Жени убави округли, ќе се спие вечер конечно! Ја и на пладне отспав 2 саата, имав висококалоричен доручек па само лубеница ручав, а вечерва таратур. Добра ноќ!
Здраво девојки Имам проблем пробуваме веќе неколку месеци и не можам да затруднам, живеам во Швајцарија кај што се се решава со ин витро. Не пијам, не пушам, мислам и дека здраво се хранам, пробував со тестови за овулација и се по ред и пак не забременив Има ли некој искуство со висок пролактин и дали можеби на природен начин го решиле, бидејќи пијам Неуролептици ми е покачен доста почнав да пијам Витекс и Мама плус (дха и фолна киселина)
Доколку ти е редовно висок пролактинот мислам не може природно да се симне. Јас имав проблем со пролактинот и го спуштив за еден месец со Достинекс, ги пиев по шема и истиот месец забременив природно. Секако ти треба искусен доктор не можеш на своја рака.
И јас сум во Швајцарија, скоро две години чекавме бебче, со еден спонтан и една биохемиска па никој никогаш не ми спомнал инвитро. Имаш причина за такво мислење? Правевте испитувања со мт? Имам слушнато за една организација во Берн што помага за ова. Да се распрашам подетално за неа ако си заинтересирана?
Јас имав висок пролактин и кога ми беше највисок и кога воопшто не се надевав дека ке останам бремена отидов докторката да ми препише терапија да го намалам пролактинот, а веќе ми доцнеше 2 дена јас сум била бремена еве во 6 та недела влегов ,пред да останам пиев Елова и мислам дека од нив почнав да овулирам.Не се разочарувај како што ми пишеа членките тука пролактинот лесно се регулира со правилна терапија
Auu mene me poludea togas me bolea ko da imav praeno 10 saati ne prekinato fitnes ama so magnezium mi pomina
Да можеш да ми кажеш јас живеам во Цирих Тоа беше уште пред неколку год инаку 7години сме заедно не сме се пазеле и никогаш ништо да со него е се во ред Јас немав хормони никакви не добивав менс, па одев во центар за ендокринологија и имав хормонски шприцеви во стомак После тоа се регулираше хормони се но почнав со Кветиапин и сеа пролактинот ми е висок од хормоните се здебелив 20кг па затоа прашав за природна варијанта После 6месеци неуспех препорачуваат вештачко во мојата ситуација
Ако вака продолжат болките во 9 месец секоја вечер ќе почнам да си го мразам бебето (сама се мразам веќе неколку месеци). Имам уште 25 дена но ова ни се тера ни се води, удира, мава, долу ме боли ко да ми се расцепува нешто, плус повраќање, неспиена со денови, никаква... Утре ќе се јавам да видам ако може царски да го извадат во 38 недела ова не се трпи веќе, паѓам психички.
Ааа имаш многу поголемо искуство од мене. Жал ми е, се надевам докторите нема да бидат во право и ќе си забремениш по природен пат. Ќе се распрашам подетално што е тоа точно во Берн и ќе ти пишам лп кога ќе имам повеќе инфо
Може да тие се на природна база ама сепак консултирај се со твојот гинеколог да видиш што ќе ти каже.
Добро утро наспани мешковци! Како сте денес? Јас конечно спиев ко човек, да се надеваме дека ќе не послужи барем некој ден вака фино време да може да собереме сила за она што не чека
Добро утроо!! Ај и јас конечно да кажам прв пат дека не се потев додека спиев, излади дождот па се спиеше, убавинии!!