Жено, малку смири страсти ти. Ако не сакаш да слушнеш мислење, не прашувај. Мене нема потреба да ме прашуваш, но ти си некогаш дрска, извини вака.
Јас реков дека не ме интересира каков ќе е пораѓајот. Битно да излезе. Ама не е до мене. А сигурно не знам повеќе од докторите, нема да се правам паметна за нешто што не сум учела факултет ниту имам години искуство.
Луѓе ако не даваат царски значи не даваат. Ние ако и викаме рече речи речи пак, нема да се смени ништо. Освен можеби уште побеспомошно да се чувствува жената. На приватно или со врски можеби личните желби би ги сослушале, но жената е таму каде што е и е во нивни раце. Ја следат, и она и бебуш се стабилни. Добра мисла. @nikolovskaaa1 искрено јас би се исклучила од фемина во овој момент, чувај енергија и релаксирај се подобро со читање на некој сајт. Со лесно, бргу ќе се гушкате
Ја напнавте жената царски па царси докторот демек не знае што како. Ај да сте доктори човек да ве разбере, сте учеле за тоа ама вака јас како што немам појма што како, како совет да и давам. @nikolovskaaa1 мислам подобро да не пишуваш во темата уште толку ќе те збунат, слушај докторот што ќе ти каже и без лоши мисли, се надевам дека за брзо ќе се гушкате со бебуш.
Паниката е најлоша Имав една другарка кога се пораѓаше тргна да иде на клиника со царски само зашо се плашеше ,арно ама на клиника изрично кажаа НЕ бидејки немаш потреба...и она од инат замина у Плодност Битола ,мада и таму докторот и рекол нема потреба ама нормално приватно и на крај ја породија. Никој доктор нема да ти каже царски ако нема потреба за тоа....Нормално е да им е посложено бидејки е операција а секоја операција е ризик.
Ептен сте неинформирани како одат работите и со врски частиш и без врски ако сакаш он да дојде од дома да те пораѓа ама никогаш не прифаќа пари пред породување дали ќе е царски или природно не е битно не би да навлегувам у детали.
Imam primer edna drugarka mu plati pred vreme na doktorot demek so vrski I nakraj nego mu se brzase mu zavrsuvase smenata I ja porodi na kraj carski... Ni so provokacija proba ni so nishto.
@Misskirova мене поради паниката нема да ме породат природно никогаш. Едно е страв, друго е да се губиш од паника и пулсот да ти е 200. Секој си е посебен случај, ако ја знаат историјата на пациентката веројатно си знаат докторите.
И ја сум паничар, ама мене ме фака паника и од природно а од царски уште повеќе така да исто ми е...екој е различен точно
Зависи какви ти се врските ама и јас не сакам да навлегувам во детали зашто некоја може да се препознае. Само знам дека многу ми се чудеа зошто не одам да си платам во Чаир. Не сме неинформирани, процедурата и врапчињата ја знаат, само некако нашите инспекциски комисии слабо работат.
При природно мораш да соработуваш, ако паниката е на најјако, трудницата не е во состојба да слуша што и се кажува. При царски не мора да соработува.
Еве да те охрабрам малку, јас 2 цели дена бев со провокации, на почеток на третиот се породив. 1 ден катетер некој за проширување на грло добив и вагиналета. Малку болки имав, до утрото ништо. Следно утро пак вагиналета, пак ништо до пладне, 3 прста се отворив. Попладне во родилна ме пратија, ми го пукнаа водењакот со игла, тоа даде ефект. После полноќ се породив со уште една венска провокација. Не се секирај, сигурно те пратат на цтг, не си играат ако паѓаат тонови одма царски те носат. Со лесно!
@nikolovskaaa1 абе женче ... Јас за тебе можам да бидам што сакаш и дрска и безобразна како сакаш можеш да ме наречеш пошто искрено не ми е ни гајле. Ти се пожали на проблем уште минатата недела. Па после као испадна нема проблем откако сите те советувавме тоа што те советувавме и пиша дека си кај најдобриот доктор и тоа беше тоа. Сега се жалиш на друг проблем. Јас и другите членки ти кажавме како би постапиле, ти не игнорираш и лагано си пишуваш дека ќе примаш нова провокација. Не тролаш ли ти нас?