Ама женава од прошлата недела е во стрес дека не беше цтг во ред, па ја враќаа дома, па чекање. и еве сеа пак 4 дена хоспитализирана со провокации а не нема абер за раѓање. Не ми е ова баш нормално, ова е веќе иживљавање. Големо чудо ако е царски. Еве јас сум со прв царски, па поподвижна бев од некои што беа природно. Бев решена дека нема да дозволам да ме бутне во кревет царскиот, туку ќе станувам и. ќе се трудам сама да се движам. Дека боли кујзнае како, не боли. Така да нека не се набива страв дека царски е кујзнае што, туку е баш идеална опција во вакви случаи... Неможам да замислам да лежам на патолошка 4 дена, да се нема абер, да не си го видам поголемото дете толку време, и на крај пак царски да завршам...
Се согласувам. Еве мене долу сеченото ме болеше многу. А ако бев 2,3 цм сечена. 5 дена на гз не можев да седнам. Нема тука веќе страшно, штом сечат нормално боли, ама ќе помине, битно да не се направи голема беља. За раната ќе зарасне.
Не. 5 дена се малтретирање. Да не се лажеме. Баш дека е пораѓај. Трансплантација на органи најсложено нешто трае 12 саати, а пораѓај може Х дена да трае. Ма немој.
Би дала и јас. Ама обележани Известени претходно сител канал 5 и сите интернет портали. Јас ќе завршам работа ама него што го чека ....
Кај најдобриот доктор во Чаир е. Се сомневам дека би ја оставил ако има ризик. Со царски сум и знам како боли. Јас па и на таа среќа што 3 години имам уште последици. Не сум слушнала некоја природно породена да има последици 3 години. Инаку запознаена сум со случајот на членката. Таа нема болки. Седи и чека нешто да се случи. Кај мене траеше една недела. Меко грло. Со тоа што имав неправилни болки и не бев отворена. Дома бев ама почнат беше пораѓајот.
Нема намалени тонови бебето и супер и се цтг-ата затоа и форсираат природно , со бубрежето сега неможе ништо да се преземе и у 7 ми месец да и кажеле ќе чека додека не се породи да му направат ехо на истото, исто како сега што чека
Таа со провокација нема болки. Значи природно нема ни да почнат на поминат термин. Денес каква провокација ќе прими? Нова? Различна од претходните денови? Не, истата ќе е. Само идиот (како докторот во случајот патејќи од его трип) пробува да добие различен резултат повтроувајќи иста работа.
Море што знам, јас се уште му спомнувам на маж ми за Чаир, може ќе го премислам до октомври. Подобро 500 евра во Чаир отколку 2200 во приватна, плус за 3 дена ќе ме пуштат дома.
Како ги издржувате последните недели од бременоста? Цело време се ми се врти во глава дека болки имам во стомаков. Исто ме интересира ако стомакот ти е подоле дали значи полесен пораѓај или нема врска тоа? Кога се гледам во огледало стомаков ми изгледа доле дека ми е, и други ми го рекоа истово.
Жени, таква е постапката, каков царски ако тонови на бебе се во ред, ќе одат до крај со провокации. Не ја плашете дополнително и извинете ама напнавте со она царски па царски. Сестра ми исто прворотка, со проблеми со жолчка, многу време помина на патолошка и не два ами не знам колку дена беше со провокации. Не сакаа овде да слушнат за царски, и се породи природно. Докторите беа во право. Јас знам дека кај нас има голема недоверба во докторите, знам се даваат пари, некои породилишта имаат тарифи, ама да не ја паничеме. Пишувате дека ја следи добар доктор, ваљда знае што прави. А и време е да престанеме да се правеме доктори и да бараме само царски да не пораѓаат. Имам широка карлица, и првото и ова бебе се мали, ама не смеам природно. Еве ја немам таа прилика и ми е жал, оти после природен, покрај бенефитите, одма си на нозе. После царски си треба време, на 3 места те сечат внатре.
Апсолутно неточно. Другарка роди со поминат термин со неколку провокации, пеиродно, таа ситна бебе крупно за неа. Не мешај физика и медицина. 500 ке отидат со доктор и сестри и болничарки. Ке те гледаат како треба. Со царски секаде има спинал.
После царски јас станав за 12ч а сестра ми и 7 дена потоа не можеше на газ да си седне и стануваше со помош. Јас за 5 дена работев се најнормално, после 3 дена во соба сама си пребришував, си средував, се бањав... Нема правила, ама да, треба покроце со правење поголем доктор и од докторите. Јас пари на доктор во државна болница не давам, може да почастам кафе, вино, благо, поише од тоа јок! И тоа да почастам ако заслужат и ако се однесуваат како кон жена која донела бебе на свет, ако се однесуваат како со сестра ми на ГАК нема да видат ни трошки, а ќе добијат и пријава од мене. Планот е Чаир да го фатам со ова бебе.
Баш поради тие работи постои приватно осигурување што покриваат 70% од сумата. Никогаш не би му дала мито на државните доктори бидеќи вистина се платени за тоа, башка они одбрале да работат во државна некој со сила не ги натерал. Подобро би платила на приватна болница а не да ме условуваат дај мито или не те фаќаме.
Да сме на чисто. Даваш пари ако сакаш доктор од дома да дојде да те породи. Бираш конкретен доктор и доаѓа кога ке почнеш да раѓаш.
Па би сакала се да е вклучено Плус сакам апартман Да требаше природно немаше шанси ова да го пишам, ми фуфа без епидурал.
Јас со природно одвај се опоравив. Значи на државно кога раѓаш ќе си дојдеш дома измрцварен бидејќи нема епидурал за да ти ги намали болките. Знаеме дека е така, затоа немојте да ме напаѓате дека ги плашам трудниците. Имам искуство и затоа го пишувам тоа. Имав врска, но џабе, немаше анестезиолог за да добијам епидурал.