Bremenosta mi ja vodi Ivanovski, Sistina. A za poroduvanje, rano mi e ama opcija mi e on ili Ilievski vo Chair (bidejki kaj nego ja praev intervencijata), ama zdravje, samo neka bide se vo red do kraj
@JuLleE да се јави на главна каса и да каже како прошла, мислам денес беше на лекар. И да почасти нешто за роденденот. Среќен роденден и овде дарлинг!
Женски барав ама не можев да најдам соодветна тема. Затоа овде ќе прашам вие што веќе имате родено да објасните како ви почнаа болките за пораѓај,што симптоми имавте, како да препознаеме дека се вистинските болки.
Јас немав болки, мене во сред спиење ( 2 сабајле ) ми пукна водењакот. Претходно немав никакви знаци дека дента ќе биде денот Д. Си се истуширав средив и си отидов во болница. Болките ме фатија тек кај 8 сабајле ко почна со провокации вајда
Сабота на пладне почнав со болки во бубрези, јас мислев бубрези се додуша а тоа било кичма нели. Се движеа од "бубрези кон јајници" и мислев тоа е, настината сум. Недела имав веќе гадење како да ми се повраќа и стомакот ме болеше, ко гнил си го осеќав да ми е, се движеше од слабините кон препон. Не на интервали туку константно така малку ко да ме тиштеше. Многу ми се спиеше и заспав рано, се разбудив кај 2 со прснат водењак. Контракции не осетив, не знам како изгледаат искрено, болки немав некои страшни освен веќе таму на ден на раѓање, понеделник кај 10-11 што ме здоболуваше стомак ко менструални болки.
Ако пукне водењакот може ли долу да се средиме или не смееме? Мислам прочитав некаде дека не смеело, колку е точно не знам.
И мене ми беше многу доле и во 17та и во 22ра недела, а еве сега во 26та ми беше повисоко и нема ризик за царски. Не мирував воопшто баш дум активна, си се качи сама од себе
Престанува, кога ќе те породат И јас мислев ќе престане ама јок 10-11 саати додека лекав не застана ,,изворот,,
Нели секако средуваат в болница ако не е средена жената? Сигурно и со пукнат водењак се погодило да е некоја.
Кај мене сите три пати наеднаш истекуваше поголема количина топла вода, како кофиче. И толку беше, само тоа.
А ептен ли мазно треба или може да помине со ептен мали влакненца? Јас се средувам на 2-3 дена ама немој да ме фати измеѓу тие денови.
Јас се погодив средена, ама пак,ме пројдоа пред да ми го кркнат ножот Друго да прашам Немам менструални болки ама стомаков ми се прави камен и делот над препоните, некаде меѓу нозете и стомакот лево и десно ко да ме протиска некој, не е болка туку ко притисок. Се надевам добро објаснив. Прееска бев на цтг мирно си е, а и рано е 35 недели
Мене не ми пукна водењак. Ми падна чепот и за ден два, почнаа јаки менструални болки како прв ден циклус пропратено со болки во кичма и контракции на матката. На ист интервал. Пример на 10 мин секогаш. Па на 5 па на 3 итн. Иначе цтг од кога треба да почнеме?