Мене вчера ме касна комарец баш кај е главчето сместено и почнав да плачам да не го има каснато и бебето. Значи не знам. Цел разум преку прозор.
Камо среќа. Вчера провокацијата не успеја баш, не добив болки воопшто. Отворена сум 2/3 цм. Ми ја изгасија инфузијата и докторот рече очекувај болки до вечер. Ми вели ќе биде. Б од болка не добив. Два дена со провокација и не успеја. На бебето не му се излегува. Знаете ли колку жени само испратив во сала??? Кој како дојде после неколку саати право во сала, а јас си чекам болки и се нервирам хаха. Ко чекам сега докторот на визита што ќе правиме да ми каже, нема ваљда толку да форсираат за природно и секој ден да ми даваат провокација и клизма. Кај сака нека сечи само да излезе Абе инат дете, не знам што друго да кажам.
Оф леле.. имав пријателка така не и делуваа провокациите и сепак мораше царски. Мислам дека ќе ти пробааат и вагинално со таблетка да ти омекнат грло (ако не пробале до сега). Ајде денес дај боже да биде Јас со двете инатчиња сум така 40+ Првото 40+8ден го родив Шеткај низ ходник ако ти даваат...
Не ми дадоа таква, инфузија само. Искрено како сака нека биде, ако треба и царски нека биде само да излезе. 40+5 сум денес.
Денес пак провокација. Втор пат како сум хоспитализирана. Претходната недела два дена и оваа недела ова е 4ти ден. Левото бубреже малку ме плаши.. 7ипол цм му е. Прво бил проширен каналот а сега има оток и е дупло поголем. Ќе ме прегледаат сега пак и повторно индукција. До вчера имав нерви ама веќе не, готово ми попуштија.
Дефинитивно... Стварно би инсистирала на царски кога гледаме дека не иде... Да седам на патолошка во Чаир неколку дена и абер да нема бебево да искочи... Браво! Јас знам дека не би можела...
Па Илиевски мислам дека е разбран човек, доктор на место... Кажи му, речи докторе ајде да не се мачиме веќе... Ве молам ако има опција да одиме на царски...
Телевизија ќе викнам јас. На секој портал ќе ги има. Ако е доктор не е Господ. Особено што жената кажува за бубрежето на бебчето и да чека во неизвесност и да го мисли. Срамота и греота. Пробале, не оди. Каква индукција ќе стават денес? Нова? Поинаква од таа од вчера? Не, истата ќе биде. А од неа го знаат резултатот.
@nikolovskaaa1 Прво породување ти е? Се надевам денес ќе си се олесниш. Пробај зборни со доктор, ако веќе не бива да не се мачиш. Затоа е царскиот. А за големината на бебето, рече 4 кила е, што велат, природно?
Ако докторот ти е на смена сега, побарај го и прашај го што понатаму. Доста веќе провокации, клизми... Јас еден ден одвај издржав на патолошка Во Чаир.
Тука е. Дежурен е денес. Ми рече да пробаме уште еднаш со провокација, ако не бива тогаш веќе царски. Јас два-три пати му велам докторе дајте царски он вели подобро си е природно секогаш.