Може ми е глупо прашањето ама ме копка. Дека сум дома на патолошка и претежно лежам на страна, на грб и неможам и ми е страв, и кога сум на страна ако малку се поднаведнам и го потпрам стомакот од креветот одма мрда бебушот како да му смета. Може ли нешто да му направам така зошто и навечер така спиам? Ме става у мисла дека прво појма неам ❤️
Извини што те замарам со прашања ама мисла ме јаде. Има шанси од вежбањето да е и од поголема активност? Ти кажаа што е причината. Многу ми е страв да не испровоцирам од тоа, а вака не се седи. Дури ми се лоши ако не испешачам или повежбам. Ај кардиото со јога ќе го сменам, ама ако треба уште месец дена да не мрднам леле мајко. Прашувам доктор вика ако ти се осеќаш ок, дури и препорачува. Ама пусти страв.
Попладнето бев и кај дежурен доктор и истото ми го кажа таа била терапијата, му кажав дека крварам и имам болки во стомакот, ми рече имало некој хематом и ме прати дома
Јас вака пред некоја вечер, ноќта кај 3 ме фатија вакви болки ама многу слаби беа ми траеја 2 часа може, сум заспала после. Другиот ден ништо. И баш го прашав матичниот ми рече нормални се, тие биле лажни болки.
Пошто си на патолошка а не си во Грчка на море почнуваш да имаш такви мисли дека се нешто му е на бебето Шала на страна. И јас така се умислував дека ако се свртам лево десно а она повеќе мрда дека нешто не и чини ја прашав Афродита ми вика немавезе. Инаку и сега кога одам на цтг ако бебето ми е подзаспано ме вртат на стрна за да почне да мрда. Вероватно сите бебинја реагираат ако се свртиш на страна.
Е така, мачнини имам. Не знаев да ги дефинирам . Мислев ако е без повраќање, не се смета. А така ми е ко мачно во желудник, ко на ждригање ме тера, гасови, и кога гледам храна не се гадам, ама не ми е мерак јадењето. А мириси ми пречат, не ми прават лиги пример. Дефинитивно од жешково ти е потешко. Јади нешто посвежо, пиј вода, освежувај се и одмарај. Ќе помине.
Не ме замараш, од вежбањето не е дефинитивно, моја другарка до 8ми вежбаше во теретана, во 42 ра ја пораѓаа со провокации затоа што не излегуваше бебе немаше намера. Последните две недели скокаше и го качуваше Водно, што не проба, индивидуално е, не ја прекинувај физичката активност доколку немаш индикации. Јас и сега уплатив фитнес ама бебе не дава ☺️
Илјада пати подобро е свежо овошје да си јадеш. Ако ептен сакаш сок, исцеди си сама или оние не се лоши во стаклено шише, не ми текнува сега на фирмата.
Се преработи нешто по дома? Мене од тоа ми се случува, клекни, стани, наведни се, патологија сум со чистењето. Магнезиум ми помага. Ама веќе крај на 8-ми, почеток на 9-ти не треба многу замор, сите ми го кажаа тоа, баш за да не дојде до тоа да се спушти бебето надолу и порано да се отвориме. Уште да си го послушам сопствениот совет
Јас не сум застаната. Ама деновиве не правев ништо повеќе од претходно, затоа ми е чудно, сум била и поактивна од ова. Крај на 8 ми и јас сум.
Епа добро штом ти рекле така. Лежи мирувај тогаш. И јас имав хематом огромен, од 11та недела го имав, го снема некаде кај 20та. Примај терапија и прашај дали можеш да пиеш вит Ц. Мене ми рекоа и тоа да пијам дека го намалувало крварењето. Со лесно
Си се собира едно по друго, не се наведнувај многу, немој да клечиш и многу седење избегавај. Сепак е топло, а и самата тежина на плодот поголема, можеш на крај проблем без проблем да си отвориш.
Тоа е веќе друго, што убаво Од тие погоре што ти ги пратија, евентуално мајка или свеки да ти направат компоти, сега има убаво овошје Јас веќе на мама и ги испив пола