Еве ја Јуле на главна каса. Паднав мешиња, ногата лом ми е, глуждот, коленото, дланката. Морав и на ренген. Среќа не е скршена. Бебе е во ред, цел час на цтг, на крај покажа дека е тахикардично, вознемирено. Ехото ок е, бебе одговара за 33 плус 6 мислам, тежи 2400, напреднала. Постелката е ок, ама видоа повеќе изразени вени. Знае некој што е тоа? Во петок сум кај матичен на контрола. Лежам сега со оток на глужд, рани на коленото, дланката... Не знам што да кажам...
Мене ме фати возбуда од вас читајќи ве дека почнавте со цтг Вас мешиња ве читам скоро од почеток и сте некои месец дена пред мене. Не ми се верува дека полека се ближи време. Со лесно на сите периодов
Како да ми проби менструација темна крв немав болки и ме задржаа у болница после 7 часа почнаа слаби менструални болки кои се појачуваа на секој сат до два.
Мене па уште во 30 недела почнаа на цтг да ме ставаат, така им бил редот, во секоја ординација различно. Ме нервира докторката ми нема кажано големина на бебето, ми вика ќе ти кажат пред пораѓај и без тоа вредностите варираат многу. Мери само обем на глава и толку. Среќа го осеќам дека расте, удира на места кај што порано го немаше па не си правам стресови дека заостанува.
Ни второродка веќе не пораѓаат природно со карлично. Другарка царски пред некој ден ја породија со карлично бебе, иако 3 недели пред теминот беше и беше малечко бебчето... Првото и беше природно, ама нормална положба.
Нели се ова лажните контракции? Иста недела сум, де лево де десно над папокот ми се стврднува, опушта за некаде пола минутка. Приметив кога сум поактивна почести се, ама сепак се нерегуларни.
Здраво драга! Да јас се пораѓав во Чаир со закажан царски. Добро сме, се снаоѓаме веќе сме по домче. Првите денови бев повеќе поспана и се ми беше хаотично, но сега полека се стабилизирме. За твоето прашање, си носев лично јас торбица и ранче. Во торбица имав -папучи -спаваќа(џабе ја носев, таму ни даваат) -пешкири -несесер со средства за лична хигиена -вир влошки -влажни марамици -квики, мали водички, мали сокчиња -полнач -памперс и павловичева за бебиња(тоа ќе ти бараат после пораѓај) Ранчето безпотребно го носев.. Дента кога те качуваат на патолошка веднаш ти ја носат торбицата..заедно со тебе во лифт. Ти даваат да ти носат од дома тој ден колку течности сакаш и храна исто..Јас имав вода и сок ама веќе не беа ладни, па мм донесе и за пола саат ми ги донесоа. Исто важи и за жени што се пораѓаат спонтано, таква беше постапката. Втора торбица исто, ни носеа и во шок соба и потоа кога не префрлија на одделение. Апсолутно немаш гајле за тоа. Ќе ти остават на приемно и за саат максимум ти качуваат. Од персоналот во глобала сум презадоволна, од доктори, па се до сестри и педијатри. Барем мене така ми се погодија. Со лесно!
Ако си природно ќе се покакаш секако и покрај клизмата но сестрите се толку испраксирани, вешти и спретни ќе те избришат без коментар.
@КикиМаус Jaс не добив клизма, им кажав дека дома си ставив чепче и се испразнив пред да дојдам Добро утро мешиња. Кај мене ништо ново. Госпоѓицава не ме остава да спијам, мислам секој момент ќе ми излезе од стомак. Само мрда. Од денес 27+5 сме. Мака мачам овие неколку дена со еден хемороид, ама толку многу боли, ко 10 да имам. Нарачав онлајн ректовенал, во мојот град немаше. Се надевам денес ќе стигне и да се спасам веќе.
Ама кај второротка (ако првото е природно) зависи какво карлично е. Ако е со газе може природно, а ако е со ноџиња не. Кај прворотка нема врска дали е со газе или нозе, секако е царски рез.
Ти благодарам на овој исцрпен одговор, ти посакувам пријатна прва година со бебуши и брза адаптација во сите ситуации кои ќе произлегуваат. Се надевам набрзо ќе се дружиме во темите за бебиња
Мешиња тие што имате правено втор скриниг кај Димчев во систина колку време ви траеше прегледот дали се ви објаснуваше и на крај на узвештајот што пишуваше втор скриниг или редовна конторла... Јас вчера правев и некако не сум многу задоволна за 15 мин заврши ништо не ми објасни само повторуваше се си е во ред се си е во ред со бебето и на крај на извештајот пишува редовна контрола дали јас многу очекував или така треба да е стварно нз само знам дека ке правам уште еднаш скриниг
Добро си поминала, на мене само 5мин потроши и ми кажа дека се е во ред. Ми рече и нешто во стилот Ако сакаш дојди и за трети да те видам ( ама јас си сфатив како да нема потреба и не ни отидов си бев само кај матичната).
Само што се вратив од преглед се е во ред со мене и бебето само ме зачуди тоа што ја прашав колку е големо бебето а таа ми вика скоро 2кг не ми кажа точно. Јас сум точно 30 недела па нели е малко големо бебе за 30недела
Devojki sega ko stanav imam rozevo kafeavo pomesano nekoe krvarenje I osekjam kako menstrualni bolki kako menstruacija da dobivam. Dali se raboti za mukozen cep. 40+5 sum utre na kontrola trebase da sum da odam odma ili da pocekam nekoj sat.. Vodenjakot izgleda ne e puknat.
Za tolku kratko objasnuvanje i kaj Lazarevski ke si zavrsela rabota, cinam ti kaj nego bese Izvini vo koja nedela napravi skrining? I mene mi sleduva vtoriov
Zdravo imam edno prasanje dali pri vaginalen pregled so raka ste imale krvarenje I kolku vreme vi traelo 38 nedela sum.izvinite za latinicava
Да кај Лазаревски одам ама кај него не се правел втор скриниг па тој ми ги препорача или Димчев или Корнелија и јас избрав кај Димчев јас го правев во 21недела
Може некоја да ми пише порака или овде, кајшто имаше плод пониско имплантиран? @Lina-Detelina мислам ти имаше и уште некоја друга не ми текнува