35+4 знае да ме подболи вака последниве 3 недели , али денес некако појако боли и трае цел ден. Лажни контракции иам од 33та :/
Јас сум 32недела веќе втор ден имам вака како тебе.. И многу на често ми се пример: 18:02мин 18:14мин 18:29мин 18:57мин 19:13мин.... и траат по неколку секунди (30,47сек) стврднување со болка.. Утре ќе одам да ме видат на ехо
И мене тоа ми е план, само да ја поминеме ноќва ако може некако чудно ме боли... ќе почекам уште малце зашто и предходно знаело да боли слично вака, се на се вкупно 3часа и да си исчезне, и коа сум идела на преглед после некој ден... само по некоја контракција на цтг се фаќало.
Сестра ми се породи 35+3 и се смета предвремено. Тогаш и рекоа дека од 37+ е терминско, и да се породеше 1 недела покасно па ќе го сметале предвремено. А за инкубатор нема врска толку неделата, колку што е битно колку е развиено бебето. Внук ми не беше во инкубатор воопшто, а цимерката нејзина породена во 37+5 детето беше во инкубатор 2 дена
Се породив и јас. Со многу чекање, неизвесност и тешки болки, успеав природно и сум презадоволна. Бебушот се роди денес во 18:17, 3860гр и 52цм. Машко Третата провокација успеја и ме фатија ептен болки и почнав да се отварам од вчера попладне, дојдовме до 10 цм денес со тешки маки, и 2 саати давање нап на бокс, 2 конци, но се исплатеше. Не ме пораѓаше Др.Илиевски оти го испуштив на смена, човекот беше дежурен 24 саати и си отиде, па ме пораѓаше Др. Арта од која сум презадоволна! И уште неколку сестри и доктор на кои име не им знам, но беа прекрасни со мене. Родилната сала е преубава, ко на приватна да си. Едно прекрасно искуство.
Честитки, нека е живо и здраво @Yowannty честитки и на тебе, живо, здраво Лесно опоравување и на двете и побрзо гушкање дома!
@The_Doctor И јас деновиве си имам болки у стомак или ептен ниско или малку под папок. Ама мене не како вас на неколку секунди. Туку константно си траат пример во одреден ден од денот а немам ни стврднување. Еве сега немам пример. Баш сакав на матичниот утре да му речам да ме види на ехо ама мислам дека нормални се моиве болки. Чим не се јаки.
Од кога пишав тука значи негде кај 9, се истуширав, легнав и ми се изгубија болките и не ми се јавија пак
Јас такви болки имам веке 3 недели. Кога ке променам позиција на спиење или ке се истуширам поминуваат и никако да дојдат вистинските болки а вчера ми беше терминот..