На ехо што ти викаат? Мене иако ми беше доле многу стомакот, бебе си беше над карлична коска и цервиксот ми беше океј.
Не можам да ја потврдам теоријата со мрзливите сперматозоиди, јас сум со ивф. Ама за оваа другава со срцебиењето баш ќе видиме како ќе Инаку јас сум породена со првото 36+5 и ниту еден доктор не спомна прематурче. Ниту инкубатор, ниту кислород ништо не примаше. Цицаше од втор ден и напредуваше без проблем. Сите апликации викаат дека 36 полни е 9 месец.
Mene uste od 8 mesec pocetok mi se zavrti so glavceto nadolu a vekje 38ma nedela se spusti stomakot nadolu i eve 40ta sum nejki da izlezi uste
Ама еве мене термин ми е 6.8, на породилно сум од 9.7, 28 дена пред термин. Како ако е предвремено и е во 8 ми месец, јас би отишла на породилно? Ќе си го прашам јас докторот.
Ќе тераш не се грижи, може и инат да го фати па 40+ да затера Прашај си за мирна глава наредна контрола, нека ти измери цервикс
Јас од 28ма недела го прашав како е застанато од тогаш беше со главчето надолу и после секој нареден преглед така си беше. Претходно не сум прашувала.
Па ако дојде до предвремено породување, без разлика на терминот, сепак породилното се отвара денот кога ќе се породиш.
Мене ми рече докторот стискај до 37 ма за да бидеме сигурни дека сѐ е во ред така што верувам си знаат како треба ☺️
Во Мкд породилно можеш да отвориш најрано 45дена пред терминот, нема врска со 9ти месец. Без стресови сега, гали меше и докторот најдобро знае кога да договорите царски според целата ситуација.
Мене ова цела бременост ми нема логика. 36+ си уште 36 кога ќе пишува напред 7 тогаш си 37. Инаку значи во 39+1 си 40? тогаш зошто за термин не го рачунаат тој ден туку кога ќе бидеш 40та рамно.
37+0 и сѐ над тоа се термински бебиња, сите бебиња пред 37+0 се предвремено родени. Зависно од плодот може да биде(не мора) во инкубатор и 37+2 зависно развојот, а може и 36+5, индивидуално е од бебе до бебе и бременост до бременост