Ако имаш јаки болки би ти рекла да појдеш на дежурен. Или матичната да ти даде упат за еден преглед на државна кај некој специјалист? Јас сум имала крварења.. ама за среќа секогаш без болка.. ама секогаш ме задржувале во болница додека помине крварењето.. Што знам, од мое искуство, не ми е нормално што те пратиле дома, кај крварење па и болки имаш.. Пак ќе ти речам, ако си била само на матичен, остави, оди кај специјалист..
Денес бев на преглед се испопдашав и се е тоа нормално Од крв од нос до стискање на матка, бебуш брљавеше, добар е наместен Се возбудив малку Одушевена сум од Корнелија и нејзиниот пристап секој преглед ти посветува внимание и дава добри совети. Срце на место овие неколку дена после пак филмови ќе си правам ))
Сакам да ве прашам дали е нормално да имам константна менструална болка во половината и стомакот (исто како пред добивање) во период од 1 час? Значи вчера сабајле ме болеше така од 5 до 6 и денес пак од 16-17 ч. Ми помина само без да пијам нешто.
Мене вчера цел ден така ме болеше, на моменти повеќе па помалку. Сабајлево ништо, ми помина И јас ништо освен магнезиум не пиев.
Инаку јас сакам да прашам матичната ми дозволи Оперил капки ама јас денес изгледа претерав ставив три пати ама стварно не можев да дишам и сега си направив филм дека нешто може да му биде на бебе ((( Help
Мене ми рекоа лажни контракции траат долго, немаш потреба од паника штом поминале сами од себе. Мг зимаш?
Јас кога прашав за таквите болки пред некој ден, докторот ми рече се додека не се прејаки е нормално И пак доаѓаме до она од сам почеток ИЗДРЖИ, ЌЕ ПОМИНЕ
И јас така мислам сепак доктор е а и јас се чувствувам супер барем за сега дај боже така да терам до крај ❤️❤️
Очигледно, исто и мене ми се деси завчера. И многу почесто ми се оди во тоалет, а пуштам по две капки. Ќе се издржи до крај, ама пусти страв од предвремено. Како се ближи време, да стигнам до 37-38ма недела и да славам.
Генерално пролактин прави проблем за забременување. Кај тебе веќе има бременост и не би требало да прави проблем. Јас пред претходната временост имав покачен пролактин и пиев бромергон пред бременост и во бременост до 10 недела по шема и ми го прекинаа. Незнам колку ти е покачен и каква ти е историјата?
Како ви надоаѓа нагон за повраќање? Стварно не знам. Толку не се додржува? Јас пример ми се подгадува, како тешко во стомаков, ама не дошло до мера да повратам. Или не ми е толку силно. Инаку како ви е со мирисот? Ми пречат солени мириси, пример од готвено јадење, ама пак ќе речам, туркам јадам. А од печени торти пример со пандишпан, убо ми е, сладок ми е мирисот. Сега од балкон еден мирис на супа солена директно во нос ми дојде. Затворив врата, ми пречеше.
Ооо 2х дневно си ги голтам и пак знае да ме стегне болка Башка сабајлево каков грч ме фати во нога, уште ме боли
Гледај барем навечер да ти е пракса, ама секако веќе телото ти се спрема, се почесто ќе осеќаш болка. Јас трпев се додека не дојде денот кога траеше од 16ч. до 02ам вечерта и тогаш отидов и рекоа отворена си, ама претходно ога поминуваа сами од себе од 33 натаму ми рекоа не биле страшни. Ајде уште малку
По цел ден со нагон сум, еве цели 6 недели, а повраќам редовно наутро, одма после станување од кревет. На ручек готвено не можам да јадам, ми се враќа само назад, мирис секаков тешко поднесувам. Кај тебе ми изгледа дека не е толку стршно, моли се така да ти остане и да не поченеш со повраќање. Кај мене последните денови полошо ми стана, дали од жешково, многу тешко и не се издржува, не би посакала на никоја вака да и биде. Плус редовно главоболка си имам, тоа дополнително прави да е полошо и така.
35+2 и истата вечер ми падна и мукозниот чеп после прегледот и исцедувањето траеше и наредниот ден. Буквално ништо, вежбав, работев сѐ низ дома, си имав енергија и еден ден фатија болки што не поминаа многу долго, бидејќи трпев доста, а матичниот ми беше надвор од Мк. со негова сугестија појдов на дежурен и ми кажаа дека сум отворена. Ќе кажам само дека треба да си го слушаме инстинктот, јас и порано ќе појдев дека знаев дека има нешто бидејќи никогаш до тогаш немав болка, ама си викав ќе речат паничи вака така и лежев и трпев, подобро некогаш будали да не направат отколку да си го мислиме бебуш дали е добар.
Па мачнини се тоа, нагони значи немаш. Јас со првото многу долго имав мачнини ама многу ретко повраќав, со ова директно нагон ми доаѓа, мачнини ретко имам, повраќам без предупредување Со првото мирисите не ми сметаа ама затоа сега... Маж ми не смее парфем дома да прсне, мора прозор отворен цело време, на малиот 5 пати дали му имам сменето пелена и тоа не дозволувам во соба туку директ под туш да се измие, ептен терсене сум