Затоа што во 39+1 влегуваш во 40та недела, а не си полни 40 недели. Никој, ама буквално ниту еден доктор не го водеше како прематурче. А верувај првите 5 месеци многу доктори го видоа заради тоа што беше со вродена срцева аномалија. Носен и на кардиолог, ендокринолог, невролог и ред други доктори и тука и во странство.
Да се надоврзам, 9ти месец - 36+0 велат дека си во сигурна зона бидејќи е комплетиран развојот на белите дробови (со исклучок на мајки на близначиња и останати кои по препорака порано примиле инекција за зреење) Во периодот од 36+0 па нагоре се смета дека основите биолошки функции на телото на роденото бебе се овозможени и непопречени и дека истото ќе може самостојно без пречки во развојот или аномалии предизвикани од кислороден дефицит да функционира.
Мене вака ми смета овде докторот и породилното и паталошката ми ја сметаа вака. Од 36 недела сум на породилно, од Фонд ми ја прекинаа паталошката оти имам 28 дена до термин.
Не би можела да коментирам здравствени стандарди, биохемичар сум и ова вака ми е учено по предмет Клиничка Биохемија На крајот на денот искрено сакам да родам здраво бебе, како сакаат нека го рачунаат, јас сум 36+2 ми рекоа да се обидам да го поносам барем уште една недела ☺️
Епа и мене така за патолошката кога сум 36+0, а не 35+1. И во сите извештаи кога пишувале така рачунале.
Na 36+0 si polni 35 a 36ta e prazna treba da ja napolnis so 7 denovi 4 nedeli od 36 do 40 toa se 28 denovi pred termin
Јас па ич немам врска со ова, ама логика да. И мене ме пратија тогаш од прво цтг со контракции над 100 (кои јас не ги осеќав) и 1 цм отворена дома на строго мирување за да избуткам бар уште една недела. За жал јас само што стигнав дома и легнав ми пукна водењак. Се надевам дека ти ќе избуткаш до полна 37 за да си пораат.
Ајде вака 1ден од циклус, 2 ден од циклус тече прва недела.... 7 ден од циклус полна прва недела се влегува во втора недела.
Ме натеравте и јас да се мерам 118см мерено кај папок 32недела Туку како сте со лажни контракции? Денес втор ден како ме боли стомак и ми се грчи. Ама болка болка ни од магнезиум не ми се смирува ( само во лежење) гледам секоја прилика да лежам ама тешко покрај синко Бебе активно Со претходната бременост вака ме фатија контракции на 1мин и болки.. Ама сеа не се на ист интервал - ќе видиме утре што ќе кажи чичко доктор
Ама нели влезена си во 40та со 39+, само ја немаш исполнета со сите дена? И мене ме буни тоа, ама така е.
Ја не ни тупам мозок да ти кажам, кога и да излезе само нека ми е живо и здраво. Има случаи кога во 39 та бебе има повеќе компликации од некое во 8ми месец родено. Сѐ ова со неделиве кој како сака нека брои, се трудам да бидам послушна и да си го издржам крајот на оваа бременост како што налагаат оние кои учеле за тоа ☺️