Нели лажните не беа страшни? Немој и ти да ме плашиш сега. Све што пиша плус пак ми почна исцедок, нормален ама го немав некој период и а осетам тече трчам да проверам чеп да не е. Ме сече стомак доле обично кога се активни тие мускули, кичма од како знам за себе боли, у четврток сум дури на контрола со список кај докторот. Решив да лежам повеќе, ама ме удри на психа… на нигде не си.
Хахах абе уживај не се страшни лажните Башка кај мене не ме сече ко менструални болки туку баш ко да бутка со ноџињата. Јас сум во среда на цтг некако рано 34+6 ќе бидам ама па барем нек ме следат 1 неделно
Како што ми објаснија, за нас со претходен царски има само 2 методи. Мене ме чекаат цервиксот да ми мрдне од мртва точка за продолжиме со втората метода. Сабајле имав претерано болен преглед со прсти и искрено очекувам утре да сум отворена бар 2-3 цм и конечно да смениме метода и да се породам. Ако тој фингринг сабајле не ме отвори, провокацииве се гола вода. Фала ти Па со лесно на сите.
Јас пред 10 год родив, освен на тоа што ми пукна водењак ништо друго не се сеќавам...аха и болките што ги јадев во болница, ама на нешто пред тоа лажни,вакви такви ништо е памтам. Алал да им е на наишиве мајки што памтат се
Епа не знам колку карлицата моја би дозволила голем плод. Се надевам дека не грешат, ама не се знае никогаш... За првото матичниот до грам погоди.
Од серијалот "сериозни прашања" Пеглав и ме фати струја од чаршавчето, она електрицитет. Има гајле нешто по плодот?
Твоето си е реално таман за гестациска недела... Тогаш е зачнато ваљда, а моето а понапред од сам старт...
Ама јас не знам како беа менструални болки, еднаш или два пати сум ги имала само. И сега не памтам. И тоа ме плаши. И еве како поминуваат неделите се некои симптоми. Може и од мислење ми се. Денес пак како да ме боли цел стомак. Исто чудно ми е што овие неколку дена одам почесто во вц по голема нужда, немам дијареа ама ете имам потреба. А некаде прочитав дека ако имаш потреба за тоалет почесто дека за брзо следувал пораѓајот и толку ми требаше Затоа најубаво би ми било ништо да не читам и да се опуштам
Обично кога ќе те примат, нели прво ехо цтг па вагинален преглед и ако на ехо измерат големо бебе а по проценка од око твојата карлица им личи мала за тоа бебе, ќе ти измерат. Ако не се сомневаат тогаш нема да измерат туку ќе си се породиш природно.
На пораѓај, како железо едно долго е и мерат од карлична коска до карлична коска растојание. Мене ми мереа во Чаир.
Ај сеа јас со дијареа денес Изгледа стварно многу читаме Најубаво да си се префрлиме во тема што се ни треба за новороденче може поопуштени ќе бидеме