Мене повеќе од мерак ми се пушташе а сум приметила кај други мајки, многу помеки и понежни се алиштенцата од сушара. А и да не ја пуштам сега, не знам ни зимоска на која приграма, нема ни бејби кер ни ништо. Беко е машината
Машината за сушење е топ за дезинфекцина на алиштата на бебињата и дефинитивно се помеки. Оние кои не бараат задолжително пеглање машината за сушење е полн погодок. Е сега јас имам комбинирана пери/суши на индесит и немам нешто опции да бирам ама преубави се ко ќе ги извадам
И мене ми е мерак ама сеуште не сум сушила алишта во неа, така си стои. Пред некое време ја сместивме кај пералната а стоше на друго место. Ни мојата нема беби кер, мојата е кенди. А испрани алиштенца на рака исцедени може ли да се стават во сушара?
Мислам дека не затоа што кога ја купував мојата ми напоменаа да не се цедени на помалку од 800 обртаи затоа што ќе и штети на сушарата
Исто и јас обавезно ги пуштав бебешките во сушара повеќе заради дезинфекција. Плус тие ситните да ги редам да се сушат на балкон. Е сега факт е дека ги собира малку сушарата (и нашите не само бебешки/детски) ама не е сррашно. Сега нормално зависи и од квалитетот на памукот. Инаку тие програмите за пеглање, за плакар....бар на мојата се програми со кои се одредува колку суви да се. Јас секогаш ги ставам на програм за плакар. Имаат минимална влажност кога ќе ги извадиш ама додека ги подздиплиш и исправиш од топлината тоа испарило. И дефинитивно и без омекнувач алиштата од сушара се помеки.
Многу помеки се, не треба пеглање, исто како пеглани се ако мислите на дезинфекција. За мерак може ама на ова време за 2 часа се суви, струја скапа, не се исплати.
@V.N. бејби лов мене ми пропуштаа и многу ми беше криво зошто сакав на нив да се префрлам. Ги сменивме сите:Кан бебе, Слипи, Пуфиес-тие се покажаа ОК, бејби лов и пак останавме на Памперс. Сега не ми се експериментира и пак си земам памперс. Во болница им ставаа бекутан и гледам ги напраиле за нијанса помеки од претходно.Ни дадоа едно пакетче за дома и баш ќе ги пробам
Јас баш напротив, бејбилов мислам се помеки од памперс. Само има и натурал линија на пелени, е тие се груби. Бејбилов Премиум ми се најдобра опција, без протекување. Сите сум ги пробала. Е сеа ако има разлика од машко до женско бебе, ќе видиме. Козметиката е ептен неутрална, некој спомна без парабени, па ако е така планирам да ја земам. За сушара, ќе пуштам на програм ,а деликатни материјали или најкраток програм. Кенди имам, не ги пресушувам и не ми ги собира.
Сите на таа зошто убаво ми се исправаат со диплење, па некои работи не ги ни пеглам. Само кошули знам да пуштам на изи ајрон или хенг драј, ама ова ретко зошто ретко полнам машина само со кошули.
Пошто оваа тема е поактивна да прашам и тука.. Ако има некоја што е во скоро време породена во Систина природно/спонтано без провокации да ми каже каков е целиот процес.. сместување, предродилна, родилна сала. Прво ми е па ме интересира што да очекувам
Пробај со постелина, ќебенца, поголеми бодиња, па ќе видиш, ако се смалат бодињата ќе имаш за од почеток па ќе знаеш како е за понатака. Мој совет, побарај на нет искуство и пиши во пребарувањето бејби френдли ќе ти даде нешто.
Во понеделникот бев кај мстичнипт за консултација за резултати, и кога му спомнав за болките рече ај едно цтг. Потоа ми рече следно цтг петок или понеделник. Ама јас утре во Ремедика сум и таму ќе ми прават цтг па во понеделник ќе одам кај матичниот. @Eli23 Здраво мешиња, во која недела почнавте вие со цтг? И на колку денови одевте?
И јас мислев од 36 треба. Ама ете и порано се правело. Без трема, јади благо и кока кола да не ти биде успано бебето
Да да спремна сум со се Него одење на цтг некако ми го најавува крајот на бременоста и дека се ближи пораѓај, а инаку едвај чекам