Овде најдов Персил сензитив што е за бебе ама како капсули. Со Персил планирам, баш денес ќе купувам, ама со течниот имам мака колку да ставам на перење. Вака капсула ми е погодена.
Не знам, немој да има нешто недозволено хахаха Цело време одбивам, ама денес мајка ми ме баш настрви и ќе се сладам
Мене персил сензитив течниот многу ми се допаѓа, пуштив една машина наши со него, без омекнувач, и баш беа мекани и многу нежно мирисаа. Савексот го користам иначе, ама некако доста појак ми е, се дешавало да почне да ме пецка кожата при вадење на алишта.
Може немај гајле јади си, само ако е прскана лозницата треба убаво да бидат измиени лисјата (вообичаено како за секое овошје и зеленчук). На здравје
Домашни се ливчињата, татко ми пред прскање ги има берено, па бар тоа да не го мислам. Фала ти, здравје да имаш
Јас сум 29 недела, пред 3-4 дена купив сефте 3 бодиња за бебе и чорапчиња. Сакам нешто да порачам за излегување од болница. Имам премногу алишта од син ми, и опрема па сега за сега не купувам ништо. Се мислам за количка дали да купам нова или да си ја користам таа. Ништо не ми е спремно, ниту прегледано ниту преперено, си викам има време.