Јас имам страв да не фатам пак Корона. Прележав во 13 недела, февруари. Сега бројките пак растат, маски никој не носи, опуштено е се. Плус за пораѓајот, планот ми е приватна болница, а секаде тестираат пред породување. Леле исплашена сум
Јас одев. Ако одиш на исто место, ако е чисто, восок за еднократна употреба, нема од каде инфекција. Јас за инфекција не знам а одам од 16-17 кога почнав да се депилирам. Со претопувам восок ни небремена не одам.
Има интересни кревети со коли, баш машки. Јас би му направила изненадување, па би оставила да видам детето како ќе прифати. Ако ти прифати кревет и го сфати тоа дека си е негово верувам после нема ни да мисли на старото креветче. Ако не го прифати или си го бара пак, тогаш би земала транспортно плус, па кога ќе порасне креветот секако ќе се искористи, а дрвениот пренамени го во Монтесори лежај кога другото бебе ќе порасне ☺️
Ајде опуштено, не се движи во толпа, глеј си витамините, одморот, плус си прележена, имаш природен имунитет. Секако дека ќе нагрне корона, така им е речено. Можно е од септември да воведат пак некоја мерка, пф ко селски буквар се научени. Не им верувам веќе и не ме плашат. Нек се гонат! Ваљда нема во страв да живееме цел живот, од корона. Ок де, од наредното што ќе го приредат. Јас прележав двапати во овие две и пол години. Последно во јануари, два дена омалаксаност со треска, после ко офрешена.
Јас до сега немам прележано опуштена бев до сега и не се замарав, особено откако докторот ми кажа дрка нема опасност за бебето , ама почнува страв да ме фаќа пред пораѓај не дај боже да не закачам
Еве сум и јас. Пешачев малку. Надвор се диши добро е. Ама во станов бре пекол е нема воздух, страв ми е кога ќе помислам на спиење. Јадев сладолед, не знам што ми требаше ...
И мене ми е страв. Немав симптоми ко имаа домашните во првите бранови, се вакцинирав пред бременост, ама сега пред пораѓај многу се плашам. Мислам дека е поризично во поодмината бременост. А имаме свадба викендов, со страв ќе одам.
Исто. Не сум некоја голема за да не можам да одам, ама ете не бидува баш тогаш нешто ме здоболува или во вц ми се оди. А по дома не застанувам се си работам, по скали се качувам нагоре надолу, ама пршачење не можам.
И мене тоа ми стравот. Прележав јас пред 2 месеци и си викам недај Боже сеа закачам пак ич,не ми се оди на гак или чаир. Од страв ко ќе ме прашаат кај ќе раѓаш викам незнам ќе видам, уште не сум решила... На моите им кажав пред некој ден зашто ептен ми требаше консултација една за систина
Е мене тоа ми е проблемот ни дома мрдам со мал прст ни никаде и а малце нешто се подвижам повеќе готово се пакувам за пораѓај
Остај. А и Систина е Клинички центар, треба да си обезбедат дел за Ковид позитивни. Се молев да не се појави нов сој, но ете има, а се е опуштено. Маски ни во амбуланти не се носат, не знам што им е на луѓево.
Базен и езеро докторот строго ми забрани, дури и во базенот дома. За море добив дозвола. Базен не заради можност од инфекции бидејќи не се менува водата.
До психата ти е. И јас кога пешачам или ме боли ногата позади кажав и претходно кај бутката и задникот, или стомакот ниско. Ама не се предавам. Матичниот ми рече дека не е убаво и цел ден само да лежам, и да пешачам еднаш дневно барем 20минути. Јас сум личност што пред бременост бев нон стоп на нога и активна. Така да не ми е тешко пешачењево и покрај болките, терам. И онака цел ден сум дома плесната на кревет.
Излегов да докупам некои работи, не можам ќебенце да порачам. Всушност не можам ништо за бебето он лајн. Што знам. И толку е, еве ме со болки во меше. Грбот ме боли. Утре да се спремам и за мене, до петок да сум јас готова. Мами, за царски треба ли гаќи со мрежа или не?
Да и јас ке се консултирам со мојот гинеколог но ме интересират и ваши искуства и мислења, ти благодарам за одговорот! ❤️