Може може да си почне процесот, ама ако е лошо бебето ке одат итен царски. Кога ке пукне водењак значи телото и бебето се спремни, матката не знае како е позиционирано бебето.
Срц мислам после брисевите ќе ни дадат упат за родилиште и таму треба да одиме на цтг. Бар за првото така беше ко шо се сеќавам. Јас понеделник сум за брисеви.
Девојката што беше со мене во соба ја избричија а имаше мали штотуку пораснати влакненца. Она пред да дојде во болница се средила ама пошто 4 дена ја задржале и пораснале па пред мене ја бричеа барем видов дека е на суво.
Леле ќути сега барав дали има некоја што родила во 35 недела точно. Дали ќе треба бебе во инкубатор да седи. Се мрднав, се нешто ме стега. Викам рано е уште, а бебе не застанува
За првото бев на часови во Плодност, и ни покажуваа горе собите, салите за пораѓај и собата за бричење сестрата вели не се секирајте ако не сте средени, тука сестра ќе ве среди. Не можев да се стигнам ама со помош на мм се средив само за да не ме бричат на суво.
35+1, не седеше во инкубатор, на креветче за греење беше 2ч и толку. Не дека нема ризик толку раното раѓање, ама нема ни правило некое дека ќе седи во инкубатор. Имаше тежина над 2 кила и беше сосема стабилен. Леле јас сум ко Наум Петревски оваа бременост, се бричам и до сабајле сум подникната. Со синко месечно 1 се проаѓав и толку, со ова одма подникнувам. Се трудам бар на 3 дена да се средувам зошто носам фустани, да не се брукам. Држете среќа утре да е готов пасошот мајки оти ќе пукнам од мака, мислам дека ќе идам таму и ќе плачам.
Во болница те бричат.....јас кога појдов без да видат дека сум средена на интима и стомак извадија брич ама не го употребија....само не видов дали го фрлија,иако не беше употребен сепак беше отворен.
Ја мислам нај голем страв им е на сите тоа Ама верувам во Плодност имаат некоја по софицистирана техника на средување. Во Чаир со еден железен брич изгледа само жилет менуваат со години
Фала ти многу Мојава минатата недела беше 2260 гр, се надевам сега е околу 2500 гр о дека ќе поседи барем уште 2 недели
Да не се сврти нешто пак во меѓувреме? Сега сум 36, докторката од ГАК ми кажа следна недела ЦТГ, и чекаме до 37-38 недела состојба зошто постелката ми е зрела ептен, но бебето е веќе 2900 ПС. Може торба за болница немам, битно бев на депилација и сум спремна и раат барем од тој аспкет
Јас направив веќе брисеви, а денес сум полна 35, затоа прашувам. Ич не ми се оди на Цтг, леле, тоа малтретирање, врати се за два саати....
Женски нормално е на ЦТГ да има бебето пулс од 180? Значи не константно ама да качува до толку? Докторот вели штом крева и спушта е во ред, не чинело да биде рамна линија. Ама пак некако се плашам
Јас прво цтг 36+5 во 18 часот, породена во 21:20. Неспремна отидов на рутинско цтг и запознавање со докторот. Цтг покажа контракции, а јас болки не осеќав. Следеше преглед со рака, отворена 1 прст. Ме пратија дома на строг одмор да гурнам бае уште една недела. Арно ама на синко ми се брзаше. Само што си легнав водењак ми пукна како балон, и како кофа вода да истече од мене плус и мукозниот чеп падна. Се истуширав средив, почекав маж да се врати и да ме носи. Болките ми почнаа кога стигнав во болница. Бидејќи синко беше со газот долу не смееше природно, а јас веќе на преглед на прием отворена околу 7 прсти. Ми удрија брич на суво ама само на стомак зошто депилацина имав закажано за после некој ден (не планирав дека ќе се пораѓам така брзо) ми земаа крв претпоставувам за инфективен и директ во сала. Веќе ги осеќав контракциите убаво, пуштија спинал и ме породија многу брзо. А и лак имав на нокти кој немаше кога да се извади и заглавен прстен кој касно ми текна да го вадам и немаше шанси са го извадам и да сакам. Затоа вадете прстените на време да не одите на пораѓај, а да не можете да ги извадите. Значи порано неколку месеци, јас џабе се трудев последниот месец да го извадам, што се не изгледаб на јитуб, ама џабе беше се.
исто и мене,34 недела сум,над папокот во левата страна ми се прави како топка ептен цврсто како камен,понекогаш не можам да проценам дали е од движењето на бебето,многу се плашам а докторката е на одмор за 5-6 дена се враќа..