Ве чувал св.Наум и татко ти од небото Во Македонија на толку мала разлика мислам дека не ни пробуваат природно, сакав да те прашам ама ај викам да не се правам најпаметна. Ризик е, сепак е рана, сепак е напон а машала и бебе големо си родила. Нејсе, се заврши среќно и сега можеш да уживаш. Најчесто тие што еднаш раѓаат царски по желба и следниот пат одат по желба. Од мојот царски ќе се поминати 6г и 9м, мислам дека сосема доволно за да пробам природно, ама ќе видиме. После искуството што го има пишано Николовска скоро па 99,99 сум сигурна дека ќе раѓам во Чаир. А дали царски или природно ќе видиме. Нека е жив и здрав и твојот и на Николовска, се родиле на прекрасен ден, да ви го разубават животот.
Земав упат јас за Д димери само ќе ве прашував дали некоја била пред терминот? Имам во 13h ама кој ќе оди во најтоплото
Тешко дека ќе те примат пред термин ама сепак биди порано таму и замоли ги ако може да те примат, само немој да доцниш затоа што ќе се изначекаш.
Јас имам денес во 11 и 30 , исто се мислам да излезам од работа порано да отидам , неколку пати до сега ме примиле , ама зависи како се расположени
Ти ги побарав мислењата да видам дали некаде си го опишала пораѓајот и ме наежи, ме расплака. Криво ми е што не успеа знам колку сакаше, од друга страна многу се радувам што сте добри тоа е најважно. Докторите ти рекоа дека нема трето дете или сега се осеќаш така? Најдобро и јас да си седам мадро.
Нашата влада е напикана во анусот на бугарите моментално и ич не му е гајле за друго ништо за трудниците најмалку
Јас на работа замолив да ме пуштаат порано и шефот ми рече не се сеќирај имаш од мене дозвола, ништо не треба да прашуваш и да даваш барања. На крај се зависи од претпоставените.
Честитки до новите мами Јас бев на ехо цервикс 4.9см За секој случај примив инексии за зреење и прогестерон депо + дабростон 3х2. Строго лежење и то е
Јас еднаш им задоцнив половина час, ама ме примија без проблем. Другиве до минута чекаа. Гледа на упатот трудница, не се луди да гњават по жешково
Јас земав со дијагноза тромбофилија, матичната ми рече не можела да ми даде со шифра за бременост. Не можев да се убедувам, го земав, битно ми е денеска да завршам. Ама имам стомак
Џабе имаш стомак и јас исто му реков на тој на шалтер, ама ми вика тука друго пишува Битно да завршиш, нашето здравство е такво...никакво
Кај мене е второво помирно од првото. До скоро исто така неколку пати само во денот ќе го осетев, сега сум 31 недела и го чуствувам почесто ама сепак движењата се нежни, не се како удари, само бранови прави стомакот. Првото многу беше активно кога и да ставиш рака на стомак мораше да ме шутне Разговарав за ова со матичната го гледаше на ехо ми кажа дека има убави правилни движење, само што се по нежни, еве вика сега си мрда а јас не осеќав ништо. Вика како што има по активни и помирни деца, така е и со бебињата во меше, некои се активни многу некои се по мрзливи
Зависи кој е на смена. Ама најверојатно ке те пуштат ако ги замолиш. Еднаш додека чекав резултати, кога ме виде еден од докторите или лаборант беше, ги направи партал што чекам. Кажа трудници први одат по секоја цена. Ама ми се случило и да пушаат стари лица пред мене, од по 80+ едвај стојат. Од секаде што одев тука беа најфер.
Dali po zakon mi sleduva da si odam porano od rabota? Barem Eden saat ? I'll da zboram so nadlezni? Radi zeskovo prasuvam