Не знам за вас, ама ја чувствувам бременоста како да трае и трае и трае. Не можам веќе со болкиве. Од кревет ќе станам, ќе се покајам што сум станала. А и некако едвај чекам да се запознаам со бебуш. Ќе ми фали жонглирањето со моите органи во стомак, ама сепак, сакам да си дојдам на себе. Не ми останува уште многу, но некако споро оди крајот. Си лежам и си мислам како ќе го малтретирам од бацување и гушкање, ќе се шетаме надвор сами или со тато после работа. И така. Си размислувам само.
Да не ме сфатиш погрешно, најдобронамерен совет. Ако немаш доверба во неа, смени ја. За цела бременост ќе ти треба тебе доктор на кој ќе му веруваш, не можеш за се на форум да се консултираш ние не сме доктори. Може да споделиме наше искуство ама сепак само доктор е компетентен за тие работи
Истата, и јас ко Ерика би ти дала совет. Не знам кај се наоѓаш ама побарај доктор во твојата околина.
Пред да останам бремена, на своја рака си направив секакви испитувања, меѓу кои и генетски на МАНУ и Трансфузија. На резултатите од МАНУ излезе дека имам мутации. Поради тоа уште од позитивен тест испитав д-димери и хемостаза и тоа го правам секој месец. Да не направев самоиницијативно испитувања, нити ќе знаев дека имам мутации, нити ќе примав клексани и аспирин, а реално мутациите се многу чести. Така да, сметам дека е добро почесто сите трудници да испитуваат д-димери и хемостаза, затоа што дел можеби имаат мутации без да знаат за истото.
Извини вака ама ти пред некој ден ги караше другите за импулсивни и непроверени муабети, а сега го правиш истото. Каде пишува правило дека треба да се преповтори бета, особено кога има убава бтојка на првата проверка, и нема никакви индикации, како крарење дека мора да се повроти бета. Ниту за првата бременост ниту сега повторував бета, ниту докторот ми сугерирал дека има потреба. Друго е да посочиш дека ако сака да е помирна може да повтори, а друго е да се инсистира дека мора да се повтори. А тоа што докторката не инсистирала да се повтори не ја прави лоша докторка. Се надевам нема да ме сфатиш погрешно, најдобронамерен ми е коментарот
Се согласувам потполно со вас но во мојот град се само 2 кои се пред пензионирање и не се замараат воопшто, сега прашав за добар доктор во Систина
И на сестра ми во Систина после добра бета не и бараа втора. И реков абе прашај убаво грешка е докторот зошто и јас така знаев и рече дека нема потреба доволно е еднаш, дека е се во ред и така и излезе.
Моето искуство со докторка која ми личи на ај фуј иако во приватна ординација, ме натера за се нешто да барам 2 и 3 мислење и секој следен доктор имаше различно мислење од претходниот. Значи ме мрднаа и ,,благодарение,, на тоа цела бременост сум со 300 витамини, апчиња за поддршка, вагиналети, клексани....за кои некои од докторите ме уверуваат дека треба да ги примам за секој случај а некои дека не се потребни. Затоа подобро 1 ама саглам што ќе ти влее доверба и што е најботно ќе ти биде достапен во секое време
Со сите бремености, кога и да сум се јавела дека имам позитивен тест, ми давале термин после неколку недели. Одговорот е нема потреба порано, само стресови ќе си правиш, посебно што на старт нема ниту многу што да се види ниту срценце чука. Се сложувам со нив, се додека нема некакви индикации...трпение треба само, ништо друго.
И јас мислам ке се мрднам од памет веќе не знам што да правам, се консултирам и со матичната и со Маџункова па ќе видиме
И мене не ми побараа втора бета во систина , јас сум со ивф на 13те ден имав бета 1300 , ми закажаа дирекно преглед по една недела
Ако и ја следиш историјата на девојката ќе знаеш зошто реагирам. Јас не и кажувам за лек, и кажувам за нешто што нејзе ќе ја смири зошто е многу исплашена и се изнамачи за оваа бременост. Ако јас како матична и ја знам историјата, а верувам и ја знае зошто проверуваше свашта, ќе сакам да и помогнам. И јас за првото не проверував, немав потреба, ама за ова проверував, и јас се чудев зошто сите проверуваат ама кога ми дојде на глава ми стана јасно. Кога си во неизвесност ќе правиш и ќе се мислиш да не случајно треба уште нешто да провериш.
И јас само една бета правев и тоа зошто за мене беше ново искуство, па да се осигурам 100% дека сум бремена. Некако не сакав само на тестот да оставам. Бетата ми беше 400 и нешто му кажав на матичниот и ми рече ќе дојдеш тогаш и тогаш да видиме гес.сакус сега е рано и така направивме.
Здраво на сите Бремена сум 6+2 (пред тоа еден спонтан во 10 недела) Сабајле почнав да крварам буквално како менструација да имам, ме боцнаа со прогестерон и утрогестан 3*200 да ги пијам Крварењето никако не престанува туку станува обилно, и стомакот ме боли како за време на менструација Не знам веќе шо да правам