Ај слушај го докторот. Докторот е професионалец знае што прави. Ако тој вели да се проба со провокација уште еднаш значи има причина зошто така вели. Нас може да ни се гледа претерано, ама кој е доктор ние или тој? Кој те гледа пред себе, кој прати каква ти е бременоста и целокупната состојба, ние или тој? Дури ни трудницата не може да знае подобро од доктор, а не пак еден куп други луѓе. Знам дека ти е мачно и верувам дека за брзо ќе се породиш вака или така. Само царскиот е операција и мој личен став е дека не треба да се дава по желба Издржи ако можеш уште малку, занимавај се со нешто зошто во право е докторот кога вели дека секогаш природно е подобро, а царски само ако мора. И тие проценките, големо било бебето, мало било, е нафрлање на памет. Има членки по 4 и пол кг што родиле природно, има други по 2 и пол кг бебиња не напредувал пораѓајот. Божем така се гледа тоа, 4 кг еее ајде легнувај под нож. Зависи од твојата карлица (не од тоа колку си слаба/дебела), зависи како ќе се отвораш, од многу фактори зависи што ние тука не ги земаме во предвид зошто не сме доктори.
Почнаа болките со оваа провокација, сега сум помирна. Кај и да е ќе биде.. Никој не знае подобро од докторите. А тоа што некои членки велат дека сум трол и што споредуваат туѓи искуства и се чудат на тоа како сум можела да седам на мобилен, не знам што да речам. Јас не сум исплашена, океј сум, мислам само позитивно. Не можам да сум измачена ако немам болки. И не можам да гледам во плафон затоа што треба дете да имам. Добив пред малку болки, не се прејаки ама се издржуваат. Ми олесни кога ги добив, оти видов напредок.
Чиа семе т.е чиа пудинг сте правеле во бременост? Се мислам дали е дозволено толкава количина, 2-3 лажици дневно. За ленено читав дека не смее, а за ова различни информации. Барав некои природни рецепти за констипација. Ќе си пукнам готово, па и хемороидите колкава мака ми прават со крварење сум често. Морам пред царски да се средам некако.
Јас јадам ленено и чиа скоро секој ден со овес и јогурт. Јадев пред бременост и продолжив еве 9ти сум.
Во поголеми количини било поврзано со предвремено раѓање, а за да делува за констипација неколку лажици треба. Од малку не би требало да има нешто.
Мене за констипација ми помага овошје на гладен стомак, киви, праски, цреши, во живот волку овошје не сум изела ко сега во бременоста Туку имате ли добри резултати за железо и крвна слика после пиење на Тотхема? Ми се гади помалку од нив, но ако помагаат ќе се истрпи.
@kristina.k јас си јадам чиа семе со јогурт/ млеко, јаткасти и овесни трици и снегулки. Не ми ни текна дека може не смее. А зашто не би требало?
Женски денеска влегувам во 7ми месец. Не знаете колку се радувам,колку ми олесни. Се надевам дека сега овие 3 месеци без стрес ќе ги терам. Си викам сега да го гурнам 7миов месец, после што сака нека биде. Оваа бременост навистина брзо ми поминува,ама па и ептен стресна ми е.
@MeowMeow и јас повеќе од кг. овошје јадам во денот, кајсии, нектари, зелени сливи не знам колку имам изедено. Не ми помага скоро ништо за жал, цревата ми се тотално мрзливи, а и бебето е горе се ми е во дијафрагма качено. @Freckles. Зошто некои семиња како ленено содржат фитоестрогени, како хормонот естроген, ама сега баш читав во чиа нема. Рецептот што го најдов е со јогурт, овошје и 3 лажици чиа, да не е многу се мислев. Штом е во ред ќе пробам, може ќе има ефект.
Jас пак по неколку пати на ден одам во тоалет. Дури и премногу. Туку жени, се ме боли. Синоќа пак грч во ногата. Приметив кога се движам повеќе, имам болни грчеви. Кога лежам е во ред, ама штом пробам да станам е болно. И движењето ми е ограничено.
@JuLleE блазе тебе, јас на 3-4 дена ми се плаче веќе. За болки имам и јас сегде, сабајле дури и рацете ме болеа. Стомакот ми е ко да ме тепал некој, кај да се фатам боли. За грчевите во нозе гледам што подоцна да се напијам магнезиум, ако се напијам рано обавезно ме фаќа насабајле.
Јас не грч туку болка имам во левава нога кај бутката позади и кај задникот. Кога пешачам баш болно ми е. Матичниот ми рече после пораѓај ќе ти се среди Ако го допрам од нешто пример прееска на поминувања на столица ми се допре и болка осетив. Со рака вака кога го допирам немам болка.
@nikolovskaaa1 малку доцнам, ама поддршка од мене. 10 дена со надминат термин и 3 дена на клиника сум, денеска со 3та доза провокација и ништо не се дешава. Јас дека со претходен царски смеам да примам само пола доза па затоа и оди побавно. Се очекува 5 до 7 дена, ако продолжи се да биде во ред со бебето, оти тоа е приоритет. Вчера во очај почнав да се распрашувам за царски, денеска сабајле еден куп доктори ме поминаа и ми објаснија дека сум на клиника, ме следат, разбираат дека е малку напорно за мене, ама бебето е супер, и дека природно е подобро како за него така и за мене. И само велат трпение. Знам дека се во право, ама мене ме убива психолошкиот момент најмногу оти прв пат сум разделена од ќерка ми и по цел ден си приплачувам. Конечно утре ќе ја видам. И ова што ме дават киселини цела бременост, плус кога одам на цтг ми е многу лошо, значи едвај издржувам од киселините. Другото што мора да биде ќе биде и тоа е тоа. Прочитав дека ти е прво, значи добиваш цела доза провокација и ќе биде побрзо од мене. Диши длабоко, слушај доктор и тоа е тоа. Не се работи за странство спрема Македонија, се работи за одлука која мора да е на докторот, а не личен избор. Тој е доктор, ти си лаик. Толку е едноставно. Другарка во Осло се породи природно без епидурал исто така.
Denes mi e termin I denes i vcera osekjam mnogu bolka kako za dobivanje osekjam deka sekoj moment ke dobijam a otvorena sum 1 prst. Dali toa znaci deka ke pukni vodenjak vo sekoj moment? A na kontrakcii se mirni denes pravev ctg a bolka ko da sekoj moment ke dobijam menstruacija takva bolka
Значи исти маки имаме. Офф.. инаку не ми даваат цела доза, пола ми даваа два пати, денес два саати течеше пополека и ми ја прекинаа, не знам дали ќе ја продолжат пак, ама ми почнаа болките. Со лесно и на тебе мами