Супер си е Јане и за породување. Ако веќе он ти го правел серклажот и ти ја знае состојбата мислам дека немаш потреба да менуваш. Котларова е стварно прекрасна, јас немам никаква забелешка за неа, но има премногу пациенти, па ако ти е специфична ситуацијата а до сега не си била кај неа додека се запознае детално со случајот, до следниот преглед ќе заборави која си и какви се деталите ) Ова си дозволив само да споделам што би направила јас, но одлуката си е секако твоја
Апдејт од мене, вчера ми течеше провокација едно 6 саати и ме фатија болки да, ама од како ми ја изгасија болките магично исчезнаа, не знам зошто хаха. Ми правеа клизма пред малку, сега чекам провокација пак и така. Ако не денес, до утре би требало да биде.
Со лесно мила. Мешиња кречевте дома? Не пушиме и не се грееме на дрва. Со маж ми се натезаме дали да кречиме или не, он е за не. Претопло било, па хемикалии биле да не вдишувам, па за чистење и средување напорно... А мене ми шубе само генералка да правиме.
Ај и јас да си кажам. Не можам да се пожалам од маж ми, што и да речеш ќе го направи. Освен кујната и тоалетот што јас не му давам да ги чисти, затоа што не ги светнува како јас, се друго е оставено на него. Готви, пере, пружа, собира, чисти со правосмукалка, брише под, прозори, оди по продавници, фрла ѓубре, постела менува. Особено овој период е навистина грижлив. Знае колку можам да бидам лоша кога ми е нечисто. Некогаш мрза го фаќа, па морам прво 5-6 пати со убаво, па 7миот да почнам да викам. Всушност ако не може, не се правам херој да докажувам дека јас можам. Или и јас ќе оставам или заедно ќе сработиме. Бебе не дава мама да се мачи, па си го слушам Имаше една случка, маж, жена и бебе во стан под кирија. Време е да си одат. Станот оставен како да паднала бомба. Одговорот беше, абе знаете со бебе, нема време жена ми да исчисти. Таквиот да земеш и со него под да бришеш. Кај носиш бебе, кај после ќе бидеш максимално оптоварена и окупирана со него, уште од тебе и домаќинство и се да зависи, а тој ништо. Не штедам и поштедувам никој. Колку можност и енергија ми дава телото, толку и користам.
И кај нас дома не се пуши, таа активност исклучиво на балкон Се грееме на градско паарно, ама со ковидов немавме 3-4 годони искречено и стварно беше хаос. Искречивме пред недела-две и се исуши за пола ден. Јас не бев дома, ама си докдов приквечер кај 19.00 часот и воопшто не мирисаше. Е сега за чистење си има, ама па малце по малце еве се ставивме во ред
Матичниот ја отвора и секоја контрола запишува внатре податоци. Барем мојот така правеше со првата и сега со втората бременост да се знае како напредува бебе.
Мешиња како стоите со соновите? Сношти сонував како сум го изгубила бебето, па плачење.. абе без сон останав цела ноќ.. прегрдо се чуствувам..Како сте вие?
Мене ми го препорачаа Јане за породување дека бил најдобар таму. Имам закажано прв пат кај него следна недела. Дали некој знае дали доколку пораѓајот е природен дали Јане би дошол или ќе мора тој што е на смена да те пораѓа? Јас не би сакала друг.
Да. Маж ми сам цел стан го исфарба. Бојата не мирисаше воопшто ако тоа ви е мисла и веднаш се исуши. Ама за чистење ми беше навистина многу мачно. Штом заврши со фарбање го исчисти подот од бојата, а другото јас со золва ми завршивме. Многу се изморував морам да признаам, ама мораше да се фарба.
И кречевме ,и паркет стругавме и лакиравме, и чистевме сами со маж ми како луди и сега на раат чекаме бебе
Фала ви, мора да се кречи. Планирам да викнам жена да ми исчисти, па јас после само ако треба некаде после неа да поминам. Како што знам и самиот молер си чисти после него.
Леле ќути изгинав од чешање на стапалата а нема никакво црвенило, некогаш ми иде да ги одерам од клупската масичка во дневна
38-ма недела какви клоцања чувствувате? Зачестени, брзи, силни или послаби? Си стварам паника бидејќи повеќе се како стврднувања и удари во одредено место, не така брзи превртувања како претходно
Тие стврднувања се контракции. Веќе нема место да се врти, само може да клоца и со лакти да те турка.