Па не мириса на ништо, ама јас пијам по 4 литри течност на ден, па секогаш кај мене е разредена ептен.
Јас ја имам од Сомниа и сум презадоволна. Ја нема изгубено формата, навлаката се вади за перење и не е тешка за местење како што читав за некои други перници. https://somniashop.mk/product/pernica-za-trudnici/
Јас ги имам бендисано од фабрика 13 ги има на фб многу убави дезени имаат и многу ми се слатки од таму планирам да си купам можеш да си ги разгледаш е сеа дали се практични тоа не знам.
Вака звучи како да ти има попуштено бешиката и си пушташ урина.. не верувам дека е исцедок затоа што имаш нагон за мокрење ем пиеш многу течности... пробај потруди се скроз да опуштиш бешика и убаво да измокриш седната на шоља со исправена кичма, и следи после што ќе се случува. Во првата бременост се имам измокрено во 8ми месец некотролирано затоа што ме шутна во бешика-воопшто не ни помислив дека е тоа, трчав на гинеколог мислев водењакот ми е...
Потоа воопшто не тече. 2 3 саати сум раат, додека не испијам чаша вода. За пукнат ко кофа вода со велат согурна сум дека не е. Едино ми мати памет тоа со високо пукнат водењак како што читав во темата дека повремено тече вирче. А друго шо сум 35 недела. Филмови на претек.
Пишав и во друга тема, ама тука сте ми најактивни Вие што сте на клексани во 35+ гн колку ви се ддмерите?
Едно глупо прашење. 15 бодиња за почеток доста ли се? Од 50-62 се. И имам ли потреба од јорганче или доволно е подебело кебе? Дома сме на централно парно.
Мислам дека се филмовите.. ако ептен ти е страв отиди на преглед негде,па макар и приватно... Инаку јас кога имав сомнеж, гинекологот со спекулум брцна внатре и со камерата гледаше дали нешто тече при што истовремено со рака притискаше на стомакот..
И јас сакам да прашам за бодиња, колку треба да се има за почеток. Што се однесува до покровка јас планирам да го ставам во вреќа за спиење, како најбезбедно нели да не му отиде прекривката преку глава (и ние сме на централно). А за преку ден некое ќебенце ќе купам,не верувам дека ќе треба јорганче. На зима ти е терминот?
Еве ќе одговорам за бодињата. Нема точна бројка колку се доволни. Ако купиш многу бодина (15 се многу, да) ќе имаш за менување, а ако имаш малку ќе треба често да переш. Е сега или ќе дадеш пари во продавницата или ќе дадеш пари на ЕВН, потполно на истото ќе си.
Не ти треба јорган за стан со парно, ниту кебе.. може оние тенки кебенца од полар и/или памучно. За бодиња - земете во старт и поголеми бројчиња, па ако нема во моментот исперени/исушени од овие што му се таман, ќе завршат работа и поголеми... Исто така, за 0-3 месеци попрактични за облекување се оние напред со копчиња. за @perlaa1 наменето беше
Мојата е исто од лала ама некако се сплеска целата, ја користам максимално многу ми е удобна ама како сплесната е веќе и почнува да ме нервираа на почеток беше баш понадуена и поудобна. Со какво полнење е твојата, мојата не е со топчиња а читав декои некои имаат такви полнења.