Јас имам проблем , таман се решив за фарбање и ајде сепак да го истерам редот и со матичната да се консултирам и ми рече јас не ти препорачувам, и се разочарав планот ми пропадна а што убав план си имав , штета ..
Мојот матичен гинеколог воопшто не е одговорен или па јас паничам Од кај 2ипол денеска имам грчеви најдоле десно во стомак чести. Кај 3 се напив магнезиум и беше океј малку ако се раздвижам повторно ги чуствувам не толку често. Му се јавив вика ајде ќе видиме во вторник на скрининг прв (11+4сум). А знае дека бременоста ја водам во Битола и пак го поцетив. И на крај му викам нормално ли е да дојдам ли на ехо вика нормално е и толку. И сега незнам што да правам да ѕвонам ли Битола да го презакажам скринингот порано
Мислам дека е нормално тој период да имаш такви грчеви, и јас имав .. не се секирај, мислам дека нема потреба да го презакажуваш скринингот.
Женчиња абе можно е од Метилдопа толку да ми се спие? 2-3 дена како ги пијам и само на спиење ме тера
Да, почнав со пола апче сабајле да ми се навикне организам, и после ми качија на цело. Ама од тоа пола леле ама ми се спиеше.
Јас имав многу проблем со киселини. Што и да јадев/пиев постојано ги имав.. Единствено нешто што ми помогна е Пролом вода. Откако почнав да ја пијам ни трага ни глас од киселините. А уште што не пробрав не апчиња, не народни лекови… Сега си јадам и пијам се и немам мака.
Почна да ме гребе грло и ме тера на кашлање, од такт ме вади. Што можам да направам, се прснав со прополис, како ништо да не сум направила. Корона ли фатив пак, од климата ли ми е, којзнае. Ама страшно иритира.
Среќа што не знам да се воздржам, гарант нит ќе ќутам нит ќе трпам. Не сум отидена таму сигурно нивна тортура да трпам, не еднаш сто пати се имам карано по нашиве болници, само тоа им е лекот! Чувајте се, уште некој ден и нема да ги видиш
Баш истоо,кога се движам имам страшно стврдување, не знам дали овие се контракции,многу се плашам,мислам дека стомакот ке ми да ми падне доле кај нозете.. му пишав на докторката дали да ја зголемам дозата на магнезиум,и објаснив како се осеќам ми рече зголеми ја,на 10 се враќа од одмор и ми еќрече да одам да почнеме со цтг тамам ке влезам во 35 недела. Вчерс 3-4 пати имав и некои болки баш како менструални по 1 минута .Се надевам многу да издржам бар уште 2 недели