И јас имам болки посебно на спиење ме фаќаат и грчеви и болки а од колковите не можам да завртам пијам магнезиум сабајле 250 мг и вечер 250 мг да не ми е малку што мислите?
Изгледа малку ти е, јас два од 375мг пијам. Докторката рече можа да испијам и трет ако ми е многу лошо.
Инаку мешковци изгледа сите убаво спиевме ноќеска. Ладничко, свежо за мерак. Нека потрае барем уште некој ден
Денес сум на контрола ке прашам ке мора да ја зголемам дозата вака по цела ноќ не спијам и перница си купув и све е џабе
Леле јас еден период мислев дека ке се задушам пред да си легнам врнеше и прозорот затворен се будам и се гушам потоа го отворив и бешее многу убаво нека потрае барем уште некој ден
Јас кога влегов во второ тромесечие ми престанаа гадењата и си реков готово како нова сум сега, нема веќе маки, ќе уживам... амааа не било така, па сега си почнаа болки во колкови, и во половина
Леле и јас сум исто… Ладничко беше ама 3 пати се будев со болки. Еве веќе трета вечер си ги имам тие рандом болки, а за колковите да не почнувам
Девојки ве болат ли половината и препоните. Јас сум 17 недела и овие два дена нон стоп ме болат. Пијам магнезиум 400мг на ден
Истото и јас го прашував вчера, 19+1 сум. Членките кажаа дека се нормални тие болки. Мала ти е таа доза на магнезиум. Јас пијам 2х375мг, а дозволено ми е да испијам и трет при поголеми болки.
Вчера па баш бев на контрола и ништо не ме болеше, за да се пожалам кога си дојдов почнаа и еве си траат. Јас редовно си пијам магнезиум од почеток по 400мг затоа што немав никакви болки.
Јас завчера бев на преглед и исто немав болки за да се пожалам, кога си дојдов дома почнаа. Ама ова за магнезиумот докторката ми го имаше кажано уште на почетокот.
Мене оваа бременост скоро од почеток ми почнаа тие болки во колкови. За првата дури во трето тромесечие ми почнаа. Значи ужас се. Тогаш колку толку ми помагаше трудничката перница, ама сега не можам да ја користам зошто преголема е, а синко знае да заврши во спална со нас на сред ноќ па ќе нема место. Ноќеска поспав и јас убаво уште да не морав да станам сабајле да носам дете во градинка. Ама затоа си купив на враќање мекица (цела недела ја мислев ) и си ја мафнаф со џем од шипка и еве сега дремам. Куќава ќе прооди, а мене не ми се мрда во моментов со мало прсте
Наздравје да ти е и да си уживаш сега, одмарај си, куќата ќе си почека малце Јас немав досега такви болки, знаеше да ме заболи половина понекогаш ама кратко. Сега оваа комбинација половина и колкови ужас е, не може позиција човек да фати
Добро утро. Дефинитивно преубаво се спиеше синоќа, се надевам ќе потрае неколку дена ваквото временце, инаку во мојот град дува ветер и не е толку жешко денес. Сакав да ве прашам има некоја што има како благи менструално болки или поточно да осеќа притисок доле? Од кога дојдов на работа почнав така да осеќам на моменти ама сега подобро е. 29+6 сум и не знам кои болки се нормални веќе Исто и половината ме боле ама и менструалните болки и тие во половината не се некои јаки, повеќе се како нелагодност.
Вчера се изнаспав за сите пари, уживанција. На пладне 2 саата, навечер од 11 до сабајле до 7 со само 1 станување, лепота. Пробувам вечерата да е лесна, да не забегам пак по леб, путер, џем и сирење, со првото само тоа вечерав, па сабајле уште во 9 ми работи желудник за јадење. Што се тиче болки се изјаснив, не ме боли ништо страшно, ништо посебно, за разлика од првото, ама уште е рано, 14та сум, здравје после таму 24та очекувам да почнат. Имам летово да го гурам. Едино нискиот притисок, главоболките повремени и поспаноста, ама и тоа е ретко. Не знам дали сум ве прашала, има некоја што и се гади од манџа? Да не видам манџа жени, да е течно, јок. Салата со лепче ќе јадам, ама не ми давај манџи, сувичко, печенко, мевце, охооо... мераци, само да не е манџа.
Јас купив Памперс 2ка тој од 4-8кг што... зашто бебево како тргнало над 4кг ќе е. Сакав сеа и една куттија Newborn Pampers сакам да зеам.
А што е разлика меѓу памперс премиум и обичен памперс? Јас се натоварив секакви, не знам што ќе му одговара на газот.