И моево само турка, некогаш два три удари по ред баш како со лакто да се. Последно време многу често ика, и баш слушам крцкање на коски. Како некогаш струја кога те фаќа кога ќе допреш некој предмет некој чуден звук произлегува. Е таков звук слушам
Не ми ја сфати поентата на муабетот, ама нема врска. Не беше муабетот дали треба да прави или не. Ако некој мисли дека ќе е помирен може секој втор ден да прави бета.
Јас кога имав уринарна инфекција мојот доктор ми имаше кажано само чај од брусница не филтер ( во филтерот има голем процент на хибискус што предизвикува контракции) и увин чај макс. По една чаша на ден или да го избегнувам. За урниарни инфекции ќе си примаш соодветна терапија антибиотик. И ќе си купиш свежа брусница и ќе си вариш секој ден по 2л.
Немој многу увин да пиеш во бременост. Максимум една чаша ама и тоа нема потреба ко има други работи. Земи си брусница и вари, вкусна е така. Чајот од брусница нема ни 5% внатре, се е на хибискус, а и тоа не смее. Или таблети најдобро. Има и на Провен пробиотик со брусница, баш за уринарни проблеми наменет. Уринокултура имаш направено?
Исто, а дали е нормално више не знам. Читам на нет, све е нормално. Читам симптоми пред порѓање, пишани нормалните.
Ти го сфатив и во право си, но во овој случај на женава стварно и треба некој да и помогне бидејќи нема посветен гинеколог. И пак би ја советувала исто, не да ја исплашам, туку да ја советувам. Не е исто како Никако Магнезиум пред срце да слушнеш и Никако утрогестан орално желудникот ќе си го расипеш (притоа без да се прочита дека веќе е отворена). Има разлика. Во овие Никако ситуации ствараш паника кај трудница која веќе се напила или утрогестанот да го стави на отворено грло, и во ситуација кога едвај останала бремена со висок пролактин и нема кој да ја води во бременоста бидејќи докторката не се замара. Бар ја така мислам. А иначе да, можеби требаше поинаку да го кажам, се слагам.
Здраво девојки, прилично нова сум на форумов со профил, ама ве следам многу одамна Сега тука се приклучуваме заедно со бебче големо дури 7 недели имав една неуспешна бременост минатата година, беше во 6 недела, и не стигнавме до срцева акција вчера кога слушнавме срцева акција со сопругот бевме пресреќни ве молам за искуство доколку некој имал грчеви во рана бременост, дали се нормални во оваа фаза? Пијам дабростон од сам почеток, а и вчера кога бевме на ехо, докторката кажа дека се си е во ред. претпоставувам дека ќе поминат, ама ако некој има искуство би ми било полесно да сподели со мене, фала ви
Е сега бидејки и Маџункова ми рече дека немам потреба ништо за пролактинот јас не испитав пролактин пак не знам колку е правилно што така постапив.
Јас би и верувала, што знам. Штом си останала бременост, а мислам дека и она не ја исклучи од старт, мислам дека си на добар пат.