Е затоа кај нас мора малку построги да се и да нема мајката право на избор, доколку и е прва бременост, има шанси да се породи природно, ама она сака царски. Операција е, конечно тоа треба да го сфатиме. Еднаш шиено, не е исто како пред. Затоа прворотки, доколку немате индикации, раѓајте природно. Оти не знаете што носи животот. Чувајте матките.
Права си! И не потпаѓајте под влијание на туѓи искуства. Мене, во првата бременост уште, една ме прашува "како сакаш да се породиш", велам природно. Кога се запна "немооој, знајш колку ќе ти се рашири, замисли цел карпуз (на охридски за лубеница ) да излезе?! И сеа јас жити сѐ си мислам, у реду је, смањи доживљај. Сексот немало да биде ист, ако се породам природно. Колку мразам така дрдорење од ракав. Се породив природно, и "малава" уште при однос ме боли ко првпат, значи не се рашири апла. Можда и до тоа е шо ме сошија салам, ама сепак, има и вежби, жени. Ам сеа и за тоа е створена дундата. Тоа ѝ е намената, всушност, да раѓа. Затоа е и еластична, се враќа во положба, како и матката. Ама толку од памет вадење муабет, па уште блабла, предвреме муабети со некоја шо не ми е ни битно нејзиното мислење.
Јас сум за природно само и само ако е навистина природно. Нема шанса да раѓам природно по секоја цена. Безброј вагинални прегледи, таблети за омекнување на грло, провокација една, две, три... Тоа е се само природно породување не
И мене исто ми рекоа лани, да не планирам 3 бременост или да чекам 2-3год, останав бремена непланирно после 8 месеци, ми рекоа абортус е поголем ризик да терам со почести контроли, и еве одам постојно, на секои 2 недели, пијам терпии и се надевам дека третиот царски ке помине подобро, се надевам да стигнм до 37 недела и да ме породат на договорен царски. И мојот сон за 3 деца пропадна за жал ама којзнае зошто е тоа така. Сигурно убави работи не чекаат после овие маки. Можда ке ти се посреќи и трет пат никогаш не се знае
Исто и јас, прва мисла ми е природно но не по секоја цена. Мајка ми ме раѓала природно добри 12 часа, родена сум 4.500кг таа шиена со 25 конци и гратис псоријаза од доживеан стрес на телото што ден денес нема лек за неа, рацете и главата и се 25 години со рани како резултат на “мораш природно да се породиш”. Би пробала да но кога гледам не оди одма потпишувам за царски.
А што е Фана? Природно е. Со провокации, кои ги даваат на секоја втора жена. Подобро е отколку операција, во секој случај.
Уф да, 5 мин од влез до излез Резултати во 14h имав. Супер поминав. Д димерите супер 900 се, времињата скратени ама и со првото беа скратени и поминав без терапија. Мислиш добри се? Ќе се консултирам следна недела секако.
Првиот пораѓај ми беше многу тежок, се сеќавам молев да ме носат во сала за царски. Гмечеа врз стомак со раце, ме стегаа со ќебе, на крај и вакуум….ама па си викам подобро што до крај си истераа по нивно. Со второ останав трудна после 9месеци, со трето кога второто беше само 3 месеци. Да беше првиот царски телото, матката, немаше да може да ги издржи бременостите.
Ај здраво во овој пеколен ден Ги зедов резултатите од брисевите чисти се, ми олеснa. Бев кај матичниот го распрашав за се што ме интетесираше, се полека и убаво ми објасни. и му кажав за болките од претходниве денови. Ми направија цтг бебе беше малку успано, ама се во ред е. Сега сум помирна
Кој ќе објасни што значи цтг? Што значи успано и што се прегледува тогаш Следен преглед ми е тоа а појма немам што е
На кратко: Фетален мониторинг или компјутерско следење на контракции и активност на бебето преку срцева активност. Пред цтг добро е да јадеш благо или кока кола бидејќи може нема да мрда (ќе биде успано) па ќе те ставаат на страна или ќе ти го тресат стомакот. Друго, два каиши се, едниот на почеток не го ставаат ако немаш болки(тој за контракциите) барем мене така ми кажаа Доле се гледаат линии кои покажуваат контракции, а горе линии за активност на бебе. За повеќе инфо тука има и посебна тема ЦТГ ☺️https://forum.femina.mk/threads/Кардиотокографија-ctg.15427/
Јас со првото пробав само боди по долги, дека со клима седевме и овде што читав грбчето и градите да се проверуваат ако се ладни значи му е ладно и обратно, кога ќе видев дека му се ладни, му облекував боди на прерамки па шпихозни на долги ама тенки. Сега дали е правилно така не знам. Ама во ред беше бебуш
Па тие се факторите на хемостаза тромбинско, протромбинско и активно мислам беа, се мери времето на коагулација на крвта. Најдобро да прочиташ на интернет, јас не знам точно да ти објаснам. Не проверуваше со првото?
Не знам како беа границите за д димери во секое тромесечие. Најдобро е да консултираш трансфузиолог за секој случај штом и времињата се скратени.
Аха. Не сум знаела дека на тоа се однесува. Не проверував во првата, не ми имаше воопшто спомнато гинекологот што ме водеше. Има за тоа индикации?
2 бодиња немаш потреба. Ни па боди и шпихозни. Доволно е боди на кратки и долни некои долги а босо, или само шпихозни без боди. Стварно нема потреба од толку облакање, особено ако не се лади станот. Моето беше пролетно бебе, летото го пројде по боди и тенки чорапи пошто мене ми дехидрираше на 2 недели и терморегулација немаше, се ладење многу.