Јас сум утре на прво цтг 35+4. Од следната недела најверојатно ќе почнувам кај докторот што ќе се пораѓам.
@Mateas @nikolovskaaa1 Како сте жени? Се надевам добро се бебушите, се снаоѓате вие верувам. Не сум сигурна дали двете се пораѓавте во Чаир, а ми треба тазе инфо. Читав некои трудници жедни останувале, им губеле торби од прием до соба итн, а ја без вода повеќе од 2-3 часа ќе умрам. Имаше ли таков проблем, јас во таа торбицата со ствари за мене ќе ставам шишенце - две мали, ама нема да ми стигне тоа за пола ден. Кога најбрзо втората торбица со храна/течности може да ми ја донесе маж ми? П.С ме зеза он, сите од пораѓај се плашат, а она гладна и жедна да не остане
I jas zedov avent plasticno malo sise anticolic. Ke se najdi za cajce za grcevi posle 7 dena moze da se dava ako ima grcevi ako go dojam
И јас прочитав ете и со оглед на искуството во Санте си викам да не пак иста мака имам. За вода ако не пијам можам да полудам мислам, подепресивна ќе бидам ако сум жедна отколку ако сум гладна. Затоа ми се јадни и бедни државните болници, да се разбереме, не сметам дека општата слика е таква, туку поединци што создаваат ете таков впечаток а не дека сите се такви. Кога требаше сестра ми да ја пуштат ја чекавме од 9 сабајле до 2 попладне, зошто сестрата ја ставила книшката во џеб и ја заборавила сестра ми, а она горе чека на нозе со бебе во раце бидејќи веќе докторката ја испишала а доле сестрите на приемно не сработеле документација за да ја пуштат и она стои на нога со 70 хемоглобин од 11 кога ја прегледале неа и бебе до 14 и чека да ја викнат. Изживување. Не сум била никогаш во Чаир, не знам како ќе биде, досега слушам само позитивни критики, па ќе видиме.
Мене тоа ми се случи на ГАК. Од 12.00 ме чекаат со бебе во раце да си одам, нив им се случува некоја фрка и никој не сака да потпише отпусно и не возат доктор-педијатар и обратно до 17.30
Утре влегувам во 30 недела, а од денес имам болки во половината исто како менструација кога имав. Стомакот не ме боле. Нормално ли е такво нешто? Утре сум кај матичната.
Тоа ми беше муабетот, мајтап си играат човече... исто ко портирот од приказната кој ја "изгубил" торбицата, мислам дај, какво губење, имаш мајка која чека да јаде после ужасно напорен ден, само што родила и така натаму. Мене ќе ме убие грижа на совест и мислење ако изгубам едно ливче единствено низ фиоките со број кој сум го запишала онака успат и не е моја одговорност а не па за вака битна ствар.
Во петок ке биде дури резултатот од урино култура, предходно бев болна 2.5 месеци скоро мислам дека е од тоа, црп во мај беше повисоко, примав инекции па пиев оспен. Мене шеќерот ми се чини висок некако, тоа 9.5 а нема реф вредности
Мирувај, земи магнезиум 2х400мг... ако ти се смири у наредни 2 - 3 часа ок е, утре кај матичната ќе ди идеш, а ако не де смирува уште денес исконталторај ја. Генерално болки се јавуваат од време ма време и кај повеќето се безопасни.
Ваква ли сушара имаш? Ако е таква кои програми ги користиш највеќе? И како си задоволна од сушарата? Вон темата е ама ме интересира јас имам сушарата сеуште не сум на неа сушила.
Мила и јас утре влегувам во 30та недела и сабајлево имав такви болки.. сега немам се напив магнезиум и многу вода, ми поминаа. Сеуште ги имаш?
Јас ги ставав во пола чаша сок од портокал или боровница и на екс пиев зашто ич не ми беа убави. Со затнат нос За дозирањето зависи како ти кажале, јас мислам пиев една сабајле, една вечер.
Ја поминавме темата за перење се одлучив и зедов на Фрош течен прашок и омекнувач па викендов ќе сефтосам Памперс планирам да земам pampers baby active само не знам дали да земам 1 или 2 мислам ќе родам големко бебе па да не му се мали И последно со што ќе ги капите? Се двоумам меѓу corine de farme и hipp …
Според ехо 37+5 бебето не е уште зрело, плус има помала килажа и потешко напредува -2500 моментално. Само 100г од претходна недела. Некоја членка со ваква ситуација или искуство со родено бебе во ваква состојва? Треба да сум царски имам и притисок го контролирам со терапија и е во ред. Најверојатно ќе му дадеме шанса уште да е внатре, но чисто доколку некој искусил вакво нешто да сподели.
Пред пола саат се напив магнезиум како малко да ми помина лежам сега. Инаку тоа ми е првиот симптом дека сум бремена до сега ништо не сум осетила.
Јади протеин колку можеш повеќе, примај магнезиум до крај и внесувај си ја редовно терапијата со пренатални витамини кои и да ги зимаш. Секој доручек протеин: урда, јајца, лосос, црвено месо, печурки, тиквички, грчки јогурт. Сега качува најмногу, уште неколку дена да остане е супер за него особено ако имаш доволен нутритивен внес ❤️ Витамин Ц 1000ка и вода многу, ова ти се тогаш последици од што си била настината, а уринокултурата по прием на резултати ќе си видиш дали треба нешто. За железото какао, боровница, мед и мелено семе од коприва една лажица на гладно сабајле со вит.Ц Шеќерот мора да се следи по референтна, секоја лабораторија различно го дефинира, види со матичниот што ќе ти каже обавезно.