И јас имав такви болки и некогаш и сега ми се појавуваат толе ниско десно јас бев на оделение на гинекологија докторот само ми се насмеа и рече па што нирмално е тоа не ме ни погледнс на ехо рече земи чај од брусница и толкуу потоа ми поминаа сега кога ми се појават знам чај од брусница и толку е сега да не е некоја болка со грчеви стегање неиздржлива кај мене беше како притисок некој нз како да објаснам
И мене ми е многу долу стомакот. Т.е цела бременост долу го носам ама сега мислам уште повеќе ми е .. Една рака со раширени прсти ставам од под гради па после стомак имам
Ако не полудеме ние овде еве на! Се изместивме со секоја промена што ни се случува. И јас како вас секој ден се пораѓам, маж ми го мрднав сирот. После ќе си помислам па трудна сум 10кг лубеница уклучена у струја носам во мене, после тоа се молам да изджи барем уште 2 недели да стигнам до 37 колку толку подруго вајда ќе е...и така чекам да се стемни, да се наклукам со витамини и да легнам да спијам
Многу, секој ден одев на контроли, не се спиеше навечер. Три дена сум без болки, појачав магнезиум само 2-3 кесички на ден и се смирија да поживеам до пораѓај
Што поточно те болеше, какви болки? Во страв сум да не почнам да се отварам, да препознаам кога да одам. Исто сум 35, да издржам треба до 38. Мешиња во 9ти месец, ви потекува ли сама урина? Денед два пати ми се случи. Станувам и тече. Мислев плодова е.
Во кој дел од половината почнуваат болките? Некако чувствувам болка на средина од време на време, таква некоја тапа болка како да ме притиска, не е јака, али и онака си имам одпретходно ( пред бременост) болки во половина кои знаат да ми се јават и ме збунува.
Ели имаш индикации некои за страв пд отварање?Јас сум 34 недела и не помислувам на тоа. Дури планирам на море да идам некој ден следна недела
Матичната рече ниско ми е спуштено бебето во канал, притиска на бешика, а според плодова вода и зрелост на постелка, ќе терам до 38. Ама еве денес 3 пати станувам и ми истекува урина и се преплашувам дека е водењакот. А со првото не се отворав и не ми пукна водењакот, така да, незнам како е ни тоа ни тоа. А цервикс имам 4 см.
Не, исцедок само имам. И при кивање не ми истекува, ама има некои периоди што нема ни 5мин пак ми се оди во вц.
Мене ми се случува со урината ова и нормално ако притиска. Немој да ловиш симптоми, нема да се породиш и отвориш пред 38, ќе видиш Не го повикувај тоа, јади си свежо овошје, пушти си музиче, ќе биде се супер
И јас ко тебе се мислам дека порано ќе се породам некои болки ми се јавуваат странично лево и десно баш кај што се спојуваат нозете со стомакот. Не се менструални повеќе ко притисок, ама филмови колку сакаш И мене сега некако гледам ко да ми се враќа секретот и сум нон стоп ко подмочана мислам А ако пукне водењак...верувај ќе осетиш од спиење ќе те разбуди, не боли воопшто ама се осеќа бајаги
Нешто тече, оти сум мокра, дали е урина или се потам, врска немам. Ама еве денес и панталоните ми без мокри. Вчера ми рекоа ако протече вода одма да одам. Мајка ми вели како кофа вода е ко пука. Што знам. Утре ќе знам дали и колку сум пред пораѓај.
Не паничи за урината мене од 33 та ми се правеа утоп гаќите, ми препорачаа Кегел. За болките, имав десната страна интензивни и према двата јајника и не прекинуваа, јас ги трпев доста долго пред да отидам, првиот пат од 16ч попладне до 2 вечерта и дури тогаш отидов дека долго време помина. Цервиксот ти е супер, мене ми беше 33цм кога се отворив, а после кога отидов ми рече скоро и да го нема, па еве ме терам 37ма 3цм отворена, со ниско бебе, скратен цервикс, омекнато грло и без мукозен чеп кој се чистеше една недела. Мој совет да не инсистираш на вагинален преглед, матичниот ми рече да не ти пикале прсти на дежурство можеби и немало да се отвориш, он се сомнева дека сум се отворила при контролата со прсти. Следните прегледи неколку избегаваше докторот вагинален преглед да не ме доотвори.
Devojki dali ima Steta od procistena soda bikarbona? Umiram od kiselini, Ne pomaga nisto oven soda ,pa si pijam po tri lazicki u den
Како влегов 34та така све ме боли, о боже нека си поседи уште малку ама ја се осеќам како слон беспомошен што прега завртен на грб