Не ги ставаат во инкубатор ако нема потреба, моето се роди во 35 недела и не беше воопшто во инкубатор.
За еден час порано е за доилки до 1 година возраст на детето. Со тоа што имаш 1 час за доење на средина на работно време ама во договор може порано да си одиш.
Битно се заврши добро, па си имаш преубав датум плус Туку, зошто не те направија царски, ако со првото си така? Мислам првото ти е помало. Кај мене еве речиси 9 години после прв царски, овде рекоа пак мора царски. Тоа ми беше малку чудно, ама ваљда смениле протокол.
По која индикација ја прими инекцијава? И мене ми спомнаа ама ќе видам во Пон на преглед што ќе кажат, пишував претходно се исплаши ивф док ради тоа што ја измери две недели плус
Јас мислам дека синоќа ќе се породам. Болки во кичма, меше, ме боли грбот, особено кај десната плешка. Не можам да седам дури. Што да пијам, не знам, ама не се трпи.
Овде сметаат дека ризиците се помали ако претходниот царски бил како последица на веќе почнат пораѓај па нешто заглави, додека пак ако пред пораѓај нешто се деси па да мора на царски да се оди сметаат дека постојат поголеми ризици истото да се случи и втор пат. Со сите доктори го поминав муабетот за првиот царски и сите ми рекоа 3 години е доста време. Не знам, само ќе кажам сме имале многу среќа што со толку надминат термин и големо бебе ништо да не ни се деси и провокациите да не делуваат. Ми остана мистерија дали на ехо може да се види истенчена матка и раптура на неа. @Jana06 природен ќе ми остане непребол, ама моето тело 2 пати одби да соработува иако се исфорсирав скроз. Вчера докторката ми рече дека не ми препорачува трета бременост од причина што многу е за мојата матка, плус со уште еден рез ризикот по мојот живот и животот на бебето е поголем. Утрово 2цата доктори што ми дојдоа на визита ми рекоа не е невозможно, ама мора да помине минимум една година од овој царски за нова бременост, да имам многу чести контроли и договорен царски порано оти мојата матка нема да издржи контракции. Искрено, не знам дали е вреден ризикот. Плус со две мали деца дома на кои им требам. Желбата за трето секако постои и ќе продолжи да постои ама ризикот ми е голем залак. Плус овој царски ми е далеку потежок од првиот. За првиот одма станав и се движев и имав посети, сега имам 2 неуспешни станувања утрово. Попладне пак ќе пробаме.
@nikolovskaaa1 честитки! Здраво живо да биде бебето, со мама и тато! @Yowannty честитки! Здраво живо малото, со сите заедно! Верувам колку многу ти е олеснување што си се одлучила правилно, сега си исполнета и мирна. Ви олесна и на двете, по толку време чекање
@Yowannty кај мене докторот неколку пати ја прегледа матката и резот и дури знам заведе во каква состојба е поради првиот царски. Ваљда се гледа, не знам, ама тоа одма го провери и потоа уште неколку пати пак гледаше.
Имам контракции со болка а тек сум 32 недела. Доктор кажа подобро да ги примам за недај боже. После 34та недела 100% преживувале бебињата. Ама иста мака јадев со првото дете, сега ќе крева прашина после во 9ти месец абер нема да има за да излегува.
Не знам стварно што се деси. Пола бременост ја водев во Македонија, пола во Германија. Никој ништо не ми спомна околу ова. Последното ехо го имав пред една недела точно, значи минатиот понеделник. Ништо околу тоа не се спомна а докторката се детално проверуваше. Се прашувам дали може толку да се влоши за една недела. Сепак во план ми е да зборам со доктор да ми објасни повеќе, околу оваа состојба стварно не сум ич информирана како може да дојде до ова или цело време било ризично, никој ништо не видел.
Да и мене ми рече Котларова кога се слушнав ако сум мирна немам ништо да почекаме бар до 32 и ако треба и тогаш една доза да примам а не две, сега една и после две недели уште една. Па сега Пон ке сум 30 та ќе видиме што ќе каже на прегледот и она. Да и истото дека после 34 та нема гајле веќе развиени се доволно. Лежи си сега одмарј, би требало ти се подсмират болките од депото и дабростонот. ❤️
Побарај да ти објаснат, сепак мислам дека и треба да знаеш. И мене ме интересира искрено, дали можат да видат или не. Може пак и затоа некои доктори не ни разговараат за природно после царски. Што знам.