создадени за мирољубие. Досадна сум јас немам дешавки во тој дел.
Мажи Чисто било бе. Добро Ама не се наведнувај јас ќе исчистам после - нема да исчисти Другиот ден ќе рече дај средства за чистење ама веќе сум исчистила јас. Бебево синоќа цела ноќ не престана да ме клоца и до сега нема престанато ама и боли, како да ме штипи таква болка осеќам. Немам спиено цела ноќ. Жешко пекол! Да престанам со кукање и да пробам да спијам
Имаш проверено д-димери? Можеби лупам нз, првата бременост имав и покачени беа, сега вторава немав таков проблем, д-димери нормални ми беа.
Можеби така се поклопило. Јас со дланки имав проблем и двете бремености, излезе покачен тсх 4, па вториот пат пиев Еутирокс. Може од жешко, хормони... Се на купче.
Маж ми беше поштеден од сите можни активности до минатата недела, сега кога ме ставија во мирување испаничен е цел не ме остава до вц сама да отидам. Чисти, брише, служи… ја мајката, да види како е. Ја денес јадена еднаш и едно кафе у 12 се тоа… чекам да залади после дождов да каснам залак два дур не сум умрела
Ја од маж ми не се жалам од позитивен тест чисти пере пегла моја задача било само on off копче на машините и прроверка дали е океј Не е океј ама не му викам му викам браво фала супер е, после досредувам ама знам дека му е мерак уште да го карам кај ми чисти е јас само готвам и тоа вело време
Од вчера така почна да ме боли стомак, баш како менструални болки. Траеше подугачко време, викам денес ај ќе одмарам да успорам… бебе не престана да удира, турка со секој ден од телото кај стигне не знам више што прави ама боли. Најново ми е што цел ден од време на време осеќам како со нокт да гребе од внатре, такво иритирачко чувство … За болкиве се убедив дека се нормални, нема да паничам.
И јас од мојот не смеам да се пожалам чисти пере е не пегла само тоа што му треба унаку вц купатило чисти за пазарење да не зборам само нарачувам по нешто и за готвење готви ама многу ретко.. е тука морам да ја пофалам свекрвами будејки сум со инв и на почетокот морав да лежам почнаа таа да готви што сакам и ми испраќа и сега и стана навика и постојано го прави тоа а мм кога е на терен таа е одговорна за се перење пеглање готвење чистење а јас одмарам...инаку имам лоша историја и за тоа се внимателни за се
Не го обвинувам јас него,јас сум си крива. Сѐ си средуваше се додека мене не ме лупнаа хормони па да викам дека ништо не ми чини, не исчистил добро, ова не средил, ова зошто вака итн. и човекот крена раце. Паметно си пишале погоре членкиве, викај супер па пречисти што можеш бар нема да се откаже, ја сама си го разгалив кој ми е крив…
Мојот прави се освен готвење. И за првото и сега. Не сум имала до сега проблеми во бременост, ама ме знае колкав паничар сум, полесно му е да фати тој од да ме слуша да офкам после. Некои работи и подобро од мене, со правосмукалка или со чистач на пареа како светнува, јас никогаш не можам така да исчистам и да не сум трудна. Го научив и машина да пушта и насабајле ги спростира на тераса алиштата, таман ко ќе се врати од работа да ги собере.
Маж е принуден се да прави низ дома, бидејќи од почеток сум на мирување. И воглавно послушен е, ме пази и мази Е сега, чистењето и не му е најјака страна, како што кажавте некои и за вашите, се му е чисто. Ама а списнам се фаќа за работа. Плус и мајка ми го жали, па повремено доаѓа да го смени за тоа. Претходно си бевме поделени со обврските низ дома, а сега буквално се е на него. Така да го сфаќам и кога некогаш пуфка додека усисава
Mene Jane stojkoski mi napraj serklaz i stvarno sum mnogu zadovolna od nego ama ne znaev kakov e za poragaj a i se dvouma megu Simonida i Jane sum