И јас се опуштив сега малце повеќе ама кога ќе слушнам срцева реакција ептен ќе се опуштам ❤️ти благодарам за убавите зборови и те гушкам силно
Пробај со Наусолвит капки, на база на ѓумбир, за лошење во бременост ги препорачуваат. А гледам дека има детска варијанта за лошење при патување
Да, во матката е, ама матичната ми рече ако продолжи обилно крварење ќе го исфрли Се уште нема срцева реакција Отприлика мереше околу 4, 82мм
Денес 28+3 сум, сега ги броев извештаите од ехо, досега 23, плус контроли на трансфузиолог, ревматолог, крвни слики мислам цела вечност пројде а и јас ги имам уште цел јули и цел август, ако стигнам до закажан царски тоа би било во првата третина од Септември. Цервикс сите различно мерат дефинитивно, во Систина ми измерија последно 35мм сабајле на болница 29мм битно добро е, серклажот држи.
Се согласувам со @danichap Освен терапијата, единствено може да помогне строго лежење. Ти кажа докторот дека треба да мируваш?
Во Систина мислам дека сите се добри. Јас имам одено кај Палчевски, Бојаџиев и Димчев. Лани царскиот Бојаџиев ми го направи. Оваа бременост ме следат и Бојаџиев и Димчев, двајцата ми ја знаат историјата од лани. Иако и Палчевски е извонреден.
Да ми кажа да мирувам да лежам, но тоа ме плаши шо крварењето не престанува дури е со темна црвена боја и стомакот ме многу боли како за време на менструација, се плашам да не го исфрли
Тоа што стомакот боли како за време на менструација ништо не мора да значи. Мене 4-5 дена ме утепа од болење, па еве бројам ситно. За крварењето е друго. Не знам што совет би ти дала, освен да ти посакам се да биде во ред.
Дали некогаш имате чувство како да ви буричка бебето доле ниско? Ептен осеќам притисок последната недела и се мислам дали е нормално или немој да се отварам
Да, имаше еден период долу беше и имав такво чувство. И онаа болка ко струја во цервиксот. А сега е горе под гради и турка ко да сака да излезе низ стомак, вакво туркање немав со првото.