Нема проблем, ама да знаеш дека може да не ти фати поради хормоните. Иначе за бременоста не штети ништо.
Скриен шеќер мора ли да се испитува,предходно испитував во двете бремености беше во ред,сега ми е мачно пак да одам,сите лабаратории во ку се со многу скали и плус чекањето од 2 саати,си мислам да го скокнам.Бебе одговара на мерки,29 недела.
Мојов син е навидум мирен во стомак ама си прави мајтапи од време на време Месец дена таман беше наместен ко што треба, денес во 36та, гледаме карлично, и тоа баш фино карлично се сместил... Ќе видиме следната контрола како ќе се покаже, и што ќе се прави. Искрено, како прворотка која мн не чита и не препрашува, мислата ми е само да биде се во ред и со двајцата па да си дојдеме дома среќни што побрзо. Премн ми отекуваат нозете, посебно доле како глуждови да немам, тежат како олово, а како преку ноќ и стомакот е се потежок, па полесно ми е да се движам отколку да лежам, така пројдов цела бременост.... Бев на депилација, исперено , останаа монтирање на неговите реквизити, пеглање, ситници докупување. Не можам да најдам списоците потребни за новороденче... Знам нешто за папочето имаше, а и да се само проверам. Од козметика земав само Веледа шампон и купка, Павловичева, влажни и памперс, сигурно има уште (чепкалки за уши, туфери, дали да земам некој лосион за мачкање тело после бањање...)?
Добро јас со овие болкиве ќе полудам веќе. Еве сега пак имам во стомакот доле ниско. Не се јаки, слаби болки ама сепак ги имам, константно. Не гледав на саат колку време. Ама не се на интервали или како стврднување туку болка цело време. Вчера бев на цтг ок беше. Не знам веќе што е нормално а што не, задутре сум пак на цтг.. Некоја со слично искуство. 35+2 сум.
Супер си се спремила. Чепкалки за уши земи ама за старт од оние бебешките со граничник до каде да одиш, па после ќе се научиш, туфери јас за ништо не искористив, наместо тоа земи стерилни гази од најмалите со нив ќе го чистиш папчето. За папчето не мораш ништо сега, ќе ти кажат во болница околу хигиената и маж ти ќе купи. Лосион ако сакаш купи ама и тоа не мораш одма да мачкаш, јас многу ретко го мачкав искрено жал ми беше на таа нежна кожа да ставам нешто. @Erika.greeneyes Колку што памтам во 9ти месец стално нешто ме болеше.
Веледа имаш крема и лосион, што и да земеш нема да згрешиш. Плус имаат и масло ако сакаш во вода да ставаш. Мене во болница ми кажаа само алкохол на папчето. Ама недела дена откако падна не престануваше да пушта крвче. Зедов прашок банеоцин и за ден два се исуши сосема. За второ одма би ставала прашоче.
Да, многу помага. На секое менување пелена трупав од прашочето, ептен брзо се исуши. И плус да додадам за новите мајки, додека не падне папчето подвиткувајте ја пелената под него, да не го покрива и не се мокри во вода.
Јас сум 35+6... Значи еден ден го осеќам истово што го опиша и ти, следниот ден, ништоо буквално ништо. Еве пред 2 вечери така ми беше, со болки со стврднување на стомак со све, баш и тука пишав мислев тоа е тоа. Маж ми сакаше у Систина да ме носи мислеше толку, пораѓај почна од што офкав
Јас немам стврднување. Туку болка минимална. Вчера кога бев кај матичниот ми рече ќе имаш и лажни болки. Ама од каде јас да знам кои се кои
Епа и јас од истото де плашев... На цтг контракции , јас осеќам некои болки али незнам дали тоа е тоа... незнам што треба да осеќам и кога да идам накај болница. Кај тебе еве дури длаби болки се, така да немај гајле, ми рекоа ќе знаеш коа ќе бидат битните болки
Утрогестан најчесто се препорачува да се ставаат како вагиналети за подобра апсорпција, тебе ти рекоа да ги пиеш?
Баш брзо, на моево му падна за 3 недели и тоа на контрола педијатарот малку погрубо му го избриша. Наводно дебело било многу, па затоа покасно паднало. Како ти рекле, така.