Со вакво понашање ја би ја оставила уште 10 дена да се пораѓа, можда памет ќе и дојде. Не ги оправдувам ни оние што царскиот го форсираат како секта да се…
Ај тебе 20 дена да те остават, може? Се читаш ли што пиша за жена која е со провокации, пред пораѓај? Може и она е дрска, и други членки, ама хормони, нервоза, стрес. Не ти личи и ти која си трудна патем, да даваш вакви коментари. Престанетете со коментарите, сепак сте трудници, во ептен осетлив период.
Далеку од тоа дека некој и посака лошо, побара мислење и го дадоа. Не може да очекува да слушне само тоа што неа и одговара. Дрското понашање не е фер, сите сме тука бремени со хормони у вис, никаде немаше навреда да заслужат така. Дај боже што побрзо да се олесни и да пише тука дека тоа беше на нервоза.
Да ми е толку лошо нема да ми текне да седам на форум и да правам паранои и стресови на тие што допрва треба да раѓаат и им е прв пат. Се чита ли она што пишува и што прави, а сите се фативме за фората и ајдеее како миниони некои. Многу членки овдека имаат секакви искуства па ќутат зашто така се прави само паника. И мене ми проработеа и хормоните и нервозата читајќи 6 страни глупи неконструктивни муабети.
Дали можи да се случи да се утне многу во килажа на бебето? Конкретно, имам гестациски дијабет кој последниот месец воопшто не го контролирав, со оглед на тоа дека сум многу ослабена и слабо јадам, значи си дозволував некои "забранети" продукти. Бебето четворица доктори го измерија исто и во гестациска старост и во килажа, ама ме мачи мисла дали има простор да излезе баеги поголемо од измереното?
Може и поголемо и помало да излезе. Имам другарки што им измериле и промаршиле со добри 700-800 грама.
Тоа ме плаши, да не тргнам на крај природно, па да се искомплицира нешто, ако увидат дека е поголемо.
Она ви ствара паника? Не, вие и стварате. Си пиша и? Кога сака ќе пишува, нејзино право. Вие напнавте да бара царски. Патем царскиот ви е врв, многу често на темата се преминува и границата со правејќи се лекари. Пиша, ќе пишуваат и други членки пред пораѓај. Некоја ќе ја чекат до крај, некоја одма ќе оди на царски. Смирете малку топката, секој има право кога сака и што сака да пишува. На крајот, трудни сме, не сме болни и сите ќе се породиме. Помалку паники и филмови правење. Сите, до една ќе бидеме добри.
Мене ми го измерија пред пораѓај околу 3600/700 а наредниот ден родив бебе 3280 gr. Исто ми се случи на преглед после 10 дена да измерат иста тежина како претходниот пат.
Ниту еднаш не и пишав ја за царски, пишав погоре и за тоа што мислам. Се возджував да не пишам 3 дена ама ете успеаа да ме испаничат. Како и да е у реду е, што сакате правете отиде форумов у погрешна насока. Ако секој има право да пишува што сака, не ми реплицирај молим те веќе зашто нема потреба. И мене ме фати нерв од членката и од другите со царскиот, а искрено не планирам дома да ја пренесам нервозата затоа ете тука решив да пишувам што сакам и колку сакам.
И кај мене матичната ми рече дека е понапредно и најверојатно ќе родам покрупно бебе.. Јас и така мислев ако гледаме по тоа дека јас сум 4500кг а мм 4кг. Од пораѓај како што наближува не сум исплашена воопшто, искрено прво ми е па не ни знам што ме чека, дали царски дали природно не ми е битно, да е здраво и живо ми е најбитно. А ќе си признаам на почетокот од тоа ми беше најмногу страв, скоро сите другарки тргнаа природно ги поминаа болките на крај завршија царски, ама сега сваќам дека секоја бременост е своја приказна, дури ни една жена нема два пати ист пораѓај. И се тешам дека јас ќе сум среќниот добитник во цело друштво со лесен природен пораѓај
Јас имав многу лесен природен пороѓај со првото. Го кивнав буквално за два саати. Ама оваа бременост имам некоја анксиозност и сега на сите страни ми оди умот. А сепак имам гестациски дијабет и последниот период не го следев ни шеќерот, не дека многу јадев, ама си велам да не излезе сите го мерат 3 кила, па на крај многу повеќе...
Цела доза е тоа ти ја даваат на два пати. Јас за 24 часа добивам само пола. Уживај ајде ти се гледа крајот. Пишав претходно па отидов на цтг, сеа се вратив, во 10 сум пак. Конечно и кај мене да покаже некои контракции, баш беше мирно деновиве. Од утре имам поголеми шанси веќе нешто да се смени. Па да видиме дал ќе се дешава нешто..
Ова ќе те прашував, убаво што пиша. Те прочитав претходно дека ти дале провокација, си викам зар е можно толку спротивставени мислења ама вака е друго. Ајде до 00 да ти честитаме, со лесно Моето се роди 400гр поголемо од мерките.
Јас немав шеќер, само имав зголемена плодова вода со првото... и го мереа 3500 и никој не увиде дека е 4+, а најмалку па дека е 4400. Го родив природно. Додека за второто па до грам ми погодија, рекоа нема да е више од 3800, 3800 точно се роди Незнам зошто толку утнаа (900г) со првото и тоа неколку доктори и матичната
Значи никако неможат да дојдат свекрвите на ред, па почнува жал да ме фаќа за нив Многу се запоставени, а на волку хормони мислам дека они ни се најидеална мета! Шала на страна, мојава госпожа ме мрдна у стомак. Тоа што не е застаната не е ако нека си мрда, ама ко ќе ми го оптегне стомакот, па тегне тегне мислиш преку папок ќе излета. Освен тоа ја осеќам и навнатре како ми копа буквално, а врв ми е и тоа најмногу ме плаши што ми прави притисок на препони. Не се менструални болки, кичма фала богу не боли, верувам дека е само некој притисок при тегнење а не лажни контракции. Вие што ја терате 35 недела како терате? Јас колку и да сакам уште денес да се породам, се надевам дека ќе издржам барем уште 3 недели додека влезам во побезбедна зона
Јас сум 35+3 и си се понашам како веќе у сигурна зона да сум. Почнав да се движам, не сум на строго мирување. Плус пред 6 дена го измерија бебево 3кг беше, па и тоа ме теши малце.
Мене многу ми се стега стомакот, и се жалам на мајка ми и она стално ме прашува дали ме боли кичмата и дали болките се менструални. Три породи има, и се памте. Кај мене почнаа болките првиот пат, ама јас не се сеќавам баш, освен на прстите што ми ги бутна докторот. Искрено знам мала ќе е, ама нема да се бунам да ме породат и побрзо. Сериозно, не ме тепајте 35 сум и јас.
И мене ме боли и кичма и стомак повремено, потоа болките се губат... Ваљда нормално е во овој период од бременост да ги осеќаме тие припремни контракции на матката.