Мојот од обичните Памперс имаше осип. Многу парфимирани се. Користевме Виолета мислам, најмеки ми беа.
Зашо после Бејбилов? Нели имаат најмало бројче? Сакам директ со нив да почнам. И јас се наспав раат, се чудев сабајле. Мене последно време ме боли само кај делот кај слепото црево, ме тегне кожата или нешто внатре, умирам. Мисла ми е од ноќеска, а да земам само шприцеви за дохрана наместо шише? Со првото мн брзо и лесно почнав на шише, па брзо се одби од цицка. Од која недела на Цтг? @Erika.greeneyes Едит: јас во болница носев памперс премиум, ама сестрите не мареа што пелена ставаат на бебр. Ги мешаат. Значи џабе ги носев, др бебе ги користеше. Преакапи беа бај да веј, а обичниот памерс се покажа како најшушкава пелена. Една серија ок, една серија катастрофа.
Ако имаат ќе земам, кога беше бебе синко немаше. Јас општо од Бејбилав сум презадоволна, искрено и козметика мислам да земам зошто се пренежни.
Имаат, но може некогаш во некоја од продавниците да нема на лагер па мора од друга. Со 2ка 2 пати ми се случи да нема во Capitol, но имаше во Веро. И ја сум презадоволна од пелените, со првото почнав да ги користам од 2ка, а второто од старт почнав од xs.
Колку треба за на ГАК да понесам пелени? Ако не ставаат од моиве, узалуд пари, и бебе одма ќе го замотаат со што годе...?
Кога почнавте за пелени ако може некој да ме просветли за бејби лав пелените дали се поефтини од памперс или поубави? Јас за моево ама многу оддамна беше користев памперс, пробував други тогаш достапни тука ама ниедни други не се погодија. Сега ако бејби лав се убава варијанта и јас би почнала од почеток со нив и дали ги има само во ДМ?
Ете имало, значи од старт ќе почнеме со нив. Планот е ова бебе да биде Бејби лав туто комплето, ќе видиме.
Девојчиња може прашањево не е за тука ама најактивна ми изгледа оваа тема Бебушот кај и да е ќе се роди па време е да му ги исперам алиштенцата . Е сега, прв пат купувам машина за сушење алишта и гледам дека има 4 програми за памук: обична програма за памук, памук за пеглање, еко памук и екстра сув памук. На која сушите бебешки алишта? Прв пат ќе ја пуштам и не би сакала да му ги уништам
На топлово ја не би ги сушела во сушара. Иначе бебешки алишта зимно време сушам на BABY care или Delicate Има опција и да го подесиш | , || , ||| левел на сушење за да не ги собира алиштата. Зависи од сушара до сушара
За првото почнав со памперс премиум, па памперс актив и кога почна да се врти на сите страни гаќички памперс. Бејби лов земав еднаш дека многу ги фалеа тука ама му пропуштаа многу и покрај тој екстра ластикот што е ставен, тој служеше буквално само да го стега. Имаше бразди на ногата кај што доаѓа ластикот. Можеби зависи и од градбата на бебето зашто истото се случи и со поголем број. Сега за ова планирам исто, памперс ептен добри се покажаа кај нас. Се мислев едно време да сменам поевтина варијанта ама не ми се ризикуваше дека овие се погодија.
Сега е топло мислам нема потреба во сушара, ние купивме пред неколку месеци сушара ради бебуш, ама не сум ја пуштила сеуште. Во зима ќе врши работа.
Сега нс топлото веднаш ќе се исушат, а нови алишта како за прв пат не ги пуштај во сушара, можат и да се соберат. Барем јас така правам