лелел баш ми е мн мило, искрено ме расплака и мене од срека, мило мие што се е во ред, и повторно ке се дружиме тука а за тоа дека здравството, т,е одредени доктори ништо не разбираат и јас го осетив на своја кожа, ама ете има и некои кои со задоволство и знаење ја работат својата работа... уште еднаш ти посакувам лесна бременост
Сењорита ломбарди немаш претстава колку ме израдува со оваа вест , а такви доктори незнам како ги вработуваат треба лиценцата за работа да им ја земат под итно.Ама ова е Македонија и се е можно и ќораво и сакато се вработува и таму каде што работата не дозволува грешки.
леле душичка не ми се верува колку се неспособни тие наши доктори, но и не треба да ме чуди кога сите добиваат дипломи со врски и кога све ни е до косќи корумпирано... не мисли веќе на тоа фала богу тоа е позади тебе сега опушти се и уживај во бременоста многу сум среќна што ќе продолжиме да се дружиме
senjorita.lombardi баш ми е драго што сте добри и ти и бебенцето. Многу се израдував и и за двајцата. Бидете ми здрави, среќни и весели. П.С. не сум бремена, ама сите редовно ве следам во оваа тема многу научив од вас да знаете, можеби и ќе ми притребаат овие совети кога ќе дојде моето време
Што коса изгубив тоа некое чудо срекаа густа коса имав не се приметува многу На секое миење коса вадев куп куп коса Ама гледам не е веке толку како порано .... На моја срека Сењорита ломбарди незнаеш колку ме израдува ....Посакувам се се најубаво , здрави живи
Сењорита Ломбарди знам дека не е момент ,но доколку имаш било каков документ ,а и имаш сила тужи ја докторката или пријави ја во лекарска комора.Направи го тоа заради твојот претрпен стрес,заради можноста која ја доби твоето бебенце,а и за сите идни мајки кои би и паднале во раце.Според мене лошо е ваквите работи секогаш да се преќутуваат. Секоја чест за докторот кој се расплакал од среќа и кој му поверувал на твојот мајчински инстинкт.Ретки се таквите,а ти си имала среќа.Баш сум љубопитна кој е тој доктор Ти посакувам мирна и лесна бременост
Леле значи што уште нема да слушнеме од неискусни, ннеписмени,глупави и ен знам како веќе да ги именувам тие доктори Па бива ли таков стрес да се набие кај идна мајка,која на секој преглед е возбудена да си го види срценцето кое и расте во стомакот, навистина таквите заслужуваат казна од Бога, а ти миличка сењорита.ломбарди немој ни да се двоумиш дали да ја тужиш, сместа треба да се избрка од работа, такви неискусни како неа не заслужуваат да имаат место во медицината Ептен се израдував сега, навистина, го читам текстот и морници ми лазат по телото, синоќа кога ја прочитав неубавата вест не знаев со вакви зборови би те утешила, ама сега не можев да се воздржам да ја искажам мојата среќа за твојата среќа Многу многу ме израдува, бидете живи и здрави и без нервози од сега натаму,л само убави моменти да ве следат во животот Те гушкам миличка
лелее ломбарди една тужба да и опнеш ич да не и се чудиш па и ја криешне бре срце именувај ја сите да ја запомнат и да знаат сто докторка е таа а за тужба обавезно јас сум пишман што не тужев двајца гинеколози
senjorita.lombardi, миличка, колку не израдува. Навистина ми е драго што бебушката е ок. Вчера плачки за постот, денеска пак за овој весел пост уште повеќе плачки- од срека. Господ еј....А за докторката само најлоши зборови. Не го оставај ова вака. Сигурно имаш некој наод, некој мед. извештај од неа- собери сила и тужи ја, пријави ја во лекарската комора, разгласи за ова.. Па како таа овца на вас ви го загорчила животот направи и го и ти неа истото , направи и го пекол животот. Аууууу раце ми се тресат дур го пишувам ова, кај од срека кај од лутина..
фала ви многу на сите на прекрасните желби, јас и бебето сме во ред, тој си мрда ли мрда а тука го умреа.. Среќа што го прегледа уште еден доктор, инаку тој е веке големо бебе околу 800 грама и неможеше да се изведе класичен абортус, требаше да го родам, а јас не сакав да го гледам тоа оти породувањето ми беше замислено во 9ти месец и одкако ке се измачам да си го земам бебето, а не сега да го родам и да го однесат мртов да не го ни видам за тоа се одлучив за целосна анастезија и царски да го извададат додека не сум будна. Замислете бев облечена дирекно за во сала уште анастезијата што не ми беше ставена. Мајка ми беше најсмешна, сите тажни плачеме и наеднаш докторот кажува дека бебето е живо и мајка ми му скокна тоа може беше инстиктивно и во тој момент не осетливо амасега кога ни текна што му направи на човекот срамота. Инаку не планирам да тужам никој, сепак Господ се потруди моето бебе да остане со мене, немате појма колку овој настан не стреси сите и мажулето мое најмило од кога дозна дека е се во ред неможеше да се одлепи од мене ме гушкаше и мене и стомакот мој му зборуваше на бебето. Битно се заврши, а докторката нека и стои на совеста од тоа поголема казна нема. Лека ноќ на сите галете си ги мешињата и спиете слатко
senjorita.lombardi, многу ми е мило за тебе, синоќа кога го прочитав постот ми падна многу жал за тебе, но сега ми мило што сите не израдува. Ти посакувам многу среќа и се најдобро. Поздрав .
