Е како може да не знае Супер си Јас земав цуцли и шишенца стаклени на Bibs. Плус за молзење на Медела и пумпа Медела
Кај мене почнаа околу 30 та како убод со нож и затегнување на стомакот кратко, сега во последните недели се подолготрајни и некако поублажено, а подолго болат
Девојки ми треба еден совет. Денес направив тест и имам 2 цртки. Заради мојата историја со неуспешни бремености треба да примам терапија за задршка на плод но гинекологот ми е на одмор следните 2 недели и не можам да го контактирам. Дајте ми совет, кај да отидам за терапија?
Утврдено е зошто биле неуспешни претходните бремености? Дали ти треба антикоагулантна терапија ако се мутации во прашање или едноставно ти треба само прогестеронска поддршка? Јави се кај замената на матичната, веројатно ќе ти даде Утрогестан и ќе ти каже како да го примаш и дозираш.
Имам мутации и овој пат покриена сум со терапија. Ми треба прогестеронска поддршка, претходно примав и инекција депо. Реално во многу рана бремност сум, но сакам да бидам покриена со се, да не дојде до крварење како претходно, после џабе веќе се..
Јас имам од Лала и дали е до мене цела ноќ ја вртам и превртувам и сабајле или е на земја или под нозе.
Морнинг. Ај совет за вашата испаничена другачка. Да напоменам, ич нејќам да одам на Гак додека не ми е тука докторката. Синоќа во неколку наврати ми истече водичка кога станував. Откако ќе истече малце, преполнетото, потоа можам да ја контролирам. Стаив влошка за секој случај, се средив и истуширав, ама седам дома. Кога лежам и одмарам, не тече. Не тече многу ни како приближно чаша, туку мало кругче. И кога протекува, чувствувам голем напон за мокрење. А имам проблем со инконтенција. Дури и коа седам нормално, осеќам притисок. Течноста е бела, нема капки крв ниту влакненца, како штом прочитав за плодовата, не е ниту заматена. Пробувам во последно време да контролирам и можам да ја сопрам сабајлево. Немам никакво болки ниту нелагодност. Бебе си клоца само го осеќам поспуштено долу. Што мислите, пукнат водењак ли е? Ноќва немав ништо посебно освен 2 3 капки.
Мислам дека не е водењак бидејќи и јас имам исцедоци и такви водени моменти и исто испаничив, прочитав дека ако лежиш и ставиш памучна крпа и после некое време крпата е сува не е водењак јас така правам. Не се грижи, само диши се ќе биде во ред. ❤️
Проѕирен исцедок и јас имам. Во текот на денот знај да протечи опис: ( само топло ќе почувстувам ) и во моментот кога ќе се проверам има проѕирна течност како водичка да речам. А не е урина, не е водењак. Следи како ќе ти биди па ако има пак често така тркни нека те видат
Не е водењакот да е ќе тече без престан што имам читано така пишува. А за прозирен исцедок цело време имам, посебно наутро кога ќе станам од спиење цела локва имам на гакичките и тоа колку се осеќа мокро чиниш целите гаќи се утоп.
Jas si zedov od Bebehome i mnogu sum zadovolna od koga pocnav da spijam so nea sum se naspala prethodno samo se prevrtuvav