Јас кога разговарав матичната ми кажа едниот ден 2 инекции и по 24ч уште 2 инекции. Ова за 32ра недела.
Во Швајцарија ако температурата во просторијата каде што работиш е над 28 степени имаш право веднаш да си одиш. Ама треба да е внатре толку, не надвор. Ова за места каде што нема клима. Од таа причина јас сега работам до 12, зашто после е мн жешко внатре
Мене никој ми нема спомнато за раната од претходниот царски, ниту ми ја имаат видено. Не знам дали докторката што ме пораѓаше со првото на вториот скрининг провери нешто, нема запишано на извештај ама ми спомна дека ќе е порано овој пат царскиот дури ме гледаше.
Така знам и јас. Две примив денес, по 24часа уште две. Така беше и претходната бременост Немам разговарано, ама примеќам секој преглед ќе ја види раната од царскиот и ќе ја напипка ( За бато ова)
11 дена надминат термин и провокации 3 дена. Обично ако е се во ред со бебето така со провокации тераат 5 до 7 дена. Ама после 3тиот ден, немав никакви контракции и бетониран цервикс па дојдоа на разговор да ми кажат дека можат бидејќи нема никаква промена, можеме да одиме само уште еден ден со провокации и потоа договараме царски, за денеска. Ама мене ми беше скиснато и почнав да инсистирам да имам царски уште вчера. Се убедувавме некое време и на крај ми дадоа. После царскиот докторката дојде до мене додека ме средуваа и ми рече царскиот беше правилна одлука, ќе дојде подоцна да разговараме. Искрено мислев ќе рече нешто дека бебето беше високо или зазело лоша позиција па природно не би одело, таа ми рече дека претходниот рез на матката од претходниот царски веќе имал мала пукнатина и ѕидот од матката бил толку тенок што кога стасала до неа просто можела да го види бебето низ маткатата. Жива среќа е што не испораспукала толку денови после термин и со големо бебе кое имаше доста сила да мава. Фала богу што провокациите не делуваа и не добив контракции оти ќе било лошо. Никој претходно не ме предупредил на вакво нешто. Во грција живеев претходно редовно одев на прегледи, имав спонтан 5 месеци пред да останам трудна со ова бебе, матката и резот секогаш беа ок. Оваа бременост бев првите 4 месеци во Македонија, останатото тука поминав еден куп различни доктори никој ништо не ми спомнал во врска со тоа. Стварно не знам дали ризикот постоел цело време или се создал негде со бременоста и никој ништо не приметил или не се гледа такво нешто на ехо.. Значи појма немам што се деси, знам само дека имавме и двајцата многу среќа што вчера ме јадеше црвот и инсистирав на царски.
Надворешно или внатрешно? Надворешно кај мене нема ништо веќе, ама е и прениско 3-4 прсти под линија на гаќи зошто имав плацента на преден ѕид со првото. А за внатрешно немаат спомнато. Ќе прашам нареден преглед.
@Yowannty за тој ризик мене ми кажа уште на прв скрининг докторот што ќе ме пораѓа. Ми рече нема шанса природно да те пораѓам, таков ризик лично јас нема да преземам и ќе закажеме пак царски. Коски ми се тресат додека сум Скопје да не ме фатат природно болки, ќе треба чаир или гак да раѓам природно. А не можам јас да раѓам природно, сериозна сум, не од страв од болка туку од што не можам да се справам со непредвидлив тек на настаните општо во животот. Само да издржам уште две недели да стигнам во Битола се молам на Бога. @kristina.k внатрешно. Се гледа на ехо.
Да да два пати на 24ч, ама мислев на уште една доза за две недели пак исто, зошто порано ако се ставе околу 30 та недела, мора уште една во 32 недела да се приме, а вака само во 32 ра и веќе од 34 не ставаат нема потреба.
@fana и мене исто ми рече во Плодност докторката уште на првите прегледи. Нема шанси природно после прв царски, иако ќе имаат скоро 7 години поминато.
Јас мислев доста помала е Ирис, затоа се чудев. Те жалев колку ти беше тешко, а ти си имала ем големо бебе ем мака си имала.
Фала богу што се поминало добро. Ризикот секогаш постои од ова, затоа и ми е страв да раѓам природно после царски иако иам желба. Искрено па со поминат термин и тоа што не делувало провокација јас не би ни пробувала природно... Искрено ми е страв дури и да чекам до 38ма за царски зашто можно е контракции реални и големи ако добијам дали матката би го издржила тоа... Фала богу што сте добри двајцата ❤️❤️❤️❤️