Сењорита ломбарди те читав и вчера ама не собрав храброст да пишам, мислам дека немаше зборови со кои можев да пишам дека ми е жал, ама сега ти праќам две гушки една за тебе, затоа што си силна и храбра и една за малиот затоа што е прав херој, не се дал така лесно Е вакви работи ми го прават животот среќен Браво за вас двајца, браво
Бог да ве дочува и со лес да ти помине како песна понатака бременоста.Само храбро, смирено. А на доктортака кај и биле очите.Не еднаш, сто и еднаш се проверува, туку остави се зад себе, само силно и не навраќај се на тој настан и комотно да си го порачаш назад креветчето. Те гушкаме и ти ја праќаме сета среќа сите феминки
Сењорита и јас се приклучувам кон желбите за среќа и само убави моменти да ве пратат цел живот, а од бебушот само радости да си имаш понатаму. За докторката и тоа како се согласувам со Ева11 да ја тужиш, зошто верувај на такви луѓе никогаш ништо нема да им стои на совест. Само Бог знае колку пати до сега така направила , а и уште колку луѓе ќе потресе, ненормални едни. Така ни е тоа кога денес секој еден може да биде лекар, за срамота. Бог да е со вас , уживај во бременоста , заслужи
Јас да ви се пофалам го наместивме креветчето, го послав и сега ми е чудно дека е празно Ајде со Господ напред , наскоро ќе ни се наполни
Меу јас уште немам ништо купено а веке во петок идам да договорам за царски и сум 9 месец ајде усте малку ке се гускате со сонцето, Чирибирибела благодарам на одговорот!!!
Па што чекаш ајде бебуш треба да биде облечено кога ќе дојдете дома Јас правам договор со нејзе, сега веќе ќе има каде да нана, ама ако сака да не спие гола, нека почека барем уште две недели за да успеам да ги исперам и испеглам алиштата. Ние сме со се спремни, само ете не ни е досредено, а бога ми ова најмногу време ми одзима. Другите што сте при крај , до каде сте со подготовките, како се одвиваат кај вас?
Сењорита.ломбарди многу ми е мило што конечно се е во ред. верувај ме расплака со твојот пост , и на никого не му посакувам такво нешто да преживее, затоа секогаш се бара второ мислење па ако треба и трето, само не знам каде и бил паметот на докторката , ајде разбирам да згрешиш димензии ама како може бре да не видиш дека е живо бебето, јас да сум на твое место би ја кажала која е и што е ако ништо друго барем некој друг да си нема таква мака.. Многу ме израдува и со лесно нека ти е бременоста уживај си Кај мене подготовките одамна завршија уште пред 2-3 недели се е спремно и го чека зверчево да излезе Инаку јас денес добро поминав на контрола докторката беше многу фина и се убаво ми објасни, ме остави и да бирам кога сакам да се породам дали во петок или во понеделник сепак се одлучив за понеделник, она ќе биде тука од понеделник секој ден а сабота и недела не е тука.. Здравје боже ако не се породам до тогаш во понеделник дефинитивно одиме со провокација која што се надевам ке биде успешна, инаку бебуш си е во ред , постелката сеуште не е презреана , плодова вода има доволно и така... Инаку ми кажа и дека грлото на матката ми е омекнато и ако не се породам до понеделник се надева дека провокацијата ке биде успешна и нема да има потреба од царски рез.. А во врска со царскиот рез јас не би да одам под нож ако навистина нема потреба 1-затоа што самиот царски рез е нели операција а операција како операција е секоја ризична.. Кај мене прво ми рекоа дека ќе треба царски ама на крај испадна дека и не мора дека слободно може да се проба природно.. И не за џабе се вика природно , кога бев во предпородилна и сабајлето кога ме пуштија сите што се породија вечерта ги видов во ходник сабајлето си стоеа на нозе.. Јас повеќе би сакала да трпам болки некој саат ама послем барем ке знам дека ќе можам да станам за некој саат.. Затоа најубаво природно и без епидурална , др ми кажа дека со епидурална пораѓањето трае подолго и не е како природно, а јас не би да се чепам на бокс таму 2 саати и да се мачам и себе си и бебенцето.. Освен тоа знам дека кога ке ти почнат болките во предпородилна даваат Спазмекс или Тродон ама не кај секого, како и да е јас за секој случај си ги имам и двете, имам и апчиња Спазмек и инекција а инекцијата тие што ја земале сами ја пиеле со вода ,само не знам точно како.. И сепак мислам дека ке се туфкаме вака и ке се плашиме и на крај пак лесно ке поминеме (ДАЈ БОЖЕ) како јас така и сите други...