Фала на сите Јас го фатив последниот воз за природно, оти докторот рече ако до недела не те фатат болки, понеделник обавезно ќе биде царски. И искрено секоја чест на докторката Арта која ми даде два пати инекција спазмекс, кога веќе бев 7 прста таа рече на сестрата една инекција сега и друга за пола саат. Не очекував вакво нешто и многу ме изненади бидејќи сабота навечер на патолошка кога барав спазмекс не ми дадоа. Најтешките болки од 7 до 10 прста кога се отварав ми ги ублажи спазмексот и ми беше многу полесно. Имав болки да ама можев многу полесно да ги издржам.
@Yowannty @nikolovskaaa1 честитки за бебушите а за вас брзо опоравување. Јас тамам се решив четвртово природно да одам… се замислив. Ќе има нецели 5г од царскиот, баш ќе ги потпрашувам и ќе им речам да обрнат внимание како изгледа раната од внатре. Надворешно ништо не се познава, ама внатре е важното.
Закажав утре прв преглед кај Маџункова инаку утре 5 недели +6 не сум мирна би сакала да види дали бебето расте правилно во матката, дали има шанси да слушнеме срценце или сеуште е рано?
Мислам дека не. Премногу е рано. Дури после две недели се случува да има срцева акција. Кај секој различно. Ама сепак, твоето е рано.
Кај мене докторката викаше дека е рано пред да ме прегледа, ама сепак кога ме виде на ехо виде дека трепка и слушнавме срценце во 6та недела ама кај мене од сам почеток е напред една недела можно е затоа да беше така.
Браво и за двете @nikolovskaaa1 @Yowannty Нека се живи и здрави бебушите. Мене докторката која ме прими веднаш знаеше дека ке е царски. Ама бев договорена со друга која даде шанси да се предомисли синко. Инат уште во стомак реши дека нема да излегува природно. Со тој обем на глава и килажа тешко. Второ не би раѓала природно по ниедна цена. Не би ни пробувала. Инаку матката се гледа во каква состојба е и на прегледот пи 6 недели и 6 месеци. Мене ми кажа матичниот дека сега на ехо се е во ред. Ама да останам бремена за брзо не знае како ке помине. Како расте плодот и се шири матката може да дојде до секакви компликации. Една е токму руптура.
Бидејќи има и една Др. Арта на Гак, затоа. Жени, на бебињата во август збориме нели време боди по куси ќе облакаме. Дали одоздола ќе облакате боди по кимоно? Јас мислам жешко ќе е, само бодито по куси е доволно, а навечер кимоното боди под шпикозните. Некако заборавив да купам кимоно боди, па сега се пребројувам што фали. Стигнав скоро 35 недела па време е за перење.
Истото и јас цело време се двоумам Мене последен термин ми е крај на јули, и до сега купив само бодиња и шпикозни по кратки. Не знам....некако на 40° не ми оди по долги да го облечам бебето.... Негде по инернетов пишува, се облекувало како нас возрасните, негде пишува со еден слој повеќе од нас.... И јас како тебе сум на мисла како да се облака летно дете. Првото ми е зимско, и полесно беше
Мене на 5+6 имаше срцева акција во првата бременост. Така шо може да се види а може и да рано, пример за ден два да се појави. Оди си ако сакаш, знам како е, не се трпи за тој прв преглед. Може и ќе видиш
@Bizbiz велат во зима се облекува со еден слој повеќе од нас, а во лето еден слој помалку. Поопасно е да се прегрее, над 27 степени само по пелена треба. Ако е околу 24-25 температурата дома со клима по едно боди само со куси, друго ништо.
Јас слушав едно предавање од Систина каде што кажаа дека многу е опасно да се прегрее бебе. За лето кажаа дека доволно е боди на кратки и препорачаа климата дома да си работи (нормално само да не дува во бебето) затоа што претопла просторија ќе го прави нервозно и плачливо бебето